писател – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 06 Nov 2022 07:05:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png писател – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина писателот Благоја Иванов https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-pisatelot-blagoja-ivanov/ Sun, 06 Nov 2022 06:00:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274497

На 91 – годишна возраст вчера на  5.11.2022  во Скопје почина Благоја Иванов раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор.
Иванов бил роден на 4 февруари 1931 година во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности.
Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Бил дел од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1958 година, а бил и претседател на Друштвото. Членувал и во Македонскиот ПЕН центар.
Добитник е на наград ите: „1 Мај“, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“.
Автор е на книгите: Седум умирања (проза, 1956), Ноќ без починка (раскази, 1958), Црвено рондо (раскази, 1964), Патувања (лирски минијатури, 1969), Ветрови (роман, 1969), Соочувања (критики и есеи, 1971), Три средби на разминување (радио и тв драми, 1973), Од онаа страна на заборавот (раскази, 1975), Една година и цел живот (роман, 1978), Современа драма и театар во Македонија (зборник, 1983), Бланка (проза, 1985), Малата врата на надежта (раскази, 1985), Маалски игри (роман за млади, 1989), Чекање на зората (роман, 1998), Сватови (раскази, 2000), Сомнеж (роман, 2007), Раска в грло (раскази, 2011), Кораби (раскази, 2014), Актери автори (осврти), Птиците од дворот (раскази, 2015), Скопски дамари (антологија, раскази, 2020) и други.
]]>

Почина академик Радован Павловски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-akademik-radovan-pavlovski/ Wed, 23 Feb 2022 12:52:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240393

На 84-годишна возраст вчера почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, соопшти Македонската академија на науките и уметностите во која тој беше редовен член од 2006 година. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1955 година објавува песни во весникот „Млад борец“ и во списанието „Млада литература“. Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот, работи како новинар-преведувач на дневните вести на Радио Скопје. Од 1959 до 1962 година работи во весникот „Нова Македонија“ како новинар, преведувач и книжевен критичар на културните рубрики. Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието „Народно здравје“ првпат е објавена неговата кратка песна „Загонетка“, а во 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката „Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури. Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во „Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година. – За неговиот творечки пат и поетиката во единство со животот и творештвото во декември 1960 година остварува патување во земјите на источен Медитеран: Кипар (Фамагуста), Сирија (Латакија), Либан (Бејрут), Египет (Александрија и Каиро), потоа во 1981 година е на тримесечен студиски престој во Париз и потоа во Прага од 27 јули до 27 август 1979 го изучува чешкиот јазик, литература и култура на семинарот Летна школа на Карловиот универзитет како стипендист на Чешката влада и Сојузот на чехословачките писатели. Големо значење за неговото творечко искуство имаат и следните посети: во 1973 година со југословенската книжевна делегација остварува петнаесетдневна посета на тогашниот СССР посетувајќи поетски средби во Москва, Ташкент, Самарканд, Волгоград, Ленинград (Санкт Петербург) и учеството на Деновите на македонската култура во Англија во 1979 година каде настапува на поетски средби во „Риверсајд студио“ во Лондон, Оксфорд, Брадфорд, гратчето Хеј он Веј во Велс и на север во Норич, при што тој пишува и патопис, соопшти МАНУ. Павловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. Автор е на книгите поезија: „Суша, свадба и селидби“ (1961/1971), „Корабија“ (1964), „Високо пладне“ (1966), „Клима и лира“ (1966), „Езерска земја“ (1969), „Низ проѕирката на мечот“ (1971), „Сонце за кое змијата не знае“ (1972, на хрватски), „Пир“ (1973, на хрватски), „Зрна“ (1975), „Молњи“ (1978), „Стражи“ (1980), „Магија момче“ (1981), „Чума“ (1984), „Клучеви“ (1986), „Марена“ (1986), Избрани дела во три тома (1986), „Темелник“ (1988), „Зрна, Молњи и Клучеви“ (1989, трилогија), „Замок на розата“ (1990, избор), „Бог на утрото“ (1991), „Светлина“ (1993), ,„Вселенски деца“ (1993, поезија за деца), „Јавач на звукот“ (1995), „Синот на Сонцето“ (1999), „Штит“ (2001), „На едно око“ (2002), „Свртничар на светлините“ (2004), „Господар на перото“ (2006), „Океан во капка“ (2008), „Заштитна повелба“ (2008), „Воспеви“ (2009), „Јас сум време“ (2009), „Мојата ѕвезда“ (2012/2013, собрани дела во три тома) и „Се случува вечност“ (2014). Акад. Радован Павловски е коавтор (со акад. Богомил Ѓузел) на манифестот „Епското на гласање“ (1960) и автор на „Манифестот на Поетската Република Железна Река“ (1990), на патописот „Отклучување на патиштата“(1986), на книгата есеи „Што може поезијата?“ (1993), „Демократска џунгла“ (1994, политички есеи), „Порака на поетот до поетите на светот“ (1995, СВП) и „Поетиката на походот на Александар Македонски во цивилизациите“ (2009, есеј-студија). Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), „11 Октомври“ (1971), „Кочо Рацин“ (1975), „Повелба на печалбарите“ (1990), „Гоцевата повелба“ (1991), „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на ДПМ (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). Исто така е добитник на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“, (1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна Река“, 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“, 1988). Во 1972 на поетскиот конкурс во Хрватска, ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности, а поетската збирка „Зрна“ е прогласена за најдобра книга за 1975 година од Југословенската радио телевизија – оддел за култура. Во 2009 година е добитник на меѓународната награда „Икона Шекспир“ за литература, наречена „Исконски добитник“, што ја доделува Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија. Акад. Радован Павловски за своето творештво е добитник и на Орденот за заслуга за народ со сребрени зраци. Американскиот биографски институт го прогласи за Личност на годината за 1997 како „еминентна личност наведена во меѓународно и национално признати биографски дела“. Добитник е и на светското признание за животно дело за 1998 година (АБИ – САД). Во тринаесеттата едиција – интернационалното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ од Интернационалниот биографски центар со седиште во Кембриџ, Англија, во 1999 година е објавена детална биографија и библиографија на животниот и творечки опус на акад. Радован Павловски. – Акад. Радован Павловски во континуитет во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Повеќе книги со негова поезија се објавени и преведени во Македонија и надвор од неа: на српски, албански, словенечки, турски, француски, англиски, руски, чешки, романски, есперанто, шведски и бугарски јазик, а во голем број избори на творештвото и на германски, италијански, арапски, грчки и кинески јазик. Творештвото на акад. Радован Павловски е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија, соопшти МАНУ која по повод смртта на акад. Павловски ќе одржи комеморативна седница за која јавноста ќе биде навремено информирана.]]>

Овие зборови Цеца никогаш нема да (му) ги заборави: „Таа слаба провинцијалка со чуден сјај се избори за сопствена бајка“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-zborovi-ceca-nikogash-nema-da-mu-gi-zaboravi-taa-slaba-provincijalka-so-chuden-sjaj-se-izbori-za-sopstvena-bajka-foto/ Thu, 02 Jul 2020 09:24:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156746

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ сподели со голема гордост преку социјалната мрежа Инстаграм дел од текстот на еден од најпознатите српски писатели на денешницата, кој еднаш опиша како ја доживува кога ќе ја види пејачката. Тој тврди дека во Србија, секоја Светлана која е особено сакана се вика Цеца, па објасни и зошто, а фолк пејачката не остана имуна на тоа. „Еден од најубавите српски гласови дојде во Белград од малото место Житораѓа, од југот на Србија. Тој и припаѓа на една девојка која храбро се бореше и се избори за сопствената бајка. Таа витка, слаба провинцијалка со огромни очи со чуден сјај, се најде среде сопствената легенда, како што вели писателот Паоло Коељо. Во Србија, секоја Светлана што ја сакаат се вика Цеца. Во тој прекар има само 4 букви, а многу нежност, милување и блискост во тој прекар со само четири букви. Цеца. Некој кој се сака“ - кажува еден дел од текстот, кој ја стопи фолк дивата, зборови кои никогаш не му ги заборави, па со гордост се потсети на нив споделувајќи ги со своите следбеници на Инстаграм. ]]>

Почина Васил Пујовски, писател, поет, автор на култни детски ТВ серии и македонски хитови https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-vasil-pujovski-pisatel-poet-avtor-na-kultni-detski-tv-serii-i-makedonski-hitovi/ Mon, 09 Sep 2019 06:43:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=105774

