песнички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 May 2023 09:24:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png песнички – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Оливер Пап: „Дечињата ќе празнуваат, доаѓаат „Поточиња“ – искрената детска емоција е најголемата сатисфакција“ https://arhiva.vistina.com.mk/oliver-pap-dechinata-ke-praznuvaat-doagaat-potochina-iskrenata-detska-emotsija-e-najgolemata-satisfaktsija/ Tue, 09 May 2023 07:00:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301155

Претстојниот викенд на 13-ти и 14-ти Мај во Македонската филхармонија ќе се одржи 20-тото јубилејно издание на фестивалот на детска песна „Поточиња“. Доаѓаат денови кога дечињата ќе празнуваат, ќе пеат, играат, а нивниот детски џагор ќе биде гласен , полн со радост и смеа. Редакцијата на Вистина.ком.мк, во очи на овие денови од кои ќе се празнува детската песна, разговараше со извршниот продуцент на детскиот фестивал „Поточиња“, Оливер Пап кој ја открива и возбудата и радоста нако организатор и автор за она штои претстои. 20-то јубулејно издание на „Поточиња“. Кој ќе биде најубавиот подарок за Вас како организатори и творци на фестивалот? -Најубавиот подарок за нас сите овие години е детската насмевка и детската игра на тактовите на песните од Поточиња. Искрената детска емоција при следењето на фестивалот и слушањето на песните од публиката и задоволството на децата учесници е најголема сатисфакција за нас како организатор на фестивалот и како автори на песни за деца. Две децении , многу дечиња и многу песнички. Колку најмалите сакаат да застанат на сцена и да пеат на „Поточиња“? -Интересот на децата за учество на Поточиња е голем. Периодот на подготовки на фестивалот кој трае околу седум до осум месеци е вистински тест за оние најупорните кои на крајот гордо застануваат за првпат на голема сцена и пред многубројна публика. Дали низ годините препознавате потенцијални таленти од мали нозе? -Секако дека низ годините се препознаваат потенцијални таленти меѓу децата, но понатамошниот развој во музичкиот свет зависи од многу фактори низ годините кога истите тие деца се формираат како личности со свои полиња на интерес. Музичката сцена кај нас има неколку фестивали на детската песничка, која е симболиката на „Поточиња“ и по што се издвојува од останатите? -Симболиката на Поточиња е да ја прославува пролетта, со сета своја убавина која ја носи ова годишно време. Во пролет разеленуваат шумите, никнуваат цветовите, се е повесело, поубаво и шарено. Не би можел да кажам по што се издвојува Поточиња од останатите детски музички фестивали, но едно е сигурно, а тоа е дека без квалитетни песни за деца ниту еден фестивал не може да стекне популарност и внимание кај публиката. Химната на фестивалот е песничка што нема кое дете не ја знае, ја сметате ли за најголем хит досега? -Фестивалската химна Поточиња веќе е прерасната во безвременски македонски детски хит. Самата песна е лична карта на фестивалот, но и дефинитивно една од најслушаните детски песни во Македонија изминативе 20 години. На сцената на Македонската филхармонија во два дена ќе се случат шест претстави во неколку термини, ќе се задоволи ли публиката со толку со оглед на тоа што одзивот на публиката секогаш е голем? - За жал концертната просторна понуда во Скопје по затворањето на Универзална сала е значително мала. Големата сала на Филхармонија со шест претстави е нешто најприближно до задоволување на интересот за посета на фестивалот. Се надеваме ќе биде доволно за да ги собере сите заинтересирани посетители.]]>

Вака се подготвуваат малите дечиња за фестивалот „Поточиња 2022“: Прекрасни кореографии и песнички од малите музички ѕвездички (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-se-podgotvuvaat-malite-dechinja-za-festivalot-potochinja-2022-prekrasni-koreografii-i-pesnichki-od-malite-muzichki-dzvezdichki-foto/ Thu, 09 Jun 2022 10:56:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253703

Новото претстојно издание на „Поточиња 2022“, како еден од најпознатите и најреномирани детски музички фестивали, ќе се одржи на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија. Што значи дека е време за повторно дружење на големата сцена. По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „Поточиња 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала. Но, за да биде се како што треба и како што е замислено, мора однапред да биде и беспрекорно подготвено. А подготовките за новите песнички траат цела година. Од момнтот на нивното создавање, преку селекцијата на децата што ќе ги изведуваат, нивното студиско снимање, па се до последните подготовки околу танцувањето, кореографијата, сценските движења, настапот на големата сцена. Сето тоа мора да се синхронизира и увежба, па најмалите музички ѕвездички под будното око на организторот, нивните музички ментори и кореографи, ги подготвуваат и увежбуваат чекорите, игрите, танците, кореографиите за секоја песничка одделно. Дека се е како под конец и ќе биде соврешено и беспрекорно на големата сцена во Македонската филхармонија, потврда се фотографиите и видеата кои  ги забележивме на пробите на „Поточиња 2022“. Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот. Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн.  Организаторите најавуваат голема забава и вистински детски спектакл.]]>