перформанс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Oct 2021 12:09:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png перформанс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ѕиркачот“ – изложба на Стефан Божиновски со краток перформанс во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/dzirkachot-izlozba-na-stefan-bozinovski-so-kratok-performans-vo-mkc/ Wed, 27 Oct 2021 12:09:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224868

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (Галерија 2, горно фоаје) ќе се отвори „Ѕиркачот“ – изложба на Стефан Божиновски. Отворањето ќе биде проследено со краток перформанс.
И чувствуваш како некој да е тука, и те гледа. Не го гледаш, но те гледа. Будно те следи, и… чека. Како сведок. Нем сведок на туѓо постоење. Живееме во општество во кое сите ние, на еден или друг начин, сме мета на постојано набљудување. Нашето постоење е нераскинливо сврзано со потребата за анализа, првично поттикната и во одредена мера испровоцирана од природната потреба за љубопитност и желбата што подетално да се истражи и осознае светот во кој егзистираме, да се разоткрие превезот на конфузија и загадочност постојано диктирани од страна на аналитичката страна од нашиот разум. Опседнатоста со туѓото, онаа отровна љубопитност, која ја потиснуваме, а која е способна да нѐ контролира одвнатре и да демне низ кревките и непредвидливи лавиринти на нашето постоење, поттикнува низа постапки за кои честопати и не може да се пронајде соодветно оправдување. Во денешното општество љубопитноста и силната желба да се навлезе и да се дознае нешто „повеќе“ за другиот е сосема нормализирана појава, дополнително поттикната од социјалните медиуми. Љубопитност да се види одредена содржина, содржина што може да се избере лично според желбата што ја има поединецот, побудувајќи ја скопофилијата во својот нарцисоиден аспект, а и кои уште повеќе влијаеја врз деперсонализирање на идентитетот и индивидуалитетот на поединецот, кој продолжува да демне сместен во кревката фрагилност и несигурност на сопственото постоење. Да погледнеме, да ѕирнеме, да го прокоментираме животот на другиот. – Ангела Витановска
Стефан Божиновски е роден во 1999 год, во Битола, Р. Македонија. Моментално е студент на додипломски студии на Катедрата за графика (со модул Сценографија) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Покрај матичната работа во областа на графиката, тој работи и во областите сликарство, фотографија, филм и театар. Во текот на студиите има учествувано на повеќе изложби, како изложбата на студентска графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“ (најдобра студентска графика за академската 2020/21), изложбата Љубов во време на корона 2020 (со фотографија) и изложбата Одбиенале 2021. Од јули 2017 – август 2018 год. е дел од првата генерација на „Докуникулци“ школата за документарен филм на Македокс. Во неговото портфолио има и еден краток филм, „Тука сум“ (2021) (сценарист и режисер). Во текот на 2020 год. работи како дел од тимовите на повеќе научно-културни студентски проекти во соработка со студенти од повеќе факултети при УКИМ.
]]>

„Бекстејџ“ vs. Жаре „1на1“, Ноне vs. Теа, ДНК vs. Митевски, Дац и Бојана… Кој кого копира или мора така да биде, зошто не може да се бира? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdz-vs-zare-1na1-none-vs-tea-dnk-vs-mitevski-dac-i-bojana-koj-kogo-kopira-ili-mora-taka-da-bide-zoshto-ne-moze-da-se-bira-video/ Fri, 20 Mar 2020 09:10:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140505

