пере – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Oct 2023 08:11:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пере – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Нокаут“ го промовираа новиот албум: „Што бараш ти во мојата песна?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-go-promoviraa-noviot-album-shto-barash-ti-vo-mojata-pesna-foto/ Tue, 17 Oct 2023 08:38:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322590

Еден од најдолговечните но и најпопуларни бендови на македонската музичка сцена, групата „Нокаут“  вчеравечер, понеделник, 16. октомври 2023 година, во една позната скопска пивница во „Дебар Мало“ го промовираа својот нов, 4-ти по ред студиски албум, насловен „Што бараш ти во мојата песна?“  Пред многубројните преставници на македонските медиуми, пријателите, колегите и полниот локал гости, Пере и екипата го претставија најдоброто од својата креативна работа во последниве 10 години, во вид на компилација од 14 одбрани песни кои досега не се нашле на носач на звук во последната деценија. Промоцијата ја отвори музичкиот новинар и водител Антонио Димитриевски кој на своевиден начин ја раскажа приказната за историјата на бендот во неколку реченици, во чии зборови беа вткаени насловите на најголемите хитови и нaјважни песни на „Нокаут“. Вистинска поп-рок сага за Пере и дружината низ која ко со временска машина промотерот ја водеше приказната... Oд АБЦ до последен здив... За нивната позитивна музичка фатална опсесија, нивните песни да им припаднат на оние заради кои бендот и постои - нивната пубика која и оваа вечер се радуваше со нив. Особено по појавата на фронтменот Никола Перевски Пере на сцената, кој по воведниот поздрав и топлите зборови на благоарност и до присутните и до сите оние што придонеле новиот албум да звучи и изгледа како што изгледа, заедно со екипата од бендот отпаршија 4-5 нивни нумери. Со тоа „Нокаут“ атмосферата за миг ја претворија во клубска журка по која никоја не зажали што се нашол  таму, ниту пак се запраша: „Што бараш ти во мојата песна? Зашто секоја отсвирена нота на бендот, секој тон и рефрен, беше дел од нивната песна, заради која вечерта се тука! Но, креативно богатиот период за „Нокаут“ не завршува тука! Покрај промоцијата на албумот, бендот ги најави и анплагд концертите во Македонска филхармонија на 10. и 11. ноември, од кои првиот веќе експресно е распродаден уште првиот ден откако билетите беа пуштени во продажба. „Почитувана публико, Ви Благодариме! Концертот во Македонска Филхармонија е распродаден уште на првиот ден. Бидејќи интересот е сѐ уште голем, закажавме втор концерт за САБОТА 11 НОЕМВРИ. Билетите се веќе во продажба на следниов линк:  https://mktickets.mk/event/nob2/“  - стои во објавата на групата. На вас е дали и таа вечер ќе се најдете и вие во нивната песна?]]>

Миа Перевска ви праќа автентична, природна и емоционална музичка порака со – „Follow“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-perevska-vi-praka-avtentichna-prirodna-i-emotsionalna-muzichka-poraka-so-follow-video/ Mon, 30 Jan 2023 07:17:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286359

Миа Перевска ja одржа промоцијатa на видео-спотот за песната „Follow“. Промоцијата се случи во   скопското кафуле „Котур“, а спотот беше проектиран на филмско платно. Младата музичка артистка е комплетен автор на песната, каја патем е и  мулти-инструменталист со оглед на тоа што сите инструменти во својата музика ги свири сама, а се потпишува и како автор на текстот кој ја раскажува музичката приказна. Со оглед на тоа што Миа студира музичка продукција, таа е одговорна и за миксот на песната и тоа во придружба на нејзиниот татко Никола Перевски – Пере, додека пак мастерингот го оформил Дарко Димитров. Ненаметливо, но со јасна визија, Миа на публиката и претстави авангарден проект, полн музика, но исклучително заводлив и слушлив. Музиката во слика ја преточи Јован Куцин визуелизирајќи ја  ви видеоспотот за „Follow“. Со своето последно музичко парче Миа како млад човек на фронтот на македонската музичка авангарда испрати порака во знак на автентичноста, природноста и емоцијата како водечки принципи на патот на еден уметник. Песната „Follow“, како и спотот за истата е достапна на дигиталните платформи, а веќе престојниот викенд, на 4-ти февруари, Миа ќе настапи на годинешниот  фестивал „Земјотрес“ кој традиционално ќе се одржи во МКЦ со почеток во 19 часот. Инаку Миа е дете на познати родители, македонски јавни личности, зашто Михаела или Миа, како што ја викаат, е најстарата ќерка на Никола Перевски – Пере од групата „Нокаут“ , која ја има од својот прв брак со ТВ новинарката на МРТВ,  Александра Спировска. Таа е придружен вокал во „Нокаут“, но исто така работи и на соло проекти, кои се поврзани со музиката, а и самата настапува забаваувајќи ги гостите со своите поп-рок сетови по најпознатите скопски локали,  а новата песна „Follow“ и видеото за неа се дел од нејзините авторски остварувања... Истата проследете ја во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Нокаут“ слават јубилеј, 25 години постоење – „Знаеш ли?“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/nokaut-slavat-jubilej-25-godini-postoenje-znaesh-li-audio/ Wed, 17 Aug 2022 12:51:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263111

Оваа година  групата „Нокаут“ слави 25 години постоење, а јубилејот го одбележува  со голема турнеја низ Македонија и веќе издаде еден сингл „Денес, утре, задутре“. “Набиената агенда на турнејата не го спречи бендот да подготви уште нешто ново за својата публика. Задоволство ни е да го споделиме со вас новиот сингл „Знаеш ли?“ - порачаа од бендот. Автор на музиката е Никола Перевски, кој воедно работеше и на аранжманот. Текстот го напиша Александар Ристовски - Принц, а  миксот и мастерингот ги потпишува  Дарко Димитров кој ги изработил  во неговото студио „Димитрови“. Инаку песната е снимена во студио „НК Продукција“, информираат од тимот на Нокаут, канејќи ве премиерно да ја преслