пиво фест 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Jun 2019 10:36:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пиво фест 2019 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Влатко Стефановски, Миле Кузмановски, Тамара, „Сирилик“… на „Пивофест 2019“ https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-mile-kuzmanovski-tamara-sirilik-na-pivofest-2019/ Fri, 28 Jun 2019 10:36:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95146

Прилеп се подготвува за 17. издание на популарниот фестивал на пивото – „Пивофест 2019“, кој годинава ќе се одржи од 18 до 21 јули. Како и секогаш, посетителите ќе имаат можност да дегустираат бројни видови на пива и скара, притоа да уживаат со музиката на едни од најпопуларните македонски и регионални музички имиња. Имено, честа да настапат на првиот фестивалски ден ја добија „Прилепски еснаф“, легендите на македонската традиционална музика Селимова – Желчевски, гостите Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, а вечерта ќе ја затвори еден од најактивните рок-бендови „Галија“. Следната вечер публиката ќе се забавува со нашите Миле Кузмановски, Ален Хасановиќ и бендот „Кантурови“, а последна ќе настапи балканската ѕвезда Цеца. Во сабота, на 20 јули, вечерта ќе ја отворат прилепчаните „Д хаундс“, а по нив ќе настапуваат легендарниот Влатко Стефановски, популарната српска четворка „Фрајле“ и нашата најуспешна евровизиска претставничка Тамара Тодевска. На последниот ден од фестивалот ќе свират „Бен Ху“, „Кал бед“, гостите од Загреб – Сања, Маринко и Зец од „Нови фосили“, а вечерта ќе ја затворат едни од најпопуларните музички имиња од Прилеп – братското дуо „Сирилик“.
Локацијата и понатаму останува иста, а за посетителите од другите градови  ќе биде организирано кампување на паркот на револуцијата. Новините кои  ќе ја збогатат програмата се наменети за најмладите и за оние кои сакаат подобро да го запознаат Прилеп.]]>