петре шилегов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Oct 2021 09:40:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png петре шилегов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Го прашаа Бени кого сака да види како градоначалник на Скопје: „Петре Шилегов сигурно НЕ“! https://arhiva.vistina.com.mk/go-prashaa-beni-kogo-saka-da-vidi-kako-gradonachalnik-na-skopje-petre-shilegov-sigurno-ne/ Mon, 18 Oct 2021 06:13:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223229

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од движењето Одлучно за промени, Бени Шаќири, вели дека е задоволен со резултатите од денешните избори, зошто покажаа дека во црно-белиот политички свет има шаренило. На прашањето за кого на своите гласачи ќе им посочи да гласаат во вториот круг, Шаќири вели дека нема намера на никого да му кажува за кого треба да гласа. -Граѓаните се доволно паметни и свесни за кого треба да го дадат својот глас, мислам дека е дегутантно јас да им кажувам што треба да прават, рече тој во вклучувањето на „Сител“. На прашањето кого Бени сака да го види во градоначалничката фотеља, тој одлучно одговори: „Петре Шилегов сигурно не“!]]>

На Шилегов ништо не му е свето, па ниту децата: Јубилејното 50-то „Златно Славејче“ поместено цел месец порано и „случајно“ ќе се одржи на денот на локалните избори, 17-ти октомври! https://arhiva.vistina.com.mk/na-shilegov-nishto-ne-mu-e-sveto-pa-nitu-decata-jubilejnoto-50-to-zlatno-slavejche-pomesteno-cel-mesec-porano-i-sluchajno-kje-se-odrzi-na-denot-na-lokalnite-izbori-17-ti-oktomvri/ Thu, 14 Oct 2021 07:45:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222806

„В недела, на 17 октомври, СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје повторно ќе биде највеселото и најраспеано место во градот, а детските гласчиња ќе одекнуваат заедно со звуците на старите и новите песнички на фестивалот „Златно славејче 2021“. Годинава оваа позната манифестација за деца, која ја организира Советот за грижи и воспитување деца на Град Скопје, слави редок јубилеј – 50 години постоење! Оваа успешна долговечна приказна почна во далечната 1971 година, кога се одржа првото издание на фестивалот „Златно славејче“, со чии песнички израснаа многу генерации“ - гласи веста која ја објави најстариот печатен дневен весник Нова Македонија. И се' би било во духот на големиот јубилеј,  половина век на детската песна во Македонија, на радоста и среќата би и немало крај, одново политиката да не ги вмешала своите прсти дури и во она што е најсвето - децата! Имено, како што е познато и всушност како што е традиција, „Златно славајче“ отсекогаш, (освен во вонредни ситуации), се одржувало во месец ноември. Поточно на денот на ослободувањето на главниот град на Македонија - Скопје, на празникот 13-ти Ноември или ден-два околу него, заради значењето и симболиката на датумот. Впрочем и химната на „Славејчињата“  ги содржи тие стихови: „Скопје, радост ти ќе бидеш...