Piargy – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Apr 2023 09:29:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Piargy – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џајковски ја објави музиката од новиот филм на Иво Трајков – „Piargy“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dhajkovski-ja-objavi-muzikata-od-noviot-film-na-ivo-trajkov-piargy-video/ Mon, 17 Apr 2023 09:29:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298292

По успешната соработка на филмот „Големата вода“, композиторот Кирил Џајковски повторно работеше на музика за филм на режисерот Иво Трајков. Станува збор за неговото најново остварување наречено „Piargy”, впечатливо кинематографско дело работено во црно-бела техника. Иако не помина многу време откако филмот го започна својот фестивалски живот, тој веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го опишува како исклучително дело. Последно во низата признанија што „Piargy” ги доби е вклучувањето на филмот во трката за годишните награди на Словачката Академија за Филм и Телевизија, на кои оваа година филмот на Трајков е номиниран дури во шеснаесет категории, вклучувајќи ја и категоријата за најдобра музика. „Piargy” ќе ја има својата македонска премиера во јуни, а албумот со музиката од филмот веќе може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси. Директни линкови до изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната адреса. Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови од овој саундтрак  кои можете да ги погледнете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>