петре и волкот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Sep 2021 12:34:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png петре и волкот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Симфониски концерт за деца „Петре и волкот“ во Прилеп https://arhiva.vistina.com.mk/simfoniski-koncert-za-deca-petre-i-volkot-vo-prilep/ Mon, 13 Sep 2021 12:34:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218947

На 17 септември 2021 (петок) од 19.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде изведен симфонискиот концерт за деца „Петре и волкот“. Диригент е Борјан Цанев, наратор Мартин Јорданоски. Влезниците за концертот се бесплатни, а ќе можат да се подигаат во четврток од 10 до 12 часот и во петок од 10 до 12 часот и од 17 до 19.00 часот. Ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од корона вирусот. Симфониската поема „Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот. Наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре. Гостувањето на НУ Филхармонија на РСМ во Прилеп, е поддржано од Министерството за култура и е дел од мисијата да се влијае врз музичката едукација на младите.]]>

Популарната оркестарска бајка „Петре и волкот“ во МОБ https://arhiva.vistina.com.mk/popularnata-orkestarska-bajka-petre-i-volkot-vo-mob/ Wed, 31 Oct 2018 13:37:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55538

В недела, во Македонската опера и балет, во 11 часот ќе биде изведена една од најпопуларните оркестарски бајки за деца – „Петре и волкот“ од рускиот композитор Сергеј Прокофјев. Под диригентство на младиот, но веќе искусен диригент Ангел Спироски, свитата ќе ја изведе реномираниот ансамбл „Контемпора“, а низ приказната најмладите ќе ги води актерот Дејан Лилиќ, во улога на наратор. „Петре и волкот“ е музичка бајка во која наратарот ја раскажува приказната, додека оркестарот ја илустрира со различни музички инструменти. Свитата е напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот. На пример, во „Петре и волкот“ флејтата е птица, обоата е патка, кларинетот е мачка, фаготот е дедото, гудачките инструменти се Петре, итн. Всушност, приказната го следи младиот Петре кој поминува некое време во куќата на својот дедо, која, пак, е сместена во шума. Еден ден тој не сакајќи ќе ја остави вратата од дворот отворена, и покрај тоа што дедото ќе го предупреди да не го прави тоа бидејќи во шумата живее опасен волк. Петре во тоа нема да верува, но кога навистина ќе се појави волкот, тогаш почнува неговата авантура, обидувајќи се да го фати. Концертот е во организација на Сојузот на композиторите на Македонија, а билетите по цена од 150 денари. извор:скопјеинфо.мк]]>