пинк флојд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 09 Apr 2022 09:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пинк флојд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Пинк Флојд“ по 30 години објавија нова песна како поддршка за Украина – „Hey, Hey, Rise Up“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pink-flojd-po-30-godini-objavija-nova-pesna-kako-poddrshka-za-ukraina-hey-hey-rise-up-video/ Sat, 09 Apr 2022 09:48:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245847

Легендарниот британски бенд „Пинк Флојд“ ја објави првата нова песна по речиси три децении во знак на поддршка за Украина. Песната „Hey, Hey, Rise Up“ содржи семпл од Андриј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“, што е прва оригинална музика од „Пинк Флојд“ од албумот „The Division Bell“ од 1994 година. Целата заработка од песната ќе биде донирана за хуманитарна помош за Украина. Покрај оригиналните членови Дејвид Гилмор (гитара/вокал) и Ник Мејсон (тапани), дел од поставата се и басистот Гај Прат и клавијатуристот Нитин Соуни, кои ја снимиле песната на 30 март. „Се надеваме дека песната ќе добие голема поддршка и публицитет. Сакаме да собереме донации за хуманитарни организации и да го кремеме моралот. Сакаме да ја изразиме нашата поддршка за Украина и да покажеме дека најголем дел од светот мисли дека е погрешно една суперсила да нападне независна демократска држава“, изјави Гилмор, кој настапил со „Бумбокс“ во Лондон во 2015. По смртта на клавијатуристот Ричард Рајт во 2008, Гилмор беше дециден дека „Пинк Флојд“ веќе нема да прави нова музика, но вели дека инвазијата на Украина го премислила. „Моите внуци имаат и украинско потекло, бидејќи мојата снаа Јанина е Украинка, чија баба беше во Харкив до пред три недели. Му се јавив на Ник и му реков дека сакам да направам нешто за Украина под името ‘Пинк Флојд‘. Многу е важно луѓето да разберат што се случува таму“, изјави Гилмор. ]]>

„Brit Floyd“ во Скопје: Врвна реплика на оригиналот! https://arhiva.vistina.com.mk/brit-floyd-vo-skopje-vrvna-replika-na-originalot/ Thu, 15 Nov 2018 13:03:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58134

„Pink Floyd“ се веројатно една од трите најлегендарни групи во историјата на светскиот рок ен рол воопшто. За жал, кога беа во фокусот, во врвот на нивното постоење на овие простори немавме можност да ги видиме и слушнеме во живо. Албумите, плочите, музиката и воопшто концептот на основоположниците на светската рок психоделија, иако тие се и многу повеќе од тоа, за среќа ни стануваа достапни и блиски во вистински момент, за денес  да можеме да се пофалиме дека сме биле дел од создавањето на дел од најдоброто во историјата на светскиот рок ен рол.
Она што вчеравечер беше најавено и се случи во ВИП Арената Борис Трајковски во Скопје си го заслужи епитетот: „Врвна реплика на оригиналот“... и тоа за сите пари. Имено, „Brit Floyd“ се концепт кој е еден вид вистинска концертна омаж реплика на оригиналната поставка на сето она што култниот бенд го работи од почетокот на својата кариера, па се' до последните нивни изданија.
Таков беше и синоќешниот скопски концерт (14.11.2018) на проектот „Brit Floyd“ кој си ја одработија работата на врвно ниво. Околу 2500 - 3000 посетители во ВИП арената имаа можност за вистинско аудиовизуелно доживување со музичко патување низ времето во годините наназад кога беа создавани најавандгардните арт  теми на Floyd.
Damian Darlington, основачот на Brit Floyd и неговата многучлена екипа музичари на сцената звучеа верно на оригиналот, симнувајќе го не само секој тон, секое соло, секоја вокална делница од „А до Ш“, туку преку видеопроекциите и светлосно-ласерското шоу и сценските арт елементи успеале дури до срж да го соголат и сензибилитет на култната група, сугестивно пренесувајќи и го на публиката секој атом од нивната енергија и пораките кои нивната музика ги праќа. Едноставно „Brit Floyd“ се нивното второ јас, другото лице на „Pink Floyd“, иако се рабира тоа никогаш не може да биде тоа, но... се многу близу до оригиналот!
Анимациите, документарно-играните видеа, тетарските елементи на сцената, врвното музичко мајсторство и професионалниот чесен однос на бендот се само шлагот на тортата која сите што знаат што е музика, веќе со години ја конзумираат.
Внимателно избраниот репертоар од богатиот опус на Флојд и прошетката низ времето со потсетување на албумите и годините кога биле песните издадени на нив, па се' до фантастичните гитраски соло или вокални делници на уметниците на сцената, надополнети со перфекнатната звучно-визуелна слика, создаваа атмосфера на блаженство низ која Brit Floyd не водеа повеќе од два часа, со куса пауза од 15-20 минути помеѓу двата дела на концертот.
Нешто што ретко се гледа и од многу поголемите, попознати и актуелни светски музички ѕвезди кога доаѓаат кај нас. За овие, регионалниве „шабани“ и да не зборуваме. Едноставно нешто, што тешко може да се опише со зборови, туку мора да се доживее! Се разбира, за оние што не застанале на Цеца и Лукас, па можат да го сфатат, разберат и имаат интелектуално - музички капацитет да го апсорбираат ваквиот тип на врвна уметност.        ]]>

Македонските музичари на чело со Ѓоко Танески со концерт во чест на „Пинк флојд“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-muzichari-na-chelo-so-gjoko-taneski-so-koncert-vo-chest-na-pink-flojd/ Mon, 16 Jul 2018 10:51:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=38309

Ѓоко Танески e дел од екипата што го подготвува концертот во чест на култната група „Пинк Флојд“, што ќе се одржи на 26 јули во родниот град на Танески, Охрид, на сцената на Долни Сарај. „ Концертот е премиера на проектот ’НАМБ-трибјут’, со неповторливата музика на еден од најголемите и највлијателни рок-бендови во музичката историја. Заедно со уште неколку мои драги колеги, ќе испееме 16 безвремени хитови на ’Пинк флојд’ и со овој настан ќе го доближиме Охрид до светот. Во сите поголеми градови и туристички места, одлично поминуваат концерти посветени на легендарните музичари“ - ќе изјави Ѓоко Танески на Нова Македонија, кој токму со овој настап по подолго време се враќа на музичката сцена.
Во единаесетчлената екипа, која ќе настапува на концертот, освен Ѓоко Танески се и: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (синтисајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како придружни вокали. Ќе се изведат некои од најпознатите песни на култните „Пинк флојд“ како: „Shine On Your Crazy Diamond“, „Learning To Fly“, „Hey You“, „Another Brick In The Wall“ и уште 12 безвремени песни. Билетите можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“ и во сите маркети на „Тамаро“ во Охрид и во Струга.]]>