плакати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 18 Feb 2022 13:11:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плакати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скопски џез фестивал: Изложба на плакати и премиера на документарецот „Aretha Franklin – Amazing Grace“ https://arhiva.vistina.com.mk/skopski-dzez-festival-izlozba-na-plakati-i-premiera-na-dokumentarecot-aretha-franklin-amazing-grace/ Mon, 18 Oct 2021 12:25:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223437

Пред почетокот на овогодишниот 40. Скопски џез фестивал, што ќе се одржи од 20 до 24 октомври, вечерва како програма плус во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал насловена „Complicate Simply“. По отворањето на изложбата во Киното Фросина во МКЦ ќе се одржи и премиера на документарниот филм „Aretha Franklin: Amazing Grace“. Овогодишниот Скопски џез фестивал ќе почне в среда со специјален соло рецитал на саксофони на Матс Густафсон, кој важи за „супер-херојот на скандинавската џез сцена“, а по него ќе настапи квартетот на басистката Линда Меј Хан О. Како што најавија организаторите на Скопскиот џез фестивал, и покрај евидентните предизвици, поради бројните ограничувања што ги донесе кризата со корона-вирусот, го имале императивот за зачувување на високиот интернационален карактер на манифестацијата и традицијата таа да го нуди најдоброто од џезот и импровизираната музика.]]>

Милица Павловиќ само по долна облека на новите плакати: Пејачката откри, дали носи или не, гаќички на своите настапи? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/milica-pavlovikj-samo-po-dolna-obleka-na-novite-plakati-pejachkata-otkri-dali-nosi-ili-negakjichki-na-svoite-nastapi-video/ Fri, 02 Oct 2020 09:48:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169650

Пејачката Милица Павловиќ објави серија „разголени фотографии“ на кои позира во долна облека и успеа да заработи над 30.000 лајкови. Илјада „паднаа“ само во првите две минути... Особено што на нив ионака атрактивната пејачка изгледа ултрасекси. Особено во црните минибикини со шлиц за „луфтирање“ однапред, во кои Милица делува повеќе од провокативно и предизвикувачки. Кога сме веќе кај предизвикот,  уште поголема љубопитност предизвикаа новите плакати за настап на пејачката. На нив Милица е фотографирана во необична варијанта - легната и разголена. Само по долна облека, по гаќички и градник со леопардов принт и црна тантела, во лежечка поза и поглед кој повикува на... знаете веќе што, а во случајов на нејзиниот настап! Ќе ја носи ли истата долна облека и дали воопшто носи гаќички на своите настапи, убавата пејачка која сака да се појавува во предизвикувачки комбинации на облека, под кои е тешко да се погоди дали може да се носи нешто, откри во мини интервјуто дадено за Мондо ТВ, направено при едно нејзино снимање: https://www.youtube.com/watch?v=TL0jpzv5AkI&feature=emb_logo  ]]>

Изложба на концертните плакати од личната колекција на Влатко Стефановски https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-koncertnite-plakati-od-lichnata-kolekcija-na-vlatko-stefanovski/ Mon, 02 Sep 2019 12:36:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104730

Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена  изложба „Патешествие“ на промотивни постери и плакати од концерти и изданија на Влатко Стефановски, која е вовед во петтиот фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој ќе се  одржува во Кинотеката од 2 до 7 септември.
Материјалот што ќе биде претставен на изложбата е од личната колекција и архива на нашиот познат гитарист и го прикажува неговото патешествие преку бројните солистички концерти и проекти – од почетоците со „Леб и сол” до денес. Организаторот наведува дека со оваа изложба се прикажува друг аспект од кариерата на Влатко, односно неговиот богат концертен опус низ годините. Стефановски изјави дека Фестивалот на документарен музички филм му изгледал како интересна можност да сподели со јавноста дел од неговата стрпливо собирана и чувана архива на плакати, од негови концерти и изданија.
– Се разбира, колекцијата е далеку поголема од она што ќе биде изложено и покажано, ама верувам дека и ова ќе предизвика интерес кај оние кои се подобро запознати со мојата работа. Вистинско шаренило од неколку децении музичка историја, фотографии, различни стилови и правци во графичкиот дизајн, големина, квалитет на хартија и сведоштво за некои други времиња,  изјави Стефановски.
Од 2-ри до 7-ми септември ќе се одржува 5. Скопје синема сити на кој во Кинотеката ќе бидат прикажани десет музички документарци. Фестивалот го организира здружението Номад-арт од Скопје, а во фокусот се филмови во кои  „главна улога“ има гитарата и луѓето кои ги посветиле своите животи на овој инструмент. Фестивалот ќе биде отворен со „Кит Ричардс: Под влијание“, кој е филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат срцето и душата на  „Ролинг стоунси“. Ведаш по проекцијата, соло-настап ќе има Влатко Стефановски.
]]>