“! Арно ама некој, некој на радоста случајно или намерно посака да и ги „скрати крилјата“. Да ја присвои и (зло)употреби за лични, политички цели... И тоа токму за 50-годишнината. Зашто, како поинаку да се протолкува „одлуката преку ноќ“  одржувањето на годинешното јубилејно 50-то поред „Златно славејче 2021“ наместо околу 13-ти Ноември да биде поместено речиси цел месец порано и да се одржи, види „случајност“ на 17-ти октомври, недела, токму на денот на одржување на локалните избори!!? Патем, оваа позната манифестација за деца,  ја организира Советот за грижи и воспитување деца на Град Скопје, што значи дека е под директна капа на градот, меѓу останатото и финансиски. А кој ги дава парите, тој е „газда“ или барем таков глуми и кога кога парите се - наши! Веројатни и затоа по принципот: „Врзи го коњот, кај што газдата ќе каже“, „Славејчињата“ јубилејното гнездо ќе го свијат на денот кој најмногу му одговара на актуелниот „градски газда“ Петре Шилегов, денот на локалните избори, 17-ти октомври! Небаре само тој ден е салата „Борис Трајковски“ слободна? Како друг датум да немаше, па мораше локалните избори и политиката да ги вмешаат своите прсти и во детските песни! Ваквата одлука предизвика бура реакции на социјалните мрежи. Реаграа некои од родителите, реагираше и јавноста, фелата, онаа стручната, музичката... Така композиторот и музички педагог Томислав Таневски на пример, на својот Фејсбук профил остро го осуди овој чин на „груба злоупотреба на децата, детската песна и уметност во служба на политиката“, и тоа од позиција на моќ со туѓи, поточно, наши, народни пари: ПОЛИТИКАТА НЕ ГО ОДМИНА НИ ФЕСТИВАЛОТ ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ!!! „Што да се каже, а да не биде човек разочаран. Најстариот детски фестивал Златно славејче околу 45 години редовно се одржува по повод ослободувањето на Скопје (и химната му е таква), поточно околу 13 Ноември. Откако актуелниот градоначалник на Град Скопје, г-дин Шилегов го посети т.н. директор на фестивалот, одеднаш одржувањето на фестивалот се помести скоро за цел месец и тоа верувале или не токму на денот на изборите 17. Октомври. Сигурно за 50 годишниот јубилеј Шилегов ќе има главен збор. Кај го уништија преку песните овој фестивал, сега го пикнаа и во интерес на политиката. Но, НЕ СЕ ЧУДАМ, ЗНАЕЈЌИ КОЈ ГО ВОДИ овој РЕНОМИРАН фестивал..... Докажано, овие решиле да уништат се' што вреди“  - пишува Таневски и продолжува: „Второ, се ЧУДАМ и на уметничкиот директор МАЕСТРО ЏАМБАЗОВ кој во интерес на одржување на националната пензија се пикнал во глувчешка дупка и МОЛЧИ... Алал нека ви е .... знам дека повеќе родители и ќе реагираат на овој пост, но нема да им замерам и само ќе им кажам...продолжете да давате пари за вашето дете да пее и молчете!!!
СЕПАК ЗА КРАЈ, нека му е честит 50 годишниот јубилеј и секако посакувам во иднина да има по убави детски песни, налик на оние од својот зачеток!!!“ -напиша реномираниот музички уметник, автор и педагог на својот профил! Очигледно на  Шилегов ништо не му е свето, па ниту децата?! Јубилејното 50-то „Златно Славејче“ поместено цел месец порано и наместо на 13 Ноември, ќе се одржи на 17-ти октомври! Фото: Фејсбук принтскрин/Златно Славејче/Tomislav Tanevski/Петре Шилегов
]]>

