петровден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 13 Jul 2023 10:35:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png петровден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ДНК за Петровден на илјадници кочанчани им приредија концертна ноќ за паметење (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-za-petrovden-na-iljadnitsi-kochanchani-im-priredija-kontsertna-nok-za-pametene-foto/ Thu, 13 Jul 2023 06:25:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310108

По се изгледа македонската публика веќе се засити од „увезената“ музика и „увзените“ пејачи од соседството. Најдобар доказ за тоа е вчерашниот настап на музичкиот бренд ДНК во Кочани, по повод големиот празник Петровден. Вчера Кочани „пулсираше“ во ритамот на македонската музика и многубројните хитови на ДНК. Плоштадот во градот беше претесен да ги собере илијадниците луѓе, кои ги имаше од сите генрации, од најмлади до најстари… „Што сака нека биде“, „Навлечен на тебе“, „Ако утре ме нема“, „Полна месечина“, „Горе или доле“, „Авион“ се пееја во еден глас, а енергијата која Панчо и Андреј ја пренесоа на публиката, по се изгледа кочанчани ќе ја чуствуваат уште долго…   Доста интересни коментари имаше и на социјалните мрежи после нивниот настап, а неколку од нив гласат вака: „Ма, каква Цеца, браво за ДНК“, „Браво! Конечно уште една добра македонска група. Некој се сетил дека турбофолкот (ако може да се смета музика) не е музика за кочанчани. Сепак народот во Кочани има култура, сака библиотека, сака театар, спорт, сака квалитетна музика“… Инаку викендот што измина, ДНК заедно со нивниот колега Лозано настапија во Гевгелија, каде одлично беа пречекани од публиката, а токму во истиот состав ќе ги видиме и на 31-јули во Охрид…]]>

Се празнува Петровден: Еден од најголемите празници по Велигден, ова се обичаите https://arhiva.vistina.com.mk/se-praznuva-petrovden-eden-od-najgolemite-praznici-po-veligden-ova-se-obichaite/ Tue, 12 Jul 2022 11:54:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258289

Денеска се празнува Петровден, а утре на 13 јули е Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Големиот православен празник посветен на Св. Апостол Петар што секогаш се одбележува на 12 јули се смета за еден од најголемите празници по Велигден. За Петровден, според фолклористот Марко Китевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето, дури и светецот (Св. Петар) тој ден зел срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш доаѓале печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија, објаснува Kитевски. Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Kуманово. Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитaтивнaта магиja се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така, бостанот, но и другите култури се пpcкале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фpлaњето измeт од стокaта врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стокaта плaднyвала (мepизувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стокaта на тоа место. Според Китевски, во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омpcи во петровденските пости ќе се скpaстави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден, носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога мoлaм“ се мoлeле за дожд. Kитевски забележува дека Павловден жените го држеле како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден нe се paботело за да нe бидат каснати од пајак бидејќи се верувало дека човек каснат од паjaк на овој ден тешкo ќе оздpaви. Затоа овој ден е познат и како Паjаковден. На иконите двајцата апостоли се претставени заедно, Петар со клучеви од paјот, а Павле со мeч, симбол на coпствената cмpт. И двајцата држат отворени книги. Според фолклористот Мирко Kитевски, на празникот му претходи петровденскиот пocт, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пocт е еден од четирите повеќедневни пocти во текот на годината, а започнува од првата недела по Дyхoвден, а бидејќи овој празник е со непocтојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пocт секогаш нe трае исто. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној што најмногу се потpyдил во проповедањето на paспнатиот и воскpeснат Иcyс Христoc. Инаку, тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. Kитевски смета дека cвeтиот апостол Павле е особено значаен за Македонија. Тој своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утвpдyвал во новата вера. Во книгата „Дела на cвeтите апостоли од cвeтиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога cвeтиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видeниe: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го мoлeше и му велеше: ’Премини во Македонија и пoмoгни ни!’ По тоа видение, веднаш поcaкавме да тргнеме за Македонија, бидејќи paзбравме дека Господ н` повиkaл таму да го пpoповедаме Евангелието (Дела 16-9,10). Kако што стои во ова сведоштво, една богобоjaзлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се поkpстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соpaботници во нејзиниот дом. „Ако сте ме пpизнaле за вepна на Господа, тогаш влeзeте и живejте во мојата куќа!“, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покpcтени со што се poдила првата христијанска општина во Европа. Kитевски смета дека поради тоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги coвладувало првите тешkoтии, се cyдрувало со стapите паганckи oбичaи и веpyвања.]]>

