плато – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Jun 2021 13:02:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плато – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ПАНФИЗ од 30 јуни на отворено пред платото на МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/panfiz-od-30-juni-na-otvoreno-pred-platoto-na-mnt/ Tue, 29 Jun 2021 13:02:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208899

Од 30 јуни до 2 јули е најавено 14-тото издание на Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар, ПАНФИЗ. Поради здравствените препораки и оваа година Фестивалот ќе се одржи на отворено, пред платото на МНТ на северозападната тераса, а местата ќе бидат ограничени.
„Оваа година имаме ексклузивна македонска фестивалска премиера и тоа во режија и кореографија на Ирена Лозинска – претставата се вика „Четири“ и е сублимат на физички театар, буто, танц и пантомима. „Алис ин Вондербанд“ од Србија и оваа година е на ПАНФИЗ, но овојпат со целодневна работилница наречена „Телото како инструмент“, која ќе биде вистинско освежување за млади таленти, но и постари актери заинтересирани за перкусионистички елементи, пеење, ритмика и актерска игра. Од Бугарија ни доаѓа Александар Илиев, со претставата „Комедија дел’ арте“, а ќе видиме и два буто перформанси, во продукција и изведба на Нектан Арт Центар, Марко Стојановиќ од Србија, а тоа се претставите „Светиот Маченик“ и „Спајдердаст“. Идејата е да не застанеме и да не ја прекинеме традицијата. Продолжуваме да чекориме и да ја промовираме пантомимата и физичкиот театар колку и тоа да изгледа тешко во овие времиња. А тешко е“ - соопштија организаторите.
]]>

Концерт на платото пред „Универзална сала“: „50 години Скопски“ на претстојната „Бела ноќ“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-paltoto-pred-univerzalna-sala-50-godini-skopski-na-pretstojnata-bela-nokj-vo-skopje/ Wed, 02 Oct 2019 09:56:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109914

На 15-тата јубилејна „Бела ноќ“ во Скопје, на 5-ти октомври како дел од годинешната програма, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“. Почетокот е закажан за 20 часот. Овој настан ќе ја одбележи важноста на еден грандиозен фестивал на кој се родиле голем број музички имиња што оставиле огромни хитови, кои се уште се актуелни. Во придружба на Биг бендот, скопјани ќе се потсетат на најголемите хитови од Скопскиот фестивал со настапите на Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристовска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и “Ај Кју“. На 15 локации, истовремено, уметници, музичари и сите кои се дел од „Бела ноќ“ на присутните ќе им понудат најразлична културно-уметничка содржина. Веќе 15 години, фестивалот ја доближува уметноста до граѓаните, со концептот кој одговара на урбаната заедница која се поистоветува со својот град.  ]]>