петар георгиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Feb 2024 09:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png петар георгиевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Двајца познати македонски музичари останаа без еден од своите родители: Почина мајката на Пере од „Нокаут“ и татко му на Перо – „Камиказа“ од „Меморија“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dvajtsa-poznati-makedonski-muzichari-ostanaa-bez-eden-svoite-roditeli-pochina-majkata-na-pere-od-nokaut-i-tatko-mu-na-pero-kamikaza-od-memorija-foto/ Mon, 05 Feb 2024 08:16:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337388

Овој викенд беше навистина тажен за две од најголемите македонски музички имиња и нивните семејства. Двајца познати музичари, двајца лидери на едни од најпознатите и најголеми македонски поп-рок бендови  остаа без еден од своите родители. Имено,основачот и лидер  на култната македонска рок група „Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо - „Камиказа“остана без својот татко Ристо, кој почина во сон, во длабока страост на 97 годишна возраст. Но родител е родител, без оглед на возраста и разделбата со најсаканите, со оние кои ни дале живот, не подигнале, растеле, воспитувале, се радувале и тагувале со нашите успеси и недаќи е секогаш тешка и болна. Перо веста за заминувањето на својот татко  јавно ја објави на својот Фејсбук подолг статус, опишувајќи го во дузина реченици животот на неговиот татко.
„Даскалот
На 97 годишна возраст денес во сон замина мојот татко и животен учител.Беше човек кој растеше без татко, бидејќи по усмртувањето на попот Ѓорги(нивниот дедо) од страна на грчките андарти, баба Лена(нивната мајка) сама се бореше и подигаше три сина, бидејќи дедо ми Спасо,бега во непознат правец.Брат му Петре ја превзема на себе сета одговорност, но и тој гине во Егејска Македонија како командант на воената област во Леринско, предаден и запален до темел со првата напалм бомба фрлена во село Сорович, заедно со останатите команданти на ДАГ. Од него не остана ниту прашина! Татко ми ја преживеа втората светска војна како командант на воената полиција, па како најмлад заедно со баба ми Лена со цело политбиро од Егејска Македонија се префрла во денешна Македонија. Завршува учителска школа, па педагошка академија.Се вработува во основното училиште “Јане Сандански“како педагог и учител.По неколку години станува директор на ова мултинационално училиште, инаку најголемо по ученици во тогашна Македонија каде што го помина целиот свој работен век се до пензионирањето.Човек кој си немаше речено еден лош збор со никого, но строг како педагог подигна на иљадници деца, вкључувајки ме и мене, како најпалав и немирен.Секогаш знаеше заедно со мајка ми да го направат правиот потег, бидејќи беше навистина предизвик да се справат со “фуријата“наречена Перо Камиказа.Можам со фермани да пишувам за него и за љубовта што ја имаа со мајка ми, но тоа ви го оставам вам, мои и негови блиски, ученици, роднини и пријатели.И да, станот во кој живеевме во карпош 3 , го отплаќаше цели 30 години(никогаш не зема ништо од државата со зборовите:(нема да правам покрив над главата со коските на брат ми, можам сам да си заработам ). Ете таков беше Ристаки“ - напишал Перо објавувајќи го и времето и местото на последното збогување и испраќање во вечниот дом на својот починат родител, по што  додал:
П.С. Причека вчера да го прославам мојот 63 роденден, па потоа почина!Сполај ти татко за се, и горе меѓу ангелите со сигурност ќе го најдеш својот мир“ - напишал Перо во прошталниот статус на својот Фејсбук.
За жал викендот беше тажен и за уште еден познат македонски поп-рок музичар. Ден претходно почина Жане, мајката на предводникот на групата „Нокаут“, пејачот Никола Перевски - Пере.  Тажната вест Пере исто така јавно ја обзнани, споделувајќи потресен статус на својот Фејсбук профил покрај семејната фотографија со својата мајка, по нејзиното заминување од овој свет. „Денес, срцето ми е тешко додека се збогувам со жената што ме научи на вистинското значење на љубовта. Мамо, додека не се сретнеме повторно, го носам твоето срце во моето, секогаш и засекогаш. Слава ти… Твојот син Никола со семејството“ - напиша Пере простувајќи се мајка си. Нека почиваат во мир, а редакцијата на Вистина.ком.мк  изразува искрено и длабоко сочувство за ненадоместливите загуби до Перо и Пере и нивните семејства. Фото: Фејсбук/Petar Georgievski - Kamikaza/Nikola Perevski]]>