Пандемијата од коронавирусот полека ја достигнува својата кулминација кај нас, изолацијата трае, животот во карантин тече понатаму...  најмногу онлајн!  Онлајн информирање, онлајн настава за учениците, онлајн курсеви, онлајн плаќање сметки, онлајн театар, балет, кино... култура воопшто, онлајн забава... Забавњаци, народњаци, рапери, класичари... разно-разни пејачи и музичари, но и презентери и ТВ водители се обидуваат да ја разбијат домашната монотонија предизвикана од новосоздадените услови за „живот во четири ѕида“. Себе си, на нивната публика, на народот воопшто... а, со тоа и да се обидат да си ја одржат популарноста од која во нормални услови живеат. Интернетот, социјалните мрежи и медиуми се моќно оружје, па секојдневно на нив осамнуваат нови вклучувања во живоили нови снимки на нивните настапи и перформанси. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/italijancite-po-balkoni-i-terasi-makedonskata-estrada-po-kukji-i-stanovi-onlajn-od-karantin-so-pesna-protiv-koronata-video/ Ноне, ДНК, Митевски, Дац и Бојана Скендеровски, Калиопи, Стојне Николова и Мојсо, Јошка, Пламенка Трајковска... се само некои од имињата што се обидоа на јавноста да и понудат дел од својот авторски или репродуктивен репертоар, канејќи го народот на онлајн забава, гратис. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/stojne-nikolova-i-mojso-spoija-ubavo-i-korisno-vo-karantinot-em-ve-zabavuvaat-em-vezbaat-ama-ne-samo-pesni-tuku-i-neshto-drugo-video/ Во сета таа приказна, случајно или намерно, почна да се случува работите да почнат да се повторуваат. Така на пример,  прва која го „скрши мразот“ со изведба на песни од дома уште пред прогласувањето на вонредната состојба беше Ноне. Македонската џепна венера во момонтев е дома, во родниот Велес, па домашната изолација ја искористи (уште во саботата,  14 март 2020) да сподели видеоснимка на својот Фејсбук профил, на која заедно со својот некогашен музички соработник Дарко Димов и неговата придружба на акустична гитара во живо  го пее познатиот евергрин „Алелуја“ на легендарниот канадски пејач и поет, Леонард Коен. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/none-i-se-vrakja-na-muzikata-aleluja-video/ Вчера, (четврток 19 март 2020) на Инстаграм со своја изведба од двојата соба се појави и пејачката Теа Трајковска. Таа на својот профил на оваа социјална мрежа споделила снимка, каде во иста таква придружба на акустична гитара, ја пее истата песна... „Алелуја“ на Леонард Коен!!? Изведбите на Ноне и Теа слични, а сепак толку различни и обете одлични... Ама изборот на песната, случајно или не - ист!?  А, мораше ли баш таа?
Откако колата тргна, па почнаа да се редат куќните настапи, музички изведби, концерти и перформанси, некако во  ист ден исто време ( понеделникот, 16 март 20202 во 20 часот) се поклопија и концертите на ДНК од празно, затворено кафуле и оној на Митевски, Дац и Бојана од празното студио „Скендеровски“. Репертоарот тотално различен, настапот уште поразличен, ама идејата иста... И тоа во ист ден, во исто време?! Онлајн настап, концерт, забава, журка... како сакате наречете ја благородната идеја и на едните и на другите. Уште во вторникот, (17  март 2020) екипата на најглеаниот и највлијателен забавен ТВ магазин „Бекстејџ“ ја најави трансформацијата на својата емисија и нејзините содржини, според условите кои не затекнаа.  Па така, магазинот „од засцената“  стана „Бекстејџ седи дома“. Имено, водителите и новинарите од своите домови онлајн се вклучуваа во разговор со однапред најавените гости во зададено време, кои исто така разговараат со нив преку Интернет видеоврска, а гледачите можат да се вклучат, да го следат разговорот, но и да поставуваат прашања. Жаре-Бербер, Антониа Гиговска и Иван Јованов, раперот Таско, Роберт Билбилов беа или се веќе нивни онлајн гости... Во меѓувреме, неколку дена подоцна, водителот Жарко Димитриовски или попознат како  Жаре - „1 на 1“, ја најави на Инстаграм трансформацијата на своето истоимено шоу - од дома! Приказната отприлика иста: Жаре од самоизолација прашува што прават домашните и регионалните ѕвезди дома во изолација?! А и насловот речиси идентичен: „Бекстејџ - седи дома“,  „1 на 1 - седи си дома“!?
Жаре си ја светнал дневната како студиото, па ги најавил домашните муабети со  Симон Трпчески, Влатко Стефановски, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Жељко Самарџиќ од Белград и Јован Јованов од Канада! Исто е, ама не е исто... Многу слично. Само гостите се различни. Муабети од карантинот - онлајн, а емисијата потоа оди снимена, одложено на телевизија. По сето ова се наметнуваат две нешта: Како прво, браво за сите споменати, но и за сите останати, кои и во новонастанатите услови на домашна изолација и карантин, сепак собраа сили и најдоа начин да се адаптираат, прегрупирраат, трансформираат и делуваат од домашни услови. Зашто духот никако не смее да клоне, а шоуто сепак, мора да продолжи... Та било тоа и онлајн... или снимено! Како второ, сепак, останува дилемата: Мора ли иста песна, ист настап, концерт, концепт, емисија... Мора ли во исто време, на ист начин, со исти содржини...? За на народот да не му се стори: ова е веќе видено... А и за потоа да не прашува некој, кој кого копира? Или мора така да биде, зашто не може да се бира?      ]]>

Перфoрманс “MOONLIGHT” во МКЦ https://arhiva.vistina.com.mk/performans-moonlight-vo-mkc/ Mon, 04 Nov 2019 12:54:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116384

Moonlight е кореографски проект фокусиран на поетски структури, сценско изведбено истражување на дисперзирани значења, како прилагодлива реалност. Овој предлог повторно ги открива постојано воспоставените идентитети, со пристап на оголување и оквирување на нормативното. Moonlight функционира како брза машина на промена и нарушување. Moonlight игра со Дизни наследство, дислоцирајќи ги своите познати карактерности и разбирања. Moonlight е и Месечина и светлина. Центрифугално нарушувањe, панк симфонија на препознатливиот, магичен маневар. Moonlight е сонувачки филтер, тела изложени на ризик. Квир собата, една интуитивна архитектура, Аурора, Снежана и Принцот Ерик се дел од неа. Moonlight е инициран и развиен од кореографите /изведувачи Александар Георгиев (Аце) и Дарио Барето Дамас. Во рамки на своето уметничко партнерство, тие се заинтересирани за коавторство во рамките на семејните констелации. Тие се интересираат за фасцилитирање на поетските простори, предизвикувајќи и нагласувајќи ги преиспитувањето на алтернативните линии на размислување. Тие работат околу Стокхолм, Скопје, Софија и Тенерифе. Ко-продукција: Гараж Колектив Бугарија преку проектот “Ширење уметнички дела од Гаража Колектив 2015-2018”]]>