Сите се против уривање на “Универзална сала“, само Миро Кацаров – „ЗА“, а еве и зошто: Петре Шилегов го вработи во „Универзална сала“ портпаролот на коалициониот партнер – ЛДП, само еден месец пред изборите https://arhiva.vistina.com.mk/site-se-protiv-urivanje-na-univerzalna-sala-samo-miro-kacarov-za-a-eve-i-zoshto-petre-shilegov-go-vraboti-vo-univerzalna-sala-portparolot-na-koalicioniot-partner-ldp-samo-eden-mesec-pred-izborite/ Sat, 01 Aug 2020 07:51:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161547

Идејата која ја промовираа поединци од градската власт на чело со скопскиот градоначалник Петре Шилегов за уривање на „Универзална сала“ и распишаниот конкурс за правење на некаков парк со летна сцена на нејзината локација, предизвика бура во јавноста која се' уште не стивнува. Покрај негодувањата на народот, секојдневно се јавуваат со свое мислење и став и јавните личности, најмногу уметниците од разни области: музичката, драмската, балетската... на кои и најмногу и најчесто „Универзална сала“ им била втор дом, местото каде или поникнале и започнувале или каде ја овековечиле својата кариера со фестивалски, соло, настапи на разни манифестации, збиднувања, настани, престави... Не помалку гласни се и новинарите и радио и ТВ водителите кои ја третираат културата и естрадата, но и разни автори: композитори, текстописци, аранжери, музички и извршни продуценти, сценаристи, режисери... Медиумите на „случајот „Универзална“ секојдневно му даваат полн третман, па така деновиве порталот „Вечер прес“ третирајќи ја темата направи своевидна анкета со изјави на јавните личности, меѓу кои имаше и познати пејачи, музичари, текстописци, ДЈ-и, новинари, музички работници... И сите до еден во своите изјави беа на став дека „Универзална сала“ не треба да се урива, туку или да се реновира постојниот објект или да се возобнови одново на истата локација, но никако да се дислоцира и на тоа место да се гради некаков парк! Сите до еден, освен ЕДЕН - ТВ водителот Мирослав Миро Кацаров, кој во својата изјава децидно вели: „Зошто да не се урива? Ќе се изгради нова, најмодерна, најграндиозна на Балканот. Далеку поубава од оние во Загреб и Белград или Софија. И на нова локација ќе биде. Верувајте, Градоначалникот има одлична идеја заедно со архитектите.“ Легитимно е секој да има право на свој став и свое мислење и тука нема ништо спорно, освен едно нешто. Оддамна е познато дека штипјанецот Миро Кацаров не е само лице од ТВ екраните, туку и политички функционер, односно портпарол на Либерал - Демократската Партија (ЛДП), која како „цврст приврзок“ е коалиционен партнер на владеачката СДСМ, од чии редови е градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, а „Универзална сала“ како што е познато е под капата токму на градската власт. Но, причина повеќе во изјавата на водителот: „Зошто да не се урива?“  е и нешто друго, што малкумина во јавноста го знаат. Имено, партиските вработувања пред избори станаа фолклор на власта, стил на живот, начин на работа и однесување, па така скопскиот градоначалник Петре Шилегов само еден месец пред тукушто завршените вонредни парламентарни избори 2о2о, ќе го вработи Мирослав Миро Кацаров - портпаролот на својот коалиционен партнер ЛДП, токму во „Универзална сала“ на позицијата: Соработник за сценско-музичка дејност, за плата од околу 400 евра! И не само него, туку уште три други лица, што значи вкупно четворица нововработени на 30 дена пред избори во сала што не работи и сакаат да ја уриваат!? Нелогично и трагикомично! Затоа ТВ водителот, партиски портпарол, а отсега и Културно-Уметнички Работник, со глава и брада, со раце и нозе, а Бога ми и нокти го брани ставот на „братот“ од челната фотелја на градската власт! Патем, заради пропустите во процедурата на директорот на „Универзална сала“, (кој е исто така нивно кадровско решение)  и необезбедената финансиска согласност од Министерството за финансии на Македонија за вработување на Кацаров и останатите тројца, настанал правен вакум, па вработените во „Универзална сала“ неколку месеци пред изборите не можеле да земат плата! Случка која исто така претходно осамна во јавноста.]]>

„Нема шанси да дозволиме“: На народот му се придружија музичките уметници и естрадните ѕвезди, па под притисок на јавноста, Шилегов се уплаши и ретерираше за уривањето на Универзална сала! https://arhiva.vistina.com.mk/nema-shansi-da-dozvolime-na-narodot-mu-se-pridruzija-muzichkite-umetnici-i-estradnite-dzvezdi-pa-pod-pritisok-na-javnosta-shilegov-se-uplashi-i-reterirashe-za-urivanjeto-na-univerzalna-sala/ Thu, 30 Jul 2020 08:28:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161191

