пешевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Jan 2023 09:35:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пешевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жарко Пешевски: „Со поддршка од ‘Фалангата’ се надевам на изненадување против Норвешка“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/peshevski-so-poddrshka-od-falangata-se-nadevam-na-iznenaduvane-protiv-norveshka-foto/ Fri, 13 Jan 2023 07:20:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284083

Македонската ракометна репрезентација од вчера е во Краков каде ќе настапи на престојното светско првенство кое се одржува во Полска и Шведска. Селекторот на репрезентацијата Кирил Лазаров  ги одбра 18 играчи кои треба да настапат на ова светско првенство, а еден од нив е и пикерот Жарко Пешевски кој за Курир.мк откри каква е атмосферата во репрезентацијата и за тактиката против вечерашниот противник Норвешка. Еве што вели нашиот пивот Пешевски за тоа каква е атмосферата моментално во репрезентацијата и кои се очекувањата од вечерашниот дуел со Норвешка: „Владее одлична атмосфера во репрезентацијата. Долго, квалитетно и напорно работевме за ова Светско првенство. Ќе дадеме се што е во наши можности да се претставиме во добро издание на сите натпревари. Првиот меч е вечерва против Норвешка, една моќна ракометна сила која е апсолутен фаворит. Не се предаваме влагаме мотивирано паметно со глава бидејќи нема што да загубиме, а можеме многу да добиеме. Со подршка од Фалангата се надевам на успешна ракометна приказна на првиот меч“, изјави Пешевски. Знаејќи ја силата на Норвешка, нашиот репрезентативец открива дали е подготвувана некаква  посебна тактика за овој дуел: „Сите три селекции против кој играме во групата ни се веќе добро познати и анализирани. Тактичко,технички и физички сме спремни. Стручниот штаб си ја заврши работата останува уште тоа да го пренесеме на терен“, истакна Пешевски.]]>