пешачење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Aug 2023 12:45:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пешачење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Добра вест за мреливите луѓе: До 5.000 чекори на ден е доволно за добро здравје https://arhiva.vistina.com.mk/dobra-vest-za-mrelivite-luge-do-5-000-chekori-na-den-e-dovolno-za-dobro-zdravje/ Wed, 09 Aug 2023 12:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313214

И помалку од 5.000 чекори дневно се доволни за одржување на здравјето и добрата форма на телото, покажува ново истражување, иако досега преовладуваше мислењето дека се препорачуваат 10.000 чекори на ден. Научниот труд на американски и полски научници, во којшто се вклучени повеќе од 226.000 луѓе ширум светот, покажа дека одењето 4.000 чекори дневно се доволни за да се почне со намалување на опасноста од прерана смрт од која било причина, јави Би-би-си. Малку повеќе од 2.300 чекори дневно се доволни за здраво срце и крвни садови, велат истражувачите, наведувајќи дека колку луѓето се поактивни, толку повеќе придонесуваат за нивното здравје. Извор: Курир]]>

Зошто пешачењето е „закон“ за слабеење? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-peshachenjeto-e-zakon-za-slabeenje/ Fri, 29 May 2020 13:15:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151852

Доколку сакате да ја доведете физичката кондиција и килограмите во ред, а некако се' уште не ви се вежба во група, има едно евтино, едноставно и загарантирано решение - пешачење. Ова е одличен начин за раздвижување посебно ако стилот на живот ви наложува многу седење. Пешачењето помага во согорувањето калории, одличен е начин за намалување на стресот. А помалку стрес = помалку килограми. Но, во продолжение прочитајте уште неколку „закони“ за пешачењето за да го постигнете резултатот што го посакувате: - 15.000 чекори дневно: Не отстапувајте. Ова е просекот кој што морате дневно да го направите. Од моментот кога ќе станете од кревет, па до следното заминување на спиење. Иако во почетокот ви изгледа како многу, ќе забележите како постепено го зголемувате бројот на чекори. Важно е да почнете. А и одлично е тоа што зголемувањето на физичката активност нема да го почувствувате така како кога би почнале да вежбате во сала. - три пати дневно по 20 минути: Ова е рецептот за да го достигнете саканиот број чекори и да ослабите. Исто така, помага за регулација на шеќерот во крвта, што дополнително ја намалува потребата за храна. Истражувањата покажале дека 20 минути три пати на ден е далеку поефикасно отколку 45 минути еднаш дневно. Тоа значи дека пешачењето може да ве спаси од попладневната дремка после ручек, кога килограмите се таложат, а и потребата за благо е зголемена. - три пати неделно чекорете по угорница: Пешачењето по угорница, што вклучува и искачување по скали, помага во дефинирањето на мускулите, а тоа помага при забрзувањето на метаболизмот. На тој начин ги намалувате калориите дури и кога седите на работа. Почнете три пати неделно да пешачите по угорница, а потоа постепено зголемувајте ја „дозата“. - интервали на брзо одење: Во текот на пешачењето практикувајте едноминутни интервали со забрзан ритам на чекорење. Така ќе ги зголемите отчукувањата на срцето и ќе согорите повеќе калории. Постепено зголемувајте го времетраењето на интервалот и ритамот. И додека пешачите брзо, движете ги рацете, така ќе топите повеќе калории, ќе ги вежбате рамениците и стомакот. - вметнете по некоја вежба: На паузите можете да направите по 15-20 клекнувања, склекови или расчекори. - 1600 калории дневно: Колку калории треба да внесете дневно зависи од повеќе фактори и е индивидуално, но според некои истражувања, поголемиот дел од жените што слабеат со пешачење, се држат до внес на од 1.200 до 1.600 калории, богати со протеини. Ако интензитетот на пешачење ви е послаб, тогаш ќе мора исхраната да биде построга за да го постигнете саканиот резултат. И обратно, ако ја зголемите физичката индустрија, тогаш намалете на внесот калории. - по подолгиот пат: За да си го зголемите бројот на чекори во секојдневните активности (од дома до паркинг, или одењето на работа и слично), одете по подолгиот пат. Или пак, лифтот заменете го со скали. Можеби нема да ги почувствувате, но овие навидум мали и незабележителни движења ќе создадат разлика. извор:точка.ком.мк]]>

Неговата приказна воодушеви многумина: Тинејџер изгуби повеќе од 45 килограми благодарение на пешачење https://arhiva.vistina.com.mk/negovata-prikazna-voodushevi-mnogumina-tinejdzer-izgubi-povekje-od-45-kilogrami-blagodarenie-na-peshachenje/ Thu, 16 May 2019 12:45:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88312