Идејата за уривање на Универзална сала ја крена јавносрта на нозе, го бунтуваше народот, кому му се приклучија и голем дел од актерите, музичките уметници, естрадните ѕвезди... па скопскиот градоначалник Петре Шилегов под притисок на јавноста, се уплаши и преку ноќ се премисли, па ретерираше во ставот за уривање на Универзална сала! Од вчерашниот прес (среда, 29 јули 2020) наваму, паркот веќе никој не го споменува. Шилегов “уцвика“ па го премолчи, давајќи три нови предлози со можност за референдумско изјаснување што ќе биде со Универзална сала? Обновена и реновирана на истото место, Новоизградена и дислоцирана на друга локација или двете заедно: И реновирање на постоечкиот објект и изградба на уште една, нова сала на друго место! Но, тоа не ја запре лавината на негодувања која ја предизвика неговата „штик проба“ на мала врата да протне „голема бизнис“, па цунамито од реакции не стивнува ниту на социјалните мрежи, ниту во медиумите. Еве неколку реакции за денес на некои од најистакнатите музички уметници и естрадни ѕвезди во Македонија, имиња кои не само што ја полнеле Универзална сала, туку луѓе кои знаат што значи да се има еден ваков епски храм на културата. Македонската гитарска легенда и најзначајниот музички уметник во поп-рок-џез културата не само во Македонија туку и пиошироко, Влатко Стефановски, кусо се обрати  преку својот официјален Инстаграм профил со порака: „Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Мек Којтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал... и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго нееееееее“, напиша Стефановски на Инстаграм. Најголемата македонска поп ѕвезда по заминувањето на Тоше Проески, идолот на младите генерации и пејачот чии хитови ги пејат и повозрасните, а токму во таа Универзална сала и како простор и како институција - организатор на Македонскиот радиски фестивал МАРС неговите песни последниве неколку  години во низа поред беа прогласувани за хитови на годината, Влатко Лозаноски - Лозано за Вистина.ком.мк го произнесе своето мислење: „Дефинитивно треба да се направат некакви потези, превземат чекори за Универзална сала да се реновира или да се реобнови на истата локација. Универзална е уметнички музеј, дел од македонската музичка концертна историја. Таму се спомените и почетоците на многу уметници, но и на конзументите на уметноста. Се надевам дека ќе се има слух за да не се урива, туку  ќе пронајде соодветно решение и Универзална ќе го врати стариот сјај како порано“ - изјави популарниот Лозано за нашиот портал. И македонската поп пејачка Ребека, која не само во својство на естраден уметник туку и како еден од основачите на здружението на граѓани за лица со дисфунцкии, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ‘‘Дајте ни крилја‘‘  се огласи на социјалните мрежи потенцирајќи ја важноста и неопходноста од постоењето на Универзална сала. И тоа не само културен храм, туку и место каде хуманоста безброј пати се покажала на дело, а таа била сведок, протагонист и непосреден учесник и во двете: И во естрадно-уметничките перформанси и во хуманитарните настани и настапи. „Нема шанси да дозволиме!!! Универзална е поврзана со десетици најубави спомени од моето детство и музичката кариера. Тука втор пат отидов на концерт на,Златно Славејче после оној на Бело Копче во Маракана. 50тина мои настапи во Универзлна/Universal Hall, награди кои таму ми беа доделени...Се сеќавам кога настапив на Мис на Македонија,со трчање од автобус накај Универзална само што стигната од Србија(Белград) каде што снимав видео за песната Едно,се сопнав,а тоа штиклата пукнала. Излегов на сцена и пеев пред Северина која носеше преубав бел фустан и на самиот почеток штиклата се скрши. Ги соблеков двете и продолжив боса. Летав на сцената од среќа и се забавував до бескрај. Неколку Златни Буба Мари, 12 Величевствени, неколку гостувања на концерти,меѓу кои на мојот драг Игор Џамбазов,Борис Трајанов,Ребис и двата концерти и дуетот со Оливер Драгоевиќ. Нема да го заборавам и настапот со Стефче Стојкоски на вечерта посветена на Егејците кога ја испеав Со маки сум се родила и му ја посветив на мојот,сега веќе покоен дедо Атанас Катиновски Гоче. Стана дедо ми од седиштето додека пеев и плачеше таму пред целата публика, а потоа сите се расплакавме со него. Концерти на големи светски имиња на наши доајени,колеги се длабоко врежани во моите сеќавања,театарски представи,балетски представи и уште колку многу настани кои токму таму се одржуваа. Ве молам не ја рушете Универзална!!! Не можам да го замислам Скопје без Универзална! Универзална треба да ја чуваме и да ја обновиме,а не да ја рушиме!!!“  ]]>

Ако ја урнат „Универзална сала“, СДСМ и Петре Шилегов ќе бидат новите варвари на 21-от век!? https://arhiva.vistina.com.mk/ako-ja-urnat-univerzalna-sala-sdsm-i-petre-shilegov-kje-bidat-novite-varvari-na-21-ot-vek/ Wed, 29 Jul 2020 12:51:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161098

Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов одлучија без да прашаат ниту еден граѓанин Универзална сала да се урива и на нејзино место да никне некаков парк со летна сцена?! Информација која ја крена јавноста на нозе, особено заради долгите ветувања дека македонскиот храм на културата ќе биде реновиран и модернизиран и конечно пуштен повторно во функција како вистинска и единствена специјализирана концертна сала во македонската престолнина. Повеќе од 55 години Центарот за организирање на приредби „Универзална сала“  е единствениот објект во градот Скопје и во цела Македонија, кој е специјално дизајниран и наменет за одржување на сценски и музички настани, манифестации, концерти, фестивали, театарски и балетски претстави, танци, па дури и спортски настани и други специјални содржини од областа на културата и уметноста, воопшто. Со своите програми и активности, тој не само што се одразува на јавниот интерес на граѓаните на град Скопје и Македонија, туку повеќе од половина век тоа е култно место, поточно епицентарот на културните и уметничките збиднувања во метрополата. Илјадници концерти, стотици претстави, фестивали, манифестации, приредби... се одржале на нејзината сцена. Но,  Универзална беше исто така дом на стотици прослави, конвенции, презентации, собири, симпозиуми, конгреси ... па се до место каде идните генерации академски граѓани полагале приемни испити за запишување на еден од скопските факултети. Најголемите домашни и светски уметници на рок, блуз, џез, класичната музика, танцот или фолклорот, најпопуларните балкански музички sвезди, актери и балетски уметници и танчари настапиле на нејзината сцена! На македонските организатори и изведувачи на сценски и музички настани, Универзална им беше како втор дом, а многу од нив ги направија своите први чекори во нивните кариери преку детските фестивали или фестивалите за возрасни, а подоцна и својата слава ја крунисаа и овековечија преку првите самостојни концерти токму тука ... во легендарната Универзална сала! Не е невообичаено да се каже: „Кој не ја наполнил Универзална барем еднаш, тој не се признава за уметник!“ Универзалната сала е култно место кое важи како сала за културни операции во градот Скопје. Затоа Универзална, како и секое култно место, го заслужува своето место во легендите. Денес, во 21 век, во време на ултра брз развој на технологијата и комуникациите, ова место заслужува на идните генерации да им остане како сведоштво за сето она што се случувало во изминатите повеќе од пет и пол  децении во градската лулка на културата, наречена Универзална сала, а со тоа и во Македонија. И сето тоа, како сведоштво за минато време како културен споменик за новите генерации, но и како благодарност до сите оние кои како директни протагонисти, изведувачи, организатори, вработени, соработници, помагачи, патрони, донатори ... кои ја создаваа културата и културните навики на главниот град и на државата. И, конечно, како благодарност до милионската публика што парадираше низ времето и настаните во културниот храм на метрополата, во нашата, единствена Универзална сала, која нагризана од забот на времето, за жал,  речиси 6 години зјае празна, чекајќи ја својата обнова! Но, Универзална сала не е само обичен концертен простор. Според многумина, а и начинот на кој е создадена, Универзална сала е и своевидно обележје на Скопје, дел од неговиот градски идентитет. Како што Калето, Камениот мост, Старата железничка станица, црквата свети Свети Спас или Свети Пантелемон на Водно, ГТЦ, Милинеумскиот крст... се културно историски споменици или паметници - секој на своето време и својата епоха, така и Универзална сала која е изградена со донациите како резултат на светската солидарност и помош по катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 год, е своевиден паметник на културата! Токму затоа ова светилиште на културата мора да остане нечепнато. Да, реновирано и обновено, во ново современо руво, архитектонски и технолошки осовременето, но сепак тука, на ова исто место, на оваа света локација, во срцето на македонската престолнина - Скопје! Помислата на било какво уривање или дислоцирање е злосторство против културата и општоцивилизациските норми, какво што историјата  до сега не памети. Или памети само во неколку случаи: Кога Вандалските племиња го опустошиле Рим,  кога Талибанците во Авганистан во долината Бамијан ги уриваа познатите џиновски статуи стари над две илјади години или кога џихадистите од Исламската држава го ограбија, па со булдожери го разораа древниот асирски град Нимруд во северен Ирак, едно од највредните археолошки наоѓалишта во регионот и воопшто во светот. Затоа, ако посегнат по уривање на Универзална сала, СДСМ и скопскиот градоначлник Петре Шилегов ќе бидат новите Варвари на 21-от век!]]>

ГРАЃАНИТЕ ГНЕВНИ: Ветуваше и Шилегов во кампањата за локалните, ветуваше и портпаролот на Скопје „УНИВЕРЗАЛНА НЕМА ДА СЕ РУШИ“ https://arhiva.vistina.com.mk/gragjanite-gnevni-vetuvashe-i-shilegov-vo-kampanjata-za-lokalnite-vetuvashe-i-portparolot-na-skopje-univerzalna-nema-da-se-rushi/ Tue, 28 Jul 2020 12:23:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160940

