пиете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Feb 2021 13:19:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пиете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еспресо пијат родени лидери, а капучино софистицирани луѓе: Што открива кафето кое го пиете за вас? https://arhiva.vistina.com.mk/espreso-pijat-rodeni-lideri-a-kapuchino-sofisticirani-lugje-shto-otkriva-kafeto-koe-go-piete-za-vas/ Wed, 24 Feb 2021 13:53:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191257

Најпопуларниот утрински ритуал на светот е токму пиењето кафе. Овој напиток нѝ помага полесно да „запловиме“ во новиот ден, ја подобрува концентрацијата, но и дава причина за средба со драгите личности и опуштен разговор. Прво утринско кафе, кафе со колегите на работа, кафе со пријателите, кафе по ручекот или опуштање со кафе и добра книга... Многумина не можат да си го замислат денот без овие ритуали. Во продолжение, дознајте што кафето кое најчесто го пиете открива за вас:

Еспресо

Вие сте роден лидер. Многу сте вредни и амбициозни, а вашата природна грижливост е инспирација за другите и луѓето често ви се воодушевуваат. Очигледно, како личност која пие еспресо, уживате во вкусот на кафето и сакате јасни и директни нешта. Првото утринско еспресо ве раздвижува и ви дава енергија за нови предизвици.

Двојно еспресо

Исклучително сте практични, сакате логика и секогаш го одржувате редот околу себе. Слично и со оние кои пијат обично еспресо, прилично сте грижливи и работите многу подобро и поорганизирано од останатите. Го давате најдоброто од себе кога шефот ќе ви каже точно што сака. Овој утрински напиток ви помага да се сосредоточите и да го „истуркате“ денот по совршено логичен редослед.

Кафе со млеко

По природа сте опуштени и се трудите да останете мирни во секоја ситуација. Сепак, пред да донесете некоја одлука секогаш долго размислувате. Не сакате спонтани ситуации. Вашето утринско кафе со млеко е само една од оние мали удобности со кои сакате да го „засладите“ животот.

Капучино

Имате истенчен стил, ги цените отмените и софистицирани работи и не поднесувате груби шеги. Исто така, имате многу креативен ум, друштвени сте и имате многу пријатели. Кога ќе го започнете денот со шолја капучино, спремни сте за креативна работа и нови инспиративни идеи.

Обично црно кафе

Водите минималистички стил на живот. Скапата и впечатлива гардероба не ви е приоритет и повеќе сакате директен пристап во модата, но и во животот. Повремено сте склони кон промена на расположението. Многу сте комуникативни и лесно стекнувате нови познанства. Со црното кафе во рака, вие сте спремни да го започнете денот без хаос и компликации.

Кафе со шлаг

Од една страна сте организирани и систематични, а од друга страна сте опуштени и понекогаш неуредни. Секојдневно се обидувате да постигнете совршена рамнотежа помеѓу логичната и креативната страна на мозокот. Вашата минималистичка страна ужива во вкусот на кафето додека вашата спонтана страна го сака вкусот на шлагот. извор: точка.мк]]>