планета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 May 2021 07:58:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png планета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската естрада се обединува за часот на планетата Земја https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-obedinuva-za-chasot-na-planetata-zemja/ Sat, 28 Mar 2020 11:51:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141985

По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20.30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ светот, ќе ги исклучи светилките со цел испраќање силна порака за спас на нашата планета. Од Часот на планетата Земја повикуваат годинава, наместо од улиците, да се обединиме во своите домови и заеднички да покажеме дека сега не е време да се откажеме, туку можност да реагираме уште покреативно. – Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додека паралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталма основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени, информираат организаторите. Во својата мисија, како што се наведува во соопштението, Часот на планетата Земја секогаш ја потенцира моќта на луѓето и затоа здравјето и благосостојбата на нивните поддржувачи секогаш биле на првото место. По тој повод, вечерва и македонските пејачи и инфлуенсери во 20:00 часот преку инстаграм-сесија ќе остварат заедничка онлајн дружба дома, а потоа во 20:30 часот заеднички ќе ги исклучат светилките со цел испраќање силна порака за спас на планетата. – Ги повикуваме граѓаните и сите наши поддржувачи да ни се приклучат на едно и полчасовниот спектакл на нашиот инстаграм-профил @earthhourmk, каде што ќе имаме можност заеднички да уживаме во настапите во мрак на нашите „Некст тајм“, ДНК, Антонија Гиговска, Иван Јованов, Огнен Здравковски, Теа Трајковска, а исто така ќе можеме да поразговараме и за климатските промени со Ване Марковски, Ирена Спировска, Татјана Алексиќ и многу други, соопштија од иницијативата Часот на планетата Земја и испратија апел до другите естрадни личности да го прифатат овој еколошки предизвик. Оттаму посочуваат дека сега е време за почитување на правилата и на солидарност. Мора, порачуваат, да си се чуваме едни со други, мора да направиме нашиот глас да биде слушнат за посигурна, почиста и поздрава иднина за нас и идните генерации. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.
]]>

Бугарските пејачки со нови секси фотосесии: Распеаните убавици, разголени за насловните страници (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bugarskite-pejachki-so-novi-seksi-fotosesii-raspeanite-ubavici-razgoleni-za-naslovnite-stranici-foto/ Wed, 04 Mar 2020 12:10:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137459

Дел од изведувачките на телевизија „Планета“ и музичката продуцентска компанија „Пајнер“ ги израдуваа своите обожаватели со нови фотосесии.

Имено, Галена, Џулија, Емануела, Емилија, Марија, Малката, Јаница и Цветелина Јанева и покрај  неможноста за настапи заради коронапандемијата во овој период на годината и подготовките на новите проекти, деновиве одвоија време за да снимат нови фотосесии.

Кога е пеењето во прашање и нивниот глас, Бугарките можеби не се Марија Калас, ама затоа кога се работи за телесните атрибути, разголувањето на сексапилните певици им е како добро утро. Бугарската продукција оддамна сфатила дека музиката денес се повеќе се гледа отколку што се слуша, па покрај новите песни, разголените фотосесии и секси видеоспотовите се како „музичка лектира“ - без нив нема кариера и не се просперира! Во нив расните бугарските пејачки не само што го откриваат сиот свој телесен раскош, предизвикувајќи моментална возбуда, бура на страсти, покачен притисок и висока доза на адреналин... туку го освојуваат и пазарот кој е доволно голем, па откако нивниот труд ќе вроди со плод, добро да го уновчат својот производ... А, неретско и себе си!  Што со песна, што со „богата мажачка“ или „дебело спонзорство“! Ним оддамна им е јасно дека во нивниот занает „љубовта не е религија“, а естрадната професија уште помалку, па затоа наместо „забулени“ бугарските пејачки кариера прават максимално „разголени“! Затоа имаат и естрада, шоу-бизнис, музичка сцена... на која дефилира „илјада и една“ убава жена. Згодни, провокативни, сексапилни, привлечни, порочни, пожелни и слободни... Доволно добри и за шоу и за бизнис и за забава за милиони!    ]]>

Само една земја во светот не ја загадува планетата, а садат 50 илјади дрва за еден час! https://arhiva.vistina.com.mk/samo-edna-zemja-vo-svetot-ne-ja-zagaduva-planetata-a-sadat-50-iljadi-drva-za-eden-chas/ Thu, 03 May 2018 11:21:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24808

Речиси сите држави во светот емитуваат повеќе јаглен диоксид отколку што шумите може тоа да го апсорбираат. Меѓутоа една држава е поинаква. Бутан е единствената земја која најмалку го загадува воздухот и влијае на климатските промени.Оваа независна држава има околу 800.000 жители, a нејзината посветеност во одржувањето на здравата животна средина стана дел од националниот идентитет. За „National Geographic“, премиерот на Бутан пред две години изјави дека владата и нејзините монаси успешно работат на балансирање на економскиот раст и зачувување на животната средина. ]]>