Јавноста втор ден е револтирана од одлуката на град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да ја сруши Универзалната сала без да праша нити еден граѓанин. Со вчерашната одлука Шилегов буквално предизвика нов земјотрес во главниот град. ГРАЃАНИТЕ ГНЕВНИ: Ветуваше и Шилегов во кампањата за локалните, ветуваше и портпаролот на Скопје „УНИВЕРЗАЛНА НЕМА ДА СЕ РУШИ“ Граѓаните револтирани поради тоа што тој три години зборува дека ќе се реновира Универзална сала и дека на тоа место ќе никне модернистички културен центар, а тоа и го ветуваше во својата изборна кампања во 2017 година на локалните избори. „Новата градска администрација веднаш ќе ги одблокира процесите за реновирање на Универзална сала“, ветува Шилегов во својот мандат. Истото ветување можете да го слушнете на 2:40 минути. Инаку претходно пред само девет месеци портпаролот на град Скопје Ваљон Салиху исто така ветуваше дека Универзална сала е култна културна институција во градот и дека штом до крајот на 2019 ќе се донесе идејно решение ќе биде претставено пред граѓаните. Сепак ова е само уште еден доказ за (НЕ) работата на градските власти која народот ќе ги казни на локалните избори идната година. Една од револтираните граѓани кои јавно го искажа тоа е и Жанета Трајковска директорката на Институтот за комуникациски студии. -Еве што беше ставот на Градот САМО пред 9 месеци за Универзална сала. Клучни зборови: “култна културна институција во Градот”, “среќни сме што Владата ја стави Универзална во капиталните инвестиции и ќе помогне финансиски на Градот”, “до крајот на 2019 идејното решение ќе биде претставено пред граѓаните и ќе почне да се реновира”. Што се смени од октомври 2019 до сега?! НемаТ пари или пак, можеби овде паркче, ама Треска има да се изгради до крај?! Не знам, ама ние чекавме план за реновирање, а не за рушење, оти ВИЕ така рековте. Или не сте биле сериозни во ставовите, ни Градот, а богами ни Владата во делот на капиталното инвестирање, стои во нејзиниот пост на Фејсбук. Инаку вчера и актерката Јелена Жугиќ преку статус на Фејсбук му упати порака на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов дека три години ги матка скопјани во врска со Универзнална сала. -Петре Шилегов, Три години ги маткаш Скопјани, после предизборните спотови со децата од Златно Славејче на тема- Универзална Сала бренд и приоритет за изградба во твојата програма, потпишавте меморандум за соработа со раста министер култура, па долго време си ја префрлавте топката кој ќе гради, оти нели излезе Град Скопје нема пари па ја префрлавте изградбата на Министерство Култура, па тоа се произнесе дека нема предвидено буџет за таа намена, па добивте пари од влада за реконструкција, чинам 30 милиони денари…па лично ти Петре изјави како одговор на мое советничко прашање мислам октомври 2019, дека до декември 2019 ќе ги информираш официјално граѓаните дали ќе се реновира и реконструира или ќе градите нов објект … Јули 2020 протнуваш инф за парк и летна сцена на најубавата локација за сала од тој тип, а Градскиот Парк е во непосредна близина?!? При тоа никаков детал каде и кога ќе биде новиот објект на Универзална Сала, оти дури сега ќе почнете дебати за локација на концертната сала… Во меѓувреме луѓето кои се вработени во културната институција под Град Скопје Универзална Сала, се безбедносно загрозени со секое одење на работа, оти објектот се распаѓа( за вработените ќе адаптиравте спрат од библиотеката Браќа Миладиновци?!?!!!??)… Просек буџет кој секоја година Град Скопје го доделува на УС иако нема скоро никаква културна активност е 13милиони денари годишно ?!? -чисто за споредба , со 3 милиони денари во Театар Комедија сум продуцирала три премиери кои полнеле сали и биле профитабилни!!! Него, “живеј”, ти Петре ќе си заминеш и ќе дојде друг Градоначалник кој тоа што ќе го вети во предизборната кампања тоа и ќе го исполни?, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Извор:Курир.мк ]]>

Извор:Курир.мк ]]> Паника во „Бекстејџ“ и ЛДП – Миро Кацаров последен му правеше интервју на Петре Шилигов: „Ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли тест дали си болен или не од корона?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/panika-vo-bekstejdz-i-ldp-miro-kacarov-posleden-mu-praveshe-intervju-na-petre-shiligov-livche-sportska-chekash-pa-se-nervirash-se-jadesh-od-vnatre-a-zamisli-test-dali-si-bolen-ili-ne-od-korona-foto/ Thu, 25 Jun 2020 06:59:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155485

