писмо на благодарност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Apr 2018 09:01:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png писмо на благодарност – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По велигденското гостувањето на Наум и Зуица во „Улица Македонија“, босанскиот професор Сулејман Мулиќ упати писмо на благадорност до екипата на ТВ шоуто и продукцијата! https://arhiva.vistina.com.mk/po-veligdensskoto-gostuvanjeto-na-naum-i-zuica-vo-ulica-makedonija-bosanskiot-profesor-sulejman-mulikj-upati-pismo-na-blagadornost-do-ekipata-na-tv-shouto-i-produkcijata/ Wed, 11 Apr 2018 07:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20043

Неодамна во македонските медиуми одекна веста дека босанскиот академски професор  од Тузла, магистер Сулејман Мулиќ - Шулц, воодушевен од песната и и нтерпретацијата на нашата фолк легенда Наум Петрески, јавно се обрати и му предложи на Министерството за култура на република македонија , да го номинира македонскиот фолк пејач на листата на нематеријални културни богатстава на УНЕСКО.
Еден од ретките преседани, но и признанија за тоа колку многу македонскиот фолклор и неговите изведувачи и автори се ценети и почитувани во странство... Дури и многу повеќе од што за нив се води грижа дома, во сопствената држава.
По велигденското издание на ТВ шоуто „Улица Македонија“ во кое токму Наум Петрески и Зуица Лазова беа гости, споменатиот академски профгесор, магистер Сулејман Мулиќ - Шулц одново се јави  изразувајќи  јавна благодарност на социјалните мрежи до самата емисија, продукцијата, водителката и нејзиниот уредничко-продуцентски тим, воодушевен што токму за еден од најголемите христијански празници Велигден, таква уметничка вредност како што е песната и пеењето на Наум Петрески биле промовирани протежирани во ТВ етерот.
Со полна уста пофални зборови и за самиот Наум, Зуица, но и за продукцијата професорот уште еднаш потсетува на уникатните и оригинални светски уметнички вредности кои ги поседува македонскиот фолклор, при тоа потсетувајќи уште еднаш дека Наум Петрески, неговиот глас, изведба и песна, заслужуваат да се најдат на листата на УНЕСКО.
Писмото ви го пренесуваме во целост: Писмо на благодарност до Продукција Скендеровски, до домаќинката и водителка на популарната македонска музичка емисија "Улица Македонија" Сулејман Мулиќ Шулц професор, Вторник, 10 април 2018 година Ул.Исмет Мујезиновиќ 36, 75000 Тузла, Босна и Херцеговина Почитувани, Скендеровски продукција, продуценти на популарната македонска музичка емисија "Улица Македонија" Со голема радост, искрено, топло и срдечно Ве поздравувам! Дозволете ми на почетокот да се претставам себеси. Јас сум магистер на општествени науки од областа на физичката култура Сулејман Мулиќ Шулц, , професор во пензија. Целосно реализиран и многу среќен човек. Среќно оженет, горд татко, имам две убави деца и најгорд дедо, имам две внучиња. Вљубен во Македонија и нејзиниот народ, нејзиното културно и природно богатство. Со голема чест, задоволство и радост сакам да  ви се заблагодарам што во вашето популарно музички шоу "Улица Македонија" на почетокот на април 2018 година, го објавивте мојот предлог Наум Петрески  да биде ставен на листата на нематеријални блага на УНЕСКО. На уредувачкиот колегиум му упатувам искрени честитки за креирањето на музичката емисија "Улица на Македонија". Дека вистинскиот успех секогаш се темели на добра идеја, во вистинско време и напорна работа не е  особена новина, туку општопозната вистина која често не потсетуваат успешните пејачи, спортисти, водители, уредници на ТВ емисии, спикери или продукции. За секој почеток е потребна храброст, а за успех, освен почетната среќа, се потребни јасна визија и напорна работа, како најдобра гаранција за континуитет на успехот. Стотина високо-квалитетни и сеопфатни изданија на Скендеровски продукција, кои гледавме на македонското музичко шоу "Улица Македонија" - трета сезона меѓу кои и појавувањето на Наум Петрески и Зуица Лазова (62/2018) е потврда за добрите идеи и квалитетната работа, и  претставува успех со кој со задоволство би се пофалил било кој телевизиски канал во светот. Успехот е уште позначаен бидејќи овој тип на музичкото шоу како што е "Улица Македонија" има цел да ја зачува и да ја негува музичката традиција на македонски народни песни  кои според многумина се најубави на светот. Македонскиот мелос е многу певлив и мора да ги разбуди емоциите на личноста која го слуша. Музиката што ги следи националните македонски игри и танци е толку силна и толку импресивна што лесно можете да се заљубите во секоја мелодија. Песната на Наум го има сиот раскош и убавина на животот што живее несомнено во неа или во секоја преубава Македонка и Македонец. Песната на Наум  има високо уметничка вредност, музиката е апсолутно специфична, затоа што вие Македонците сте ја измислиле и отпеале со оригинален, автентичен музички израз и затоа треба Министерството за култура, да направи листа на кандидати за листата на УНЕСКО каде што ќе ги номинира тие вредности. Наум Петрески, денес е еден од најважните и најдобрите исполнители на македонските народни песни на Балканот. Пејач, појава, некрунисан крал, уникатен и неповторлив, најдобар пејач. Живее среќен и исполнет живот на естраден уметник во Скопје, со неговата сопруга, исто така извонреден изведувач Зуица Лазова. Неговата песна е опиат, чиста и неизвалкана емоција. Кога пее ги поврзува сите емоционални, духовни и физички елементи на универзумот. Неговата интерпретација е клучниот дел од врската што нè поврзува, врската што нè раздвојува, но и врската што нè прави тоа што сме. Тајната на неговата песна лежи во нејзината ранливост. Македонската песна и музика е форма на уметност која ги инспирирала големите умови и разбудила многу креативните духови во македонската историја. За некого песната е само уметност, но за Наум Петрески македонската народна песна и музика се извор на среќа, но исто така е и неговживот. Моќта на Наумовата уметност е тоа што нè поврзува едни со други и со големи вистини за тоа што значи да се биде жив и што значи да се биде човек. Со радост и длабока почит, Вљубеник и пријател на Македонија Сулејман Мулиќ Шулц, професор]]>