перипд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Sep 2023 07:16:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png перипд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новак сакал да се откаже од се’: Јелена Ѓоковиќ отворено за мрачниот период со сопругот https://arhiva.vistina.com.mk/novak-sakal-da-se-otkazhe-od-se-jelena-gokovik-otvoreno-za-mrachniot-period-so-soprugot/ Fri, 29 Sep 2023 07:16:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320334

Да се биде меѓу најдобрите спортисти во светот секако не е лесно, а и Новак Ѓоковиќ се соочуваше со постојани притисоци и предизвици. На патот до успехот, верно го следи неговата сопруга Јелена, која исто така е тука за оние ретки моменти кога Ноле чувствува дека не може да продолжи понатаму. Еден од тие моменти се случи во 2018 година, кога Ѓоковиќ сакаше засекогаш да го напушти тенисот по поразот од Французинот Беноа Пер. Како што изјави таа за новинарот Греам Бесинџер, Новак во тој период имал чести повреди, а паузата во соработката со тренерот Андре Агаси негативно се одразила на неговото психичко здравје. Кулминацијата ја доживеа по мечот со Французинот, кога сакаше да се откаже од „белиот спорт“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ATP Tour (@atptour)

‒ Ги собра сите членови на тимот и им рече: „Знаете што? Јас сум готов! Се откажувам!“ Плачевме и му рековме дека не може, дека не е вистинското време. Не сакаше да игра тенис, не сакаше ниту да види како топката поминува покрај него, призна Јелена. Но, Јелена знаела што треба да направи за да го врати сопругот на вистинскиот пат. Имено, таа секојдневно ги носела нивните деца Стефан и Тара да си играат со рекети. Третиот ден се појави и Новак. ‒ Виде како се забавуваме и дека тоа не е тренинг на кој бил навикнат со години. После ме замоли да му дадам рекет, но јас го задевав дека се откажал и сега дојде редот да играме тенис. На крајот сервираше и рече дека се чувствува добро - рече Јелена и додаде дека оттогаш Новак секојдневно се појавувал на теренот со децата и дека конечно му се јавил на тренерот Маријан Вајда и го замолил да продолжи со тренинзите. фото:Guliver Getty Images/ Instagram]]>