Минатата недела градоначелникот на Скопје, Петере Шилегов објави дека е позитивен на коронавирусоти се повлече во 14 дневна изолација. Разбирливо, сите што биле со контакт со него и околу него, беа доведени во опасност да им ја пренесол заразата, а последното интервју Шилегов го даде за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ каде разговараше со водителот Миро Кацаров! Едниот со спуштена заштитна маска под брадата, другиот и без маска! Во исто време, Миро е и портпарол на Либерално - демократската партија на Македонија, па, по сознанието дека скоскиот градоначалник е позитивен на Ковид 19, ете ти паника и во продукцијата и во партијата и во „Бекстејџ“ и во ЛДП! Во меѓувреме, Кацаров се повлече во самоизолација, ама отиде и самиот да направи корона тест во најпознатата скопска приватна клиника. Резултатите нормално, не ги добивате веднаш, па затоа и Миро и сите во продукцијата и редакцијата на „Бекстејџ“ кои потоа биле со него во контакт, како и оние од партијата чиј гласноговорник е, стрепеа, со страв исчекувајќи го резултатот од тестирањето. И конечно, завчеравечер резултатите стигнале, а вчера, среда 24 јуни 2020 г. напладне, резултатот од коронатестот на Миро Кацаров и јавно го обзнани, а уредничката на естрадниот ТВ магазин „од зад сцената“ Ева Јакимовска,  го сподели на социјалните мрежи. „Во доставениот примерок НЕ Е ДЕТЕКТИРАНА специфична секвенца за присуство на Корона СоV-2“ - пипшува во медицинскиот наод кој и самиот водител јавно го сподели на својот Фејсбук профил, заедно со соопштението за својата приказна, за тоа како изгледа да минуваш низ голгота чекајќи да дознаеш дали си или не си позитиван на корона!? „Другари и другарки,минатата недела моето последно интервју во Бекстејџ беше со градоначалникот Петре Шилегов. Откако јавно соопшти во саботата градоначалникот дека е позитивен на вирусот Ковид-19, самоволно и самоиницијативно се повлеков во самоизолација која е една од најдобрите мерки за заштита на популацијата од дополнителни ширење на коронавирусот. Со тоа ги заштитив првенствено моите родители, роднини,другари и пријатели и сите кои можеа наредните денови да бидат во мое друштво и присуство. Уште истиот ден се консултирав со мојот пријател и еден од најдобрите доктори,професорот Никола Пановски кој ми даде одлични совети како да постапам и кога да се тестирам.  Анализата за мене покажа дека осмиот ден од контактот со градоначалникот би бил најпогоден за тест и да биде релевантен истиот, па тоа и го напраив, бев и се тестирав, притоа без никакви симтоми. Вчера вечер ми стигнаа резултатите кои и јавно ќе ги соопштам дека сум НЕГАТИВЕН на вирусот Ковид-19. Се извинувам на сите кои беа во мое опкружување до пред информацијата да ја објави јавно градоначанилникот и беа малку уплашени, но ете вирусот за среќа не е пренесен на никој. Со ова уште еднаш се докажува дека ова зло е меѓу нас и се повеќе ќе имаме контакт со луѓе кои го имаат или го прележале. На никој не му посакувам дома да седи и да чека резултати дали има коронавирус или не, чуството е грозно, мозокот ти мисли на све и сешто, на тв и на ФБ само за тоа се збори, а ти си немоќен во затворен простор. Или по сликовито, ливче спортска чекаш па се нервираш, се јадеш од внатре, а замисли ова е тест дали си болен или не од корона?“ - напишал меѓудругото покрај споделените резултати од коронатестот Миро. И продукцијата и колегите од редакцијата, а и оние од партијата можат да здивнат. Нивниот колега водител кај едните и портпарол кај другите, сепак, за негова и нивна среќа - е здрав! Сега „шоуто може да продолжи“... И естрадното, а и она изборното.  ]]>

Сам себе се демантира: Петре да ти бил „десничар“ до балчак… до последна капка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sam-sebe-se-demantira-petre-da-ti-bil-desnichar-do-balchak-do-posledna-kapka-foto/ Mon, 27 Apr 2020 08:58:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146668