Никола Наумоски екс шеф на кабинетот на Шилегов, им се потсмеваше на скопската градоначалничка Арсовска и Перо-Камиказа, па овој го испрати на „едно место“: „Тоалети пред се’ – биди така“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-naumoski-eks-shef-na-kabinitot-na-shilegov-im-se-potsmevashe-na-skopska-gradonachalnichka-arsovska-i-pero-kamikaza-pa-ovoj-go-isprati-na-edno-mesto-toaleti-pred-se-bidi-taka-foto/ Mon, 03 Jan 2022 09:29:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233478

Никола Наумоски, познат како „дете на шарените“ во служба на „комуњарите“, братучед на Радмила Шеќеринска и екс шеф на кабинетот на бившиот градоначалник Петре Шилегов, одново се избламира на социјалните мрежи, по оној неодамнешен срам, кога македонскиот великан Горан Стефановски го нарече „обичен гастрбајтер“. Проблематичниот Никола, кој  додека четири години цицаше од градската каса дебела плата и куп бенефиции удобно завален во фотелјата под клима на градоначалничкиот кабинет на Шилегов, дури откако таа фотелја почна да им се лула, почна да крева глава, па овој пат од позиција на „паднат од фотелја“, се дрзна да се потсмева со потезите на новата скопска градионачалничка Данела Арсовска, ставајќи го во контекст еден од предлозите на кандидатот за градионачалник Петар Георгиевски - Камиказа, за поставување на јавни тоалети во Градскиот парк и по кејот на Вардар во Скопје. Откако забележал дена два т.н,. „Тои фора“ се поставени на влезот во паркот и уште дузина други низ него, за разлика од неговото време кога граѓаните вршеа нужда по жбунчиња и грмушки, Никола подбивливо и саркастично, но исо  навредлив статус кон Арсовска и особено Георгиевски се огласил со Фејсбук статус: На ова час поскоро реагираше Петар Георгиевски, па рокерот кој е познат како човек „без влакна на јазикот“ во себесвојствен стил му реплицираше на дрскоста на доскорешното градоначалничко „кабинетско шефче“: „Сељобер-Монокотиледонски... Ти друже што ми посакуваш среќен да умрам, а ја пееш мојата песна 'ДИРЛАДА' пред грчката амбасада со распеани скопјани. Да не сакаш да ти ги оставам авторските права, а?! Сега знам дека со Мирко Попов-дијагноза немате пари за бело, па поминавте на дување лепак кој многу брзо ви го суши мозокот. Набрзо тамо кај што ќе одиш, нема да имаш право на користење телефон... Е токму тамо, ти пожелувам долг и среќен живот и по можност да ги прочиташ делата на Горан Стефановски кој за тебе е селски гастарбајтер и маалски националист... Дотогаш јас среќно ќе трчам, ќе возам точак и пливам, ќе напишам уште по некој хит и ќе го чекам твоето 'воскресение'... И да, ако треба,повторно ќе бидам скретничар на возот во кој ти и таквите како тебе ќе се возат, со една цел, никогаш да не се повторите...После Русе ти си наредниот. Биди така. Тоалети пред се“ - му возврати Перо - Камиказа на Никола Наумовски. Дали „бившиот градоначалничко-кабинетски шеф“ ќе има на ова реплика, а Фејсбук преписката ќе добие ново поглавје, останува отворено прашање?! Впрочем, како и дилемата дали најновиот Фејсбук „сликовит статус“ на Камиказа: „Ем, шуто, ем боде“  е доплнение на веќе искажаното кон Наумоски по теркот: „Ти кажувам (пишувам) ќерко, сети се (прочитај) снао“! Фото: Фејсбук принтскрин/Nikola Naumoski/Petar Georgievski - Kamikaza  ]]>