Мајкл Ватсон (18) пред две години западнал во рутина и за брзо време достигнал тежина од 152 килограми. Како што изјавил за Си-Ен-Ен, неговата самодоверба била многу ниска, па затоа тој одлучил да смени нешто. Ватсон одлучил секој ден да пешачи до училиштето и назад. За тоа му биле потребни околу 20 минути, а одлучил да направи и некои промени во исхраната. Бидејќи неговата матурска вечер била кон крајот на месецот, тинејџерот одлучил да ослабне уште седум килограми. Како што вели, бил упорен во својата цел и пешачел по дожд и по снег. Пресвртниот момент за промена бил кога негов соученик го исмевал поради изразениот подбрадок, а ова исмејување Ватсон тешко го поднел. Дури и кога му било доста од сè, тој не се откажувал. За време на врнежливите денови, луѓето му нуделе превоз но тој одбивал. Освен пешачењето, Мајкл се подложил на диета во која ја избегнувал брзата храна. Тинејџерот вели дека не му било лесно, но резултатите го поттикнувале да стигне до целта. Теренс Џоунс, дипломиран тренер од неговото училиште, вели дека приказната на Ватсон импресионала многумина. „Тоа е пример за храбар развој на личноста која е реткост за еден средношколец. Одлуката на Мајк да живее поздрав начин на живот засекогаш ќе ми остане во сеќавање”, изјавила таа. Џоунс додала и дека приказната на Мајкл инспирирала многу ученици кои имаат проблем со телесната тежина. извор: Курир.мк]]>

Експерти препорачуваат задолжителна прошетка после обилен оброк https://arhiva.vistina.com.mk/eksperti-preporachuvaat-zadolzitelna-proshetka-posle-obilen-obrok/ Wed, 20 Feb 2019 14:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73843

Луѓето после обилен оброк, најчесто ручек, се релаксираат, седат, лежат, гледаат серија и слично, па мал е бројот на оние кои се одлучуваат за прошетка.
Од друга страна пак, научно е докажано дека прошетката после јадење има корисни ефекти.
Во ова истражување е заклучено, дека прошетка во траење од 15 минути им помага на возрасните лица со дијабетес тип 2, во спречување на растот на нивото на шеќери во крвта. Луѓето после најобилниот оброк обично седат или дури лежат, а тоа може да доведе до значително зголемување на глукозата во крвта и тоа ниво да се задржи  со часови. Поради тоа, важно е да прошетате. Според истражувањето објавено во Нов Зеланд, нашите мускули се активираат при прошетка и користат глукоза за енергија, а така се намалува и нејзината циркулација во организмот. Сега знаете колку е корисна прошетката после обилен оброк, па ништо не ве спречува тоа да го применувате. извор: слободенпечат.мк]]>

Што ќе му се случи на телото со само 30 минути пешачење? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-kje-mu-se-sluchi-na-teloto-so-samo-30-minuti-peshachenje/ Mon, 24 Dec 2018 15:00:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64454

Ако пешачите 30 минути дневно, би можеле да имате многу корист за вашето здравје. Еве кои се позитивните ефекти од пешачењето: 1. Ќе согорите околу 150 калории Зависно од теренот и брзината на одењето, одејќи половина час согорувате околу 150 калории. 2. Ќе се чувствувате смирено Одењето опушта, дури и ако не сте во природа, туку на прометните и бучни улици. 3. Нозете ќе ви бидат поцврсти Само 30 минути одење дневно има одличен ефект во формирањето на мускулите. Ако покрај секојдневните прошетки се одлучите и два пати неделно да одработите тренинг за сила, ќе забележите уште подобри резултати. 4. Можете да ги намалите проширените вени Редовното одење ја намалува појавата на проширени вени, откриваат експерти од клиника во Кливленд. 5. Ќе го подобрите системот за варење После оброк избегнувајте да седите пред телевизор или да одмарате. 30-минутна прошетка ќе го забрза вашиот систем за варење и ќе го одржи шеќерот во нормалната граница. 6. Ќе бидете покреативни Кога ќе одите на прошетка можете да си земете и мал тефтер со вас. Ќе се изненадите од креативноста која наеднаш ќе ве обземе, а би било добро сите идеи веднаш да ги запишете на лист. 7. Можете да извршите многу задачи Одејќи можете да го користите својот телефон, а тоа значи и дека можете да извршите разговори поврзани со вашата работа и да одговорите на електронската пошта или едноставно само да се слушнете со семејството и пријателите. 8. Ќе ве поттикне на повеќе активности После неколку дена одењето ќе стане ваша рутина, а првите резултати би можеле да бидат и поттик за уште повеќе активности. Обидете се да трчате или да возите велосипед, можностите се бесконечни.]]>