плач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Jul 2018 13:02:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png плач – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Плачот на бебето открива каков глас ќе има подоцна https://arhiva.vistina.com.mk/plachot-na-bebeto-otkriva-kakov-glas-kje-ima-podocna/ Wed, 25 Jul 2018 13:50:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39818

Тоа дека плачењето на бебето не ни открива само дека е гладно, го потврдуваат и научните истражувања објавени во списанието „Biology Letters“. Имено, научниците тврдат дека врз основа на плачот на бебето, можно е да се открие каков глас детето ќе има подоцна, дури и кога ќе биде возрасен човек. Резултатите од истражувањата покажуваат дека висината на тонот на плачот на четиримесечно бебе ја предвидува висината на тонот на петгодишното и полнолетното дете.
За време на истражувањето, снимени се бебиња од два до пет месеци како плачат. Пет години подоцна експертите ги слушаа снимките и разговараа со децата. Тие откриле дека е можно да се знае како бебето ќе звучи подоцна во животот, дека дури и висината на тонот на возрасниот човек може да се следи ретроспективно до времето поминато во матката. Тоа, според научниците, би објаснило зошто бебињата по раѓањето имаат поинаков крик, т.е. зошто првиот плач на секое бебе звучи поинаку. „Дури и за време на развојот во матката, постојат многу нешта што можат подоцна да влијаат во животот. Не само за детето, туку и за возрасните", рече Николас Метевон, еден од авторите на студијата.]]>