Перо vs Петре: Перо – „Камиказа“ размислува да се кандидира за скопски градоначалник, а Шилегов уште сега му ги „краде“ идеите? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pero-vs-petre-pero-kamikaza-razmisluva-da-se-kandidira-za-skopski-gradonachalnik-a-shilegov-ushte-sega-mu-gi-krade-ideite-foto/ Fri, 19 Mar 2021 08:48:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194989

Чудна професија е тоа политиката... Или подобро речено, бизнис. Порано се велеше: „Нема бизнис како шоубизнис“, ама денес откако  со коронапандемијата шоубизнисот го прогласија речиси за „умрено“, политиката царува... Впрочем, царувала отсекогаш, особено кај нас, каде од прв ден е бизнис број еден, што се гледа кај голем број политичири, кој во неа влегоа како „голтари“, а од неа излегоа како милионери! Дали можеби некои од наведените причини или познавајќи го, од чист каприц и инает што горенаведеното е токму така, па сака да покаже дека може и поинаку, една позната скопска фаца или поточно, познат македонски лик кој шоубизнисот го има во малиот џеб, а јавноста многу повеќе го знае токму од полето на културата и уметноста, актерот и музичар, Петар Георгиевски - „Камиказа“ најави дека размислува да влезе во политиката. Не дека и пред него немало такви обиди: Велибор Џаровски - Џаро, Игор Џамбазов, Јове Кекеновски, покојниот фолкер Војо Стојаноски, трагично загинатиот рокер Горан Николовски кој беше градоначалник на град Скопје... Позиција која ја пикира и на која токму познатиот лидер на групата „Меморија“ и сопственик на ивент фирмата  „КЛС“ - Перо - „Камиказа“, размислува да се кандидира на престојните локални избори. Деновиве низ скопските кулоари, чаршијата, а и по социјалните мрежи тргна интересна приказна... Дека „Камиказа“ кој ионака е „долг на јазик“ кажувајќи им ја на некои луѓе својата размисла за градоначалничка кандиидатура и идеите кои ги има да ги вментне како проекти во својата програма, преку ноќ стигнале на маса во кабинетот на Петре Шилегов. На актуелниот скопски градоначалник кој има намера да бара и втор мандат од граѓаните му се виделе интересни, па Шилегов уште сега „си се послужил и присвоил“ со некои од наводните идеи на Перо - „Камиказа“. Така, Петар Георгиевски кој меѓудругото последниве години е и успешен маратонец трчајќи ги некои од најпознатите светски маратони во големите градови ширум Европа и светот, предлагал дека би било добра идеја рекреативната стаза покрај кејот на Вардар да се спои по целата нејзина должина без прекини, па македонската престолнина од крај до крај од влез на Скопје до самиот излез, да биде поврзана. И за рекреативно трчање и пешачење, натпревари, велосипедисти, ролање... И види чудо, не минало долго време , а граданочалникот Шилегов тргнал идејата да ја реализира! Наводно, истото важело и за идејата за најавениот трамвај на гуми, трамвај кој наместо по шини се движи по белите линии на патот, кои контролираат стотина сензори. Трамвајот користи гуми и возењето е како со автобус. Долг е 32 метри и висок 3.4 метри. Може да прими 307 патници и се движи со 70 километри на час. Литијум-титаниумските батерии овозможуваат возење долго 25 километри по само 10 минути полнење. Ем ефикасно и брзо, ем чисто и еколошки... А идејата на Перо - „Камиказа“ била неговата линија да води токму покрај стазата по кејот на Вардар, каде би се движел без пречки и не би го забавувал движењето на другите возила во сообраќајот, а би го поврзувал градот од еден до друг крај! Дури и идејата со таканареченото помагање на музичарите со купување на нивни изданија која Шилегов заедно со Радмила Шеќеринска деновиве ја промовираше, Петар Георгиевски - „Камиказа“ тврди дека е инспирирана од него и и неговата објава на социјалните мрежи за изданијата на македонски музички и естрадни уметници и групи кои Музичко-касетната продукција ги издаде во времето на неговото работење на една од раководните функции таму. А сепак не се работи за мала бројка, зашто во прашање се стотина изданија во вид на носачи на звук и слика.   Очекувајќи и последното концертно видеоиздание на „Меморија“ од концертот во „Метрополис арена“ да го вклучат,  како што „Камиказа“ вели,  во „нивната поддршка“, тој ги прозва Шеќеринска и особено Шилегов во својот Фејсбук статус! Дали Петар Георгиевски - „Камиказа“ навистина ќе се реши за градоначалничка кандидатура на Скопје на престојните локални избори, која партија ќе стои зад него или ќе оди како независен „соло“ играч, или ова е само уште една  „Донкихотовска борба со ветерници“- те на власта на „вечниот опозиционер“ во стилот: “Сам против сите“, ќе видиме наскоро. Зависи од тоа дали актерот и рокер има навистина серизони намери да вплови во политиката или... „маратонецот (само вербално) го трча почесниот (предизборен) круг“? „Камиказа“ ако е во нешто вешт, тоа е умешното менаџирање на „кревање прашина“, а Петре Шилегов засега молчи. И за наводно „присвоените туѓи идеи“ и за сопствените проекти кои одат во пакет со новата градиначалничка кандидатурата. Адвокатот против актерот, политичарот контра рокерот... Се случи ли тоа, ако не друго, ќе биде барем ... „весело“! Фото: Фејсбук принтскрин/Petar Georgievski - Kamikaza/Петре Шилегов  ]]>