Драмскиот писател и поет за деца и возрасни Васил Пујовски почина вчера, недела, 8-ми септември 2019 година на 72 години. Пујовски е роден на 2 октомври 1946 во Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје, а долги години работеше како новинар, уредник и сценарист во Македонската телевизија. Од 1968 беше член на Друштвото на писатели на Македонија.
Во неговото творештво се издвојуваат делата како: „Светот на детскиот сон“ (поезија за деца, 1967), „Пред божји суд“ (поезија, 1969), „Ајде да се дружиме“ (тв-серија за деца, 1985), „Кралот Кускуле први“ (драма, 1992, „Дајте музика“ (поезија за деца, 1994, „Прва лига“ (поезија за деца, 1995), „Ѕвездено дете“ (избор поезија, 1999) и „Ѕверка без мерка“ (поезија за деца, 2000).
Пујовски важеше и за голем патриот и родољуб, кој за време на целиот свој работен и животен век се залагаше за слободна, суверена и независна Република Македонија, како и за правата на Македонците надвор од границите на Македонија и ширум дијаспората!
Васил Пујовски е автор на стиховите за бројни македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како  на пример победничката песна на првиот „Макфест“, легендарниот евергрин „Кога те нема“, која ја пееше Хелена Благне и детскиот класик „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска.
https://www.youtube.com/watch?v=VISLralY_wA https://www.youtube.com/watch?v=3nznd70ivSw]]>

Најдобри цитати од драмите на Горан Стефановски: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си ојде, а ние овде глумиме сегашност“ https://arhiva.vistina.com.mk/najdobri-citati-od-dramite-na-goran-stefanovski-idninata-nikako-da-dojde-minatoto-nikako-da-si-ojde-a-nie-ovde-glumime-segashnost/ Thu, 29 Nov 2018 09:12:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60408

Горан Стефановски е еден од најзначајните писатели на македонска драма, чии драми ја отсликуваат самата срж на македонскиот живот и дух. Има напишано повеќе од 30 драми, сценарија за ТВ-филмови и серии, либрета и радиодрами, меѓу кои и „Дупло дно“, „Чернодрински се враќа дома“, „Тетовирани души“, „Зодијак“, „Наши години“ итн. Од нив произлегле и овие култни реченици и цитати кои уште долго ќе се паметат. Горан почина вчера во Лондон, на 66-годишна возраст.
Јаков: Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе. („Дупло дно“) Цибра: Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност. („Тетовирани души“) Киро: Не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие, ќе знае што да прави со нив. („Лет во место“) goran Анастазија: Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно. („Жив човек“) Никола: А што значи самоубиство? Нас нè повика татковината. Јас зедов пушката и тргнав. Како и татко ми пред мене. Имам вера во Бога. Имам вера во власта. („Екс-ју“) Денес сè се купува и продава. Дури и она што луѓето мислат дека нема цена. Тоа обично е и најевтино. („Диво месо“) https://youtu.be/fnb_ZSxB3EY Јаков: Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот. („Дупло дно“) Димитрија: Да знаев какви ќе излезете, ќе ве издркав во чаша. Ебави младоста. Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите ни во телата…  („Диво месо“) извор: факултети.мк]]>

Весна Бејби со емотивна порака се прости од Горан Стефановски: „Ќе недостасуваш најмногу…стварно нема смисла“ https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-so-emotivna-poraka-se-prosti-od-goran-stefanovski-kje-nedostasuvash-najmnogu-stvarno-nema-smisla/ Thu, 29 Nov 2018 07:45:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60338

По кратко боледување на 66 години почина македонскиот драмски писател Горан Стефановски. Стефановски живееше во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што пред два дена, стигна тажната вест за неговата прерана смрт.
Неговите колеги, пријатели се простуваат од познатиот драмтург, а Весна Бејби на својот „Фесјбук“ сподели статус за Горан. „Најголемиот драмски писател за мене Горан Стефановски, ми беше и професор и пријател.Си замина во вечноста, последен пат го видов на пешачки и му викнав од кола:”Те сакааам!”Каков ум и каков фраер драги мои.Да живееш во времето на Горан е вистинска привилегија.Какво богатство ни остави ...непроценливо???моите мили деца од актерската школа од најмала возраст ги учам кој е Горан и говорат негови текстови...Ќе недостасуваш најмногу... стварно нема смисла ..... “Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно.”
Весна истакна дека ќе го сочува споменот на Стефановски и дека на децата од нејзиниот театар секогаш ќе им раскажува за неговите дела. На својот „Фесјбук“, Весна побара од град Скопје улица која ќе се вика Горан Стефановски.
Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година,  и е еден од најлодните драмски писател од современата македонска книжевност. Тој е постар брат на македонскиот гитарист и композитор, Влатко Стефановски. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година.Член е на Македонскиот ПЕН центар. Со неговата појава современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“. Автор е на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“. Добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стеријина награда“, „Војдан Чернодрински“.]]>