пиволенд 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 11:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пиволенд 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започнува Пиволенд 2023: Добра забава со ладно пиво https://arhiva.vistina.com.mk/zapochnuva-pivolend-2023-dobra-zabava-so-ladno-pivo/ Thu, 21 Sep 2023 11:17:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319082

Денес со почеток во 18:00 часот официјално започнува најурбаниот градски фестивал - Пиволенд. На два стејџа со повеќе од 50 изведувачи овие 3 дена пред Спортскиот центар Борис Трајковски Скопје ќе пулсира со добра музика ладно пиво и одлична храна. На главната сцена ќе ги слушаме: - Инфузиона2 (бендот од Шпанија), Дани Димитровска со својот бенд, Ареа и Куку Леле, додека на помалата 2BEER OR NOT 2BEER сцена млади бендови и диџеи но и легендите на македонскиот рокенрол Културно Уметнички Работници со полн концертен репертоар. Повеќе од 30 различни пива ја сочинуваат пивската листа, но и убава храна и деликатеси.   Важно е да се напомене за начинот на плаќање, ви го претставуваме xPressPay: бесконтактен платежен систем кој го олеснува и забрзува процесот на плаќање, добивате картичка која ја надополнувате со пари, истата важи и се користи сите 3 дена. Новина е што оваа година, по неколку годишна пауза се враќа игротеката за возрасни, бир понг, пикадо фудбалче и многу други игри ве очекуваат. Ќе има и студио за тетоважи како и демонстрација на кунфу вештина, но и стрелачка арена со лак и стрели. Многу забава го очекува Скопје овие три дена па затоа повелете на урбано дружење и ладно пиво. Од организаторите Крафт Продукција пристигнува и апелот да се комзумира одговорно и да се избегнува возење на автомобили. Дојди- Види- Испиј на Пиволед 2023!]]>

12-то издание на неофицијалниот празник на пивото – „Пиволенд 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/12-to-izdanie-na-neofitsijalniot-praznik-na-pivoto-pivolend-2023/ Tue, 12 Sep 2023 08:49:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317680

Најурбаниот скопски пивски фестивал - Пиволенд кој ќе се оддржи по дванаесети пат, започнува на 21-ви септември (четврток) и ќе трае до 23-ти септември (сабота). Оваа година локацијата на Пиволенд ќе биде на паркингот пред спортскиот центар Борис Трајковски. Како и во минатото на Пиволенд ќе има разновидна палета на пива како од Македонија, така и од странство, исто така пријавени се голем број на учесници кои произведуваат занаетчиско или крафт пиво. Музичката програма оваа година како по традиција е исполнета со различни стилови и жанрови за сите вкусови, а најголем простор и поддршка секако отстапен на македонски бендови и артисти. Денес ќе се објави само дел од музичката програма на главната бина на фестивалот, а комплетната програма ќе биде објавена во следните денови. Така на сцената додека уживаме со ладно пиво ќе ги слушаме и гледаме легендите на македонскиот поп-рок Ареа, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд кои слават заедно со нас за првите 30, Дани Димитровска со својот бенд, ултра популарното рап дуо од Црна Гора ХУ СИ (WHO SEE) познати како учесници на евровизија пред неколку години и автори на големиот хит "Џе се купаш", потоа македонските диџеи со светско реноме СИРИЛИК (Cyrillic), најдобриот македонски реге бенд Конкверинг Лајон и ултра позитивните мајстори за добра забава Брас Брадрс. Секако и оваа година како и во минатото ќе постои и втора сцена која годинава ќе го носи името 🍺🍺"2BEER OR NOT 2BEER STAGE"каде простор и поддршка ќе се даде на млади бендови и артисти, но поткрепени со веќе еминентни имиња од алтернативната македонска музичка сцена. Во петок на оваа сцена ќе има и голема прослава на МАКЕДОНСКИОТ ХИП ХОП во склоп на светската прослава на 50 години ХИП ХОП со настапи во живо на дел од најеминентните македонски рап имиња. Добра најава за подгревање на атмосферата пред неофицијалниот празник на Пивото во Скопје - Пиволенд со слоганот кој повеќе од деценија ги радува скопјани и посетителите надвор од градот: ДОЈДИ - ВИДИ - ИСПИЈ!]]>

На 21 септември започнува „Пиволенд 2023“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/na-21-septemvri-zapochnuva-pivolend-2023-vo-skopje/ Mon, 04 Sep 2023 12:49:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316627

Најголемиот гурмански викенд со пиво во Скопје како и предходните изданија ќе понуди широка лепеза на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни крафт (занаетчиски) пивски брендови кои посетителите ќе можат да ги дегустираат заедно со вкусна храна и богата музичка програма. На трите фестивалски дена музичката програма ќе започнува во 18 часот и ќе трае до раните утрински часови. Наскоро ќе бидат објавени учесниците и музичарите кои оваа година ќе го обезбедат уживањето на скопјани и сите посетители. Музичкиот портал Музика24 исто како и минатата година, и оваа, е еден од медиумските покровители на Пиволенд. Од организаторите на фестивалот доаѓа и апел до посетителите да конзумираат одговорно, да избегнуваат користење на моторни возила како и да го почитуваат долгогодишното мото: ДОЈДИ-ВИДИ-ИСПИЈ – ПИВОЛЕНД 2023
]]>