Перо – „Камиказа“ има вистинско семејно богатство: Три генерации на едно место, повеќе од причина за славје и еден тон радост (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pero-kamikaza-ima-vistinsko-semejno-bogatstvo-tri-generacii-na-edno-mesto-povekje-od-prichina-za-slavje-i-eden-ton-radost-foto/ Mon, 26 Oct 2020 08:08:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172809

Петар Георгиевски - Камиказа, жива легенда... во секој поглед. Од урбана скопска фаца, актерски лик, дел од македонската музичка историја, а последниве години и од спортската, поточно  маратноската атлетска фела. Од времето кога го добил прекарот, преку „Трст виа Скопје“, продукцијата на МРТ и театарот на легендарниот Љубиша Ристиќ во Суботица, рок ен рол сцената и „Меморија“, „КЛС“ и ивент индустријата, па се' до тркачките маратони... Сегде битен човек, важeн штраф, замаец, движечка оска што ги задвижува нештата, кои резултираат со остварувања и резултати. Професионално, но и приватно, како посветен сопруг на неговата животна сопатничка, актерката Даница Георгиевска, среќен татко на две веќе возрасни деца - Христна и Христијан, однеодамна и свекор, белким наскоро, дај Боже и дедо Перо... Но, сите тие професионални достигнувања и остварувања, сета таа семејна хармонија не ќе беше можна и остварлива, да не биле неговите родители, кои и денес се „старите“ или поточно, основните столбови на семејството Георгиевски.  Семејно богатство, со кое ретко кој може да се пофали дека се' уште го има. Чичко Ристо, таткото на Перо славеше роденден, 93-тиот... Повеќе од повод и добра причина, три генерации на семејството да се соберат на едно место... За славје на „денот што го чекаме цела година“  на некогашниот просветен работник и долгогодишен директор на едно скопско основно училиште и за еден тон радост на целото семејство, кое се собра за да му го честита роденденот. Сопругата Христина, со која се близу 70 години заедно, ќерката Мира, синот Перо со снаата Даница, внукот Христијан со сопругата... Недостасуваше само „оправдано отсутната“ внука  Христина. „Богатство... Денес, татко ми наполни 93 години, а со мајка ми се близу 70 заедно. Исклучително горд на тоа што на скоро 60 години,  се' уште сум дете за тато и и мама. Во услови на пандемија, само скромен семеен албум, малку пита, торта и радост еден тон. Да даде  Господ уште долго време да се радуваме на нивната љубов.  И да, за историја не ми требаат разно-разни комисии. Имам жива македонска енциклопедија со бистар ум како на момче“ - напиша Перо во славеничкиот статус на својот Фејсбук профил покрај споделените семејни фотографии  на трите генерации од нивното семејство на прославата на татковиот роденден... ...Со пита, торта, еден тон радост и безброј сеќавања и убави спомени на годините... Дај Боже, нека се множат! ]]>

