пинч – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2019 08:34:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пинч – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Не беше цар во приказните, ама цар е по дома: Лазар Бараков в куќи има матичен лекар… за масажа! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-beshe-car-vo-prikaznite-ama-car-e-po-doma-lazar-barakov-v-kukji-ima-matichen-lekar-za-masaza-foto/ Tue, 05 Mar 2019 08:34:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75847

Него најмногу го знаете до телевизија. А го познаваат и млади и стари и деца и дедовци и баби, и татковци и мајки, тетки, стринки, вујни... Буквално сите! Го знаат како сиромавиот, просјакот, слугата, меанџијата,  аскерот, ѓаолот... Зашто, има ли некој кој не гледал македонски народни приказни на телевизија? Особено оние, од старите добри времиња кога во нив играа царот Колозов, Ванчо, Гоце, Дади, Стојна, Шенка... а, со нив и тој Лазар Бараков кој во Приказните мина повеќе од 20!
Денес. за жал се помалку или речиси воопшто не се снимаат нови продолженија од веројатно најгледаниот ТВ серијал на сите времиња во македонија, а и тој  повеќе не е дел од „новосоздадените“ приказни и кога ги има.
Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи,  а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас. Траги кои некогаш знаат да заболат, па затоа актерот од приказните реши малку да ги размрда старите коски, да ги раздвижи плеќите, грбот, р'бетот, телото... со масажа!
Во моментот никој да се најде при рака! Ниту сопруга Лилјана, ниту некое од трите деца, за кои вели дека се неговото најголемо богатство. Неговата ќерка Македонка која е психолог, ќерката Викторија - архитект, а синот Александар, се' уште студент.
Ама Лазар не би бил „ѓаолот“ во приказните ако не умее да се снајде. Познат како голем љубител на животните, и самиот велои дека: „Животинките троструко враќаат со својата љубов...“! И види, Бараков покажа дека навистина да ти било така!
Кога старите коски и плешките ќе заболат, тој не оди на лекар, зашто дома си има матичен лекар... за масажа!
Неговиот куќен миленк, малиот пинч кој обожува нештата да ги набљудува од високо! А местото и позицијата на плешките на газдата - идеални. И за него и за Лазар!  ]]>

Македонската пејачка сликана – „усни на усни“: „Никој како тебе не бакнува“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-pejachka-slikana-usni-na-usni-nikoj-kako-tebe-ne-baknuva-foto/ Thu, 05 Apr 2018 07:26:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19461

Иако не е толку многу активна на естрадата како порано, таа е академски образован музичар, а нејзиното семејство целосно и го посвети сиот свој живот на музиката и уметноста воопшто. Лидија Кочовска последниве години само одвреме-навреме се појавува со некоја нова песна, на кој уште еднаш ги поотврдува своите вонсериски вокални способности и сиот музички талент кој го поседува, па затоа и е штета што ја нема почесто.
Но, естрадата денес налага други правила, па како излезе дека не е доволно само добро да се пее, туку музиката се доживува и со очи, за да бидеш постојано во фокусот важно е и како се однесуваш, што носиш ( и не носиш) на себе, какви будалаштини катаден правиш... Па сето тоа го постираш на социјалните мрежи... Со еден збор: „циркуз“!
Е сега токму заради тој „циркуз“ или чисто само заради големата  обострана љубов, токму Лидија Кочовска се бакнуваше со него в уста, па фотографијата јавно ја објави на еден од своите профили на социјалните мрежи. Таа е пејачка, музички уметник, а тој не е. Ама ако! Сепак по се изгледа дека се бескрајно вљубени еден во друг. Како и не би кога тој е толку сладок, при тоа и фраерски изгледа со тигрест колан околу вратот, а по се изгледа дека за него важат и стиховите од песните на нашиот Тоше: „Никој како тебе не бакнува“, а за тоа да го провериш потребна е и доза и поза: „Усни на усни“!  Како што тоа го направила Лидија со својот четвороножен пријател, убавиот срнест пинч!
Ама дека љубовта кон домашните миленици не е од вчера, Лидија има и други, постари докази. Денес пинч, а вчера малтешка пудла.
Како и да е, не е важно што е и што раса е... Важно е да има љубов!  ]]>