планета земја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Mar 2021 13:20:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png планета земја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со дигитална конференција за климатските промени, ќе се одбележи часот на планетата Земја https://arhiva.vistina.com.mk/so-digitalna-konferencija-za-klimatskite-promeni-kje-se-odbelezi-chasot-na-planetata-zemja/ Tue, 23 Mar 2021 13:20:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195646

Експерти од различни области ќе дискутираат под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“ на првата дигитална климатска конференција која ќе се одржи оваа сабота (27 март), со почеток во 19:30 часот, а со која виртуелно ќе се одбележи годинашната акција Часот на планетата Земја. На конференцијата премиерно ќе бидат претставени климатските акции на македонците преку презентацијата „Кон зелена иднина со амбициозни климатски акции“ на Павлина Здравева, координатор за климатски промени во канцеларијата на УНДП во Северна Македонија. Дополнително, преку три дебати во кои ќе учествуваат претставници од локалната власт од град Скопје и општина Охрид, претставници од Собранието на РСМ, бизнис секторот и невладините организации, ќе бидат дискутирани теми поврзани со забрзаното уништување на природата и начините како да го промениме нашето живеење за да ја осигураме иднината на планетата Земја. Освен официјалниот дел, во текот на конференцијата ќе биде презентирано и моќно вирално видео преку кое Часот на планетата Земја и Светскиот фонд за природа (WWF) ќе се обидат да испратат порака на надеж, како што успеавме да се прилагодиме да живееме и дејствуваме против пандемијата, на сличен начин да се обидеме да дејствуваме против уништувањето на природата. Со докази кои упатуваат на тесна поврзаност помеѓу уништувањето на природата и светските пандемии како таа со КОВИД-19, оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе алармираме дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета. Конференцијата ќе биде бесплатна за сите заинтересирани граѓани и ќе се емитува во живо на сите социјални канали на Часот на планетата Земја - @EarthHourMK  или на веб страницата https://virtual.earthhour.mk/ - во период од 19:30 до 21:30 часот. Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 27 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија. Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. Часот на планетата Земја Часот на планетата Земја е предводник на глобалното движење за животна средина на WWF. Започната во Сиднеј во 2007 година, Часот на планетата Земја стана еден од најголемите движења во светот за животната средина, инспирирајќи ги поединците, заедниците, бизнисите и владите во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат активности за спас на  животната средина. Историски гледано, Часот на планетата Земјата во минатото се фокусираше на климатската криза, но од неодамна, се обидува да го донесе и нагласи прашањето за загубата на природата. Целта е да се создаде незапирливо движење за природата, препознавајќи ја улогата на поединците во креирањето решенија за најгорливите предизвици на планетата.   WWF WWF е една од најголемите и најпочитуваните независни организации во светот за зачувување на природата, со над 5 милиони поддржувачи и глобална мрежа активна во над 100 земји. Мисијата на WWF е да се запре деградацијата на природната животна средина на земјата и да се изгради иднина во која луѓето живеат во склад со природата, со зачувување на биолошката разновидност во светот, осигурувајќи дека употребата на обновливи природни ресурси е одржлива. Посетете ја panda.org/news за најновите извори на вести за медиуми.            ]]>