петар станоевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 15 Feb 2023 12:53:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png петар станоевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Станоевски – Игимен во чест на татко му, заедно со Пијан Славеј ги вратија времето и спомените во – „Мисла од свила“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-stanoevski-igimen-vo-chest-na-tatko-mu-zaedno-so-pijan-slavej-go-vratija-vremeto-i-spomenite-vo-misla-od-svila-audio/ Wed, 15 Feb 2023 12:47:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289059

Младиот ликовен уметник, музички автор и гитарист, Игор Станоевски, алијас Игимен сними нова песна која е подготвена за радио промоција, со најава со која го привлече вниманието, а го поврзува со своите семејни корени. „Станува збор за наследена песна од татко ми за која напишав текст, а на неа гостува вокалистот Бранислав Николов алијас Пијан славеј од  култните „Фолтин”. Оваа песна е снимена во “Студио Алшар”. Тон Мајстор е Ивица Јанкуловски со кого ја делиме и продукцијата на песната. Се појавуваат Дарко Мучев Мучо на бас и Бодин Попов на тапани, додека гитарите ги свирам јас, во насока и стилот на татко ми со цел да го доловам неговиот тон“, вели Игор. Интересно е што музичката тема датира од крајот на 70-тите или почетокот на 80- тите години и е дел од арсеналот на песни кои ги наследил од својот татко, познатиот музичар и новинар Петар Станоевски, кој за жал прерано не напушти.   „Со неа сакам да го најавам претстојниот албум Unforgetable You посветен на татко ми. Албумот е завршен минатата година. Меѓутоа мислам дека му недостигаше песна на македонски јазик, покрај неколкуте теми на англиски јазик, како и инструменталните композициции кои доминираат на албумот“ , раскажува музичарот за песната и албумот во најава. Петар или Перо– Пешак како што го знаеја во скопските музички кругови, беше новинар и уредник во дневниот весник “Вечер”, одличен музичар и извонреден гитарист, посветен на рокенролот и блузот. Дел од дуото „Ловци на бисери”, со кои своевремено извадија и касета и остварија низа гостувања во различни музички емисии и сопствено шоу на Македонската телевизија. Како звучат Игимен и Пијан Славеј во „Мисла од свила“, проследете во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Почина Петар Станоевски, новинар во „Вечер“, музичар и рок гитарист https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-petar-stanoevski-novinar-vo-vecher-muzichar-i-rok-gitarist/ Wed, 20 Jan 2021 09:07:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185830

На 19 јануари, 2021 година, вторник, почина колегата долгогодишен новинар во редакцијата на дневниот весник „Вечер“ и музичар, рок и блуз гитарист, Петар Становски. Станоевски беше и еден од организторите на манифестацијата вечерово лицена годината, односно „ТВ лице на годината“ која со години се одржуваше избирајќи ги најпопуларните лица од шоубизнисот, естрадата, културата, спортот, уметноста, филмот, театарот, телевизијата... Петар или Перо - „Пешак“ како што го знаеја во скопските музички кругови, беше и одличен музичар, извонреден гитарист кому рок ен ролот и блузот му беа и во крвта и во прстите. Од неколкуте групи кои самиот ги оформи или во нив членуваше, најмногу ќе остане запаметен по дуото „Ловци на бисери“ во кое покрај него беше уште и клавијатуристот и музички продуцент, Бранко Попчевски. Меѓу бројните збогувања на социјалните мрежи со Петар Станоевски на пријателите, македонските музичари и музички работници, колегите - новинари..., неговата некогашна колешка од редакцијата на „Вечер“, новинарката Марија Таушанска - Анастасовска, во својот проштален статус на Фејсбук напиша: „Не напушти и Петар Станоевски, новинар , гитарист, композитор...Со години бевме колеги во нашиот „Вечер“, делевме и добро и лошо. Ми помогна многу во еден тежок период од мојот живот, нема да го заборавам никогаш тоа. Заедно го подготвувавме последниот избор на Вечерово ТВ лице на годината во 2006 г., за кој и сега се зборува. Патувај кон светлината Перо, ќе остане музиката на бендот „Ловци на бисери“, во кој членуваше со Бранко Попчевски, многу настапи, дружби, спомени...“! Редакцијата на нашиот портал Вистина.ком.мк искажува последен поздрав на Перо, со кој некои од нас лично се познаваа и соработуваа, со изрази на длабоко и искрено сочувство до семејството.    ]]>