Лидерот на „Меморија“, Перо – „Камиказа“ заврши во болница: Маратонецот за малку ќе завршеше фатално (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/liderot-na-memorija-pero-kamikaza-zavrshi-vo-bolnica-maratonecot-za-malku-kje-zavrsheshe-fatalno-foto/ Tue, 25 Dec 2018 09:44:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64808

Петар Георгиевски или популарниот Перо - „Камиказа“ како што сите го познаваат, покрај тоа што е познат како актер и лидер на една од најголемите македонски рок групи „Меморија“, последниве години е целосно посветен на спортскиот живот.
Трчењето на долги стази или поточно маратоните се неговата спортска страст и пасија. И не само рекреативно, туку полупрофесионално и професионално годиниве наназад Перо ги трчаше најголемите и најпознатите светски маратонски трки кои се одржуваат низ улиците на светските метрополи и мегалополиси.
Токму затоа сите, а најмногу и самиот тој беа убедени дека им пркоси на годините со својот атлетски дух и спортски начин на живот... Но по се' изгледа не било баш така. Прекарот „Камиказа“ за малку ќе му дојдеше до глава, како што велат зашто по се изгледа дека секое задоволство има своја одредена возраст, рок  на траење, доза на парактикување... Па ако претераш и покрај тоа што мислиш дека можеш, „годината на производство“ го прави своето и...
И така Перо „Камиказа“ трчањето - спортот на кој толку е горд за малку ќе го чинеше живот. Заради одредени здравствени компликации, дали како последица на „претерувањето“ или како нуспојава на оваа спортска дисциплина „маратонецот“, не дај Боже,  за малку ќе го трчаше последниот круг... Петар Георгиевски заврши в болница -  17 дена на интензивна нега со дијагноза која воопшто не е наивна... За среќа... Имало век - имало и лек... И к'смет за „Камиказа“!
Еве ја неговата животна приказна која собра храброст да ја сподели на социјаните мрежи деновиве. Денес, фала му на Бога,  жив и здрав, во фаза на рековалесценција...  За трчањето во иднина одлучуваат лекарите, за она другото... Господ Бог!
„20 ноември бев згрижен на клиниката за кардиологија со дијагноза пулмонална емболија со тромбофлебит во левата нога... Ден на светецот Архагел Михаил кој зема души...Но, ете јас сум имал к'смет и денес сакам накратко да споделам неколку мисли со вас. За оваа болест првпат чув и бев помалку збунет, но читајки по Интернет видов и дека доста спортисти го поделиле истото искуство... 17 дена поминав во кревет без никакво движење, токму на овој кревет што го гледате... Нешто најтешко за мене во изминатиов период од животот... Но помина... И не е се' готово... Сега треба мирување домашно од месец дена и потоа како резултатите ќе кажуваат враќање со минмален физички напор во наредните три месеци... Значи ништо не е готово додека не е готово!!! Или како ќе кажат наодите...
Го пишувам ова со особен нагласок за тркачите. Да трчате и да го правите она што го сакате додека можете, бидејки тоа може да ви го спаси животот, без разлика што носи утре... Јакото срце мене ми го спаси животот,благодарение токму на трчањето но можеби и од претеран напор, па го добив ова... Кој ке го знае!? За скептиците кој викаа”претеруваш” можам со мирно срце и душа да им кажам... Се науживав од тоа што го правев, па и ако дошло времето барем среќен и исполнет ќе тргнам на најдолгиот пат... Еве ме со брада непосредно по првото станување од болничкиот кревет... И да, она со мускулите и ретроспективата беше да ги амортизирам гласините... Додека соберам храброст да го споделам ова животно искуство со вас... Да сте живи и здрави и да уживате во секој нов ден... Ве сакам сите...“ - напишал Перо споделувајќи ги првите фотографии по излегувањето од болница. Само нека е со помин и... добро здравје и долг живот!]]>