пламенка трајковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Feb 2023 11:49:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пламенка трајковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Воздишка за тебе“: Пламенка Трајковска со музички подарок за Денот на љубовта и виното (аудио) https://arhiva.vistina.com.mk/vozdishka-za-tebe-plamenka-trajkovska-so-muzichki-podarok-za-denot-na-lubovta-i-vinoto-audio/ Mon, 13 Feb 2023 11:49:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288604

Нашата виолинистка Пламенка Трајковска го промовира синглот „Воздишка за тебе“. Премиерата на синглот ќе биде на 13 февруари во 20:00 часот на Јутуб каналот на Пламенка Трајковска како музички подарок по повод Денот на љубовта и виното. Композицијата „Воздишка за тебе“ е во поп романтичен стил за соло виолина и Пламенка Трајковска е комплетен автор и изведувач. „Воздишка за тебе“ го носи слушателот на возбудливо музичко патување со прекрасна музичка линија и романтичен звук на виолината на Пламенка Трајковска. Синглот ве носи во отворени неоткриени имагинативни светови и романтика која создава пријатни чувства и спокој.
Пламенка Трајковска досега има реализирано повеќе композиции во поп романтичен стил како композициите „Сон“, „Феникс“, „Твојот допир“, „Розите од истокот“ и други синглови, автор е на албумот „Апасионато“ и на албумот за виолина и пијано од Камиј Сен Санс -„Карневал на животните“. Виолинистката Пламенка Трајковска во македонската јавност е позната по својата работа со малите камерни состави со кои настапува како гудачки квартет и трио, гудачки секстет и мал камерен оркестар, танго трио и соло виолина. Малите камерни состави настапуваат на концерти и на настани од отворен и затворен карактер со единствена цел да ја донесат класичната музика пред широката публика. Досега Пламенка Трајковска има реализирано голем број на концерти во Македонија и концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција Франција,Танзанија и Турција. Видеото можете да го погледнете вечерва на линкот во продолжение: фото:Инстаграм]]>

Теми од „Пиратите од Карибите“, „Бонд“ и „Мирисот на жената“ на „Музика и филм“ во Гостивар https://arhiva.vistina.com.mk/temi-od-piratite-od-karibite-bond-i-mirisot-na-zenata-na-muzika-i-film-vo-gostivar/ Wed, 31 Jul 2019 11:14:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100046

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска ќе реализира концерт со наслов „Музика и филм“ на 1 август во 20 часот во НУЦК АСНОМ Гостивар. На програмата се музички теми од познатите филмови Пиратите од карибите, Џемс Бонд, Мирисот на жената, Шиндлерова листа и други филмови. Ќе бидат изведени композиции од култните композитори на филмската музика Џон Вилијамс, Енио Мориконе, Ханс Цимер но и сосема класични автори чија што музика е застапена во филмовите. Музичките теми ќе бидат изведени од гудачки квартет во аранжман на Пламенка Трајковска. Сите композиции ќе бидат илустрирани со музички клипови од филмовите кои дополнително визуелно ќе ја поткрепуваат музичката креација. Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Маја Михајловска на виолончело. Пламенка Трајковска - гудачки квартет досега има реализирано бројни концерти со единствена цел доближување на класичната музика до најшироката публика. Ваков сличен концерт со музика од цртаните филмови наменет на детската публика тие успешно реализираа во април во Кичево а сега возрасните гостиварчани ќе имаат можност да уживаат во нивното музицирање со филмски теми. Концертот се реализира по повод одбележувањето на Илинден и е поддржан од Министерството за култура.]]>