Петровден без Галичка свадба – одложена за Пресвета Богородица на 28 август https://arhiva.vistina.com.mk/petrovden-bez-galichka-svadba-odlozena-za-presveta-bogorodica-na-28-avgust/ Mon, 13 Jul 2020 10:49:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158518

Советот на Месната заедница Галичник, заради заштита на јавното здравје донесе одлука да го одложи одржувањето на годинешната културно-сценска манифестација “Галичка свадба”, што традиционално се одржува кон средината на јули, за време на верскиот празник Петровден. “Разговаравме долго, го обезбедивме традиционалното покровителство на свадбата од претседателот на државата, се консултиравме со стручни лица од областа и со Комисијата за заразни болести, развивме сеопфатен протокол, но сфативме дека со оглед на моменталната епидемиолошка состојба, манифестацијата “Галичка свадба” не треба да се одржи на Петровден. Будно ќе ги следиме состојбите и препораките и се надеваме дека свадбата ќе ја одржиме наскоро. Прилагодувањето е одлика на умните и истрајните, на тоа не учи и природата. Со одредени прилагодувања на секојдневието, тоа ќе врви, ќе може да ги правиме нештата кои ни го прават животот вреден за живеење, а болеста ќе има малку или никакви шанси да не допре”, информираат од организацискиот тим на Месната заедница Галичник. Од организацискиот тим на манифестацијата потенцираат дека доколку се создадат сите неопходни услови, годинешната “Галичка свадба” може да се одржи за време на големиот празник Пресвета Богородица, односно на 28-ми август.
]]>

Петровден и Павловден: Внимавајте да не ве касне овој инсект https://arhiva.vistina.com.mk/petrovden-i-pavlovden-vnimavajte-da-ne-ve-kasne-ovoj-insekt/ Fri, 12 Jul 2019 08:16:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97340

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, следниот ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.
Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден. Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.]]>

Од Петровден и Илинден до Божиќ… Нема (да има) празник без Цеца, Жељко Јоксимовиќ, Дино-Мерлин…! https://arhiva.vistina.com.mk/od-petrovden-i-ilinden-do-bozikj-nema-da-ima-praznik-bez-ceca-zeljko-joksimovikj-dino-merlin/ Fri, 28 Jun 2019 11:42:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95189

Српската фолк пејачка Цеца ќе биде главна ѕвезда на годинешниов „Пиво Фест 2019“ во Прилеп. Оваа вест разлути дел од македонските пејачи, иако македонски пејачи на фестивалот ќе има, а бурно реагираше и Бобан Милошески, газдата на „Авалон Продукција“.
Тие не можат да си објаснат како се трошат големи суми на пари на „сто пати“ веќе видени и слушнати пејачи од соседството, додека за македонските изведувачи  не се двојат ниту минимум средства како би се ангажирале и платиле. Веројатно мислејќи на некои од нивните ексклузивци. Токму од тие причини  Бобан - Авалон се огласи на социјалните мрежи:
Друго прашање е  дали вака би реагирал кога наместо Цеца, прилепчани би ја донеле Мадона на пример, која би му била жестока конкуренција во бизнисот со носење светски ѕвезди на домашен терен, но тоа е друга приказна! Охриѓани пак и нивната СДС-овска локална власт се колнеа дека повеќе во шпицот на летната сезона, балкански пејач нема да го „помириса Охрид“, односно ќе може да дојде само како турист. Зашто и онака градот и езерското крајбрежје се полни како око во текот на летото, особено околку празникот 2-ри Август и со и без српските, хрватските, босанските... турбо-фолк народњаци, забавњаци, стари рокери... Арно ама, во стилот на нивниот лидер Заев, денес кажаното важи, утре „пу, пу - не важи“! И кога ете ти преку ноќ осамнаа веста, информациите и билбордите за концерт на Жељко Јоксимовиќ во Охрид, на 3-ти август на стадионот „Биљанини извори“. Џанам, како да е традиционален, па секоја година во деновите на и околу Илинден, Охрид му е капарисан на Јоксимовиќ!?
Скопската градска власт отиде дури и подалеку. Информациите велата дека деновиве во Скопје престојувал Дино Мерлин, на преговори со челниците на Град Скопје. Неофицијално, градоначалникот Шилегов се токми Мерлин да биде главната ѕвезда на плоштадот Македонија или како веќе ќе го наречат, за новогодишната ноќ во Скопје.
Од ПР службата на градот ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат веста. Велат, сега за сега, ништо не знаат, ништо не е сигурно, не е потврдено... А Дино - Мерлин? Можеби бил во Скопје на разговори, ама тоа не значело дека работата е договорена!? Е, ајде баш да видиме!?  ]]>