пијанофест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Jun 2023 11:56:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пијанофест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 120 натпреварувачи од осум земји на петтиот „Пијанофест 2023“ во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/120-natprevaruvachi-od-osum-zemji-na-pettiot-pijanofest-2023-vo-bitola/ Thu, 08 Jun 2023 06:55:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305549

Вечерва, четврток,  8-ми јуни со почеток од 19 ч. во КИЦ – Офицерскиот дом во Битола со свечен концерт ќе започне Меѓународниот натпревар Пијанофест 2023. На концертот ќе настапи минатогодишниот лауреат на Пијанофест 2022, Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц – сопран, исто така од Србија. Натпреварувачкиот дел ќе започне на 9-ти јуни и ќе трае до 11-ти. Оваа година Пијанофест освен дисциплината пијано и пијано четирирачно, збогатен е со уште една дисциплина – соло пеење. И во двете дисциплини учесниците се поделени во категории од 6 години па нагоре, според возраста и тоа во 8 категории во дисциплината пијано и 6 категории во категоријата соло пеење. Натпреварувачите ќе ги оценува меѓународна жири комисија во состав: Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), Мирела Туше Вонгли (Албанија) и Катерина Кетковиќ Фидановска – пијано и соло пеење: Анастасија Холц (Србија), Маја Митровска (Македонија), Александра Коцевска (Македонија). Усшешноста на овој натпревар кој по јубилеен 5-ти пат се одржува во Битола може да се види по заинтересираноста за учеството на истиот. Имено, оваа година ќе настапат 120 натпреварувачи од 8 земји: Србија, Македонија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска и Бугарија. Организатор на натпреварот Пијанофест 2023 е Здружението на пијанисти и музички педагози “ПИЈАНО“ од Битола, а се реализира под покровителство на Министерството за култура на Македонија и Општина Битола, а поддржувачи на натпреварот се КИЦ – Офицерски дом – Битола и Државното музичко училиште од Битола.]]>