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов наместои да се фати во костец со проблемите за кои што е и платен со наши пари,  фати да се докажува на Фејсбук кој е поголем фраер, хуманист, душегрижник, кој бил почовечен...  При тоа гордо удирајќи се в гради дека е „левичар до коска“, навредувајќи ги „до срж“ идеолошките неистомисленици од „десницата“ со најпогрдни зборови... Со вокабулар во стилот еден од најжолчните социјалдемократски медиумски поддржувачи, нивниот Тричко, па „оние десните“, ги нарече „себични простаци, кои со десна се крстат, а со лева крадат“! Арно ама, на истиот тој Фејсбук кој на Петрета му служи како (зл)огласна табла за да ја истресе сета своја горчина што веројатно му се насобрала од мамурлокот по вечерната дружба со одредени „деривати“, некој се потрудил веднаш да го демантира и да ја разреши дилемата, за повеќе да нема недоумица што е „левица“ а што „десница“! Скопскиот градоначалник  очигледно „левичар“ е само декларативно, на социјалните мрежи. Другото го прави со десна... Особено кога треба да се наздрави со чашка, две, три...  „добра капка“ на одреден „дериват“! Или што би рекле, Петре да ти бил „десничар“... до балчак, до последна капка! Комунистите по идеолошка определба не се крстат, па левата му останува само за... Не, не за крадење, како што самиот тој ги прозва политичките опоненти од „десницата“. Овие од „левицата“ ги користат и двете раце... Обилно! До срж! До балчак! Кога им се двета раце слободни, секако!    ]]>

Го прашаа Петре Шилегов кој му е најдобар пријател за во кафеана, а градоначалникот го наброја половина СДСМ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/go-prashaa-petre-shilegov-koj-mu-e-najdobar-prijatel-za-vo-kafeana-a-gradonachalnikot-go-nabroja-polovina-sdsm-video/ Mon, 23 Dec 2019 13:56:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125484

Празниците са на прагот, а празничната магија и еуфоријата веќе ги зафаќа сите па и скопјани. На градскиот плоштад Македонија годинава се одвива „Winterland“, предновогодишната манифестација со програма и организација слична на оние кои досега сме ги гледале само по странските метрополи. Сите празнично расположени, па дури и имињата од политичката сцена, во случајовд организаторите - градот Скопје, кои тргнаа во обиколка на од нив поставеното на скопскиот плоштад. Меѓу нив и скопскиот градоначалник, кој застана пред камерата на ТВ магазинот „Бекстејџ“. Петре Шилегов одговараше воглавно на неполитички прашања, а меѓудругото без размислување откри и кој му е најдобар пријател за во кафеана од политичарите, што му подарила неговата сопруга изминатата 2019 за новогодишните празници, каква новогодишна честитка ќе упати кон политичарите... Целото интревју погледнете го во продолжение: ]]>

Еве каква предновогодишна порака му упати Мартин Филиповски од „Некст тајм“ на Дино-Мерлин (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kakva-prednovogodishna-poraka-mu-upati-martin-filipovski-od-nekst-tajm-na-dino-merlin-foto/ Thu, 19 Dec 2019 08:58:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124701

Новогодишниот настап на Дино-Мерлин за „сто бона“ на скопскиот плоштад предизвика многу контроверзи и кај јавноста, но и кај домашната естрада. Настрана како дошло до до тоа токму тој да биде изборот за новогодишен забавувач, астрониомската цена која треба да се плати, па и уште молчењето на градоначалникот Шилегов, кој е споменатиот спонзор што ќе ја плати сметката за журката во највеселата ноќ на скопјани. И додека социјалните мрежи вријат, медиумите се полни со написи и наслови на тема: Како „финансискиот волшебник“ Петре го донесе музичкиот волшебник Мерлин за сто бона за Нова година во Скопје, први од домашната естрада се огласија членовите од „најмакедонската“ група „Некст Тајм“ или поточно половината од дуото близнаци, гитаристот Мартин Филиповски. Тој спојувајќи ги двата феномена: скопската магла и босанскиот пејач, преку својот профил на Инстаграм му упати порака на колегата  Дино - Мерлин од Скопје. Објавувајќи ноќна фотографија на македонската престолнина на која од густата магла не се гледа „прст пред око“, иронично му посака „топло добредојде“ на босанскиот пејач со зборовите:  „Дино-Мерлин... Те чекаме во Скопје“! Тагирана стори порака со скриен повик на бојкот или порака до градоначалникот Шилегов за сеењето магла околу „фрлените пари“, сеедно... Ионака, за многу пари и тие што ќе дојдат - нема ништо да видат... Ако воопшто издржат да не се задушат во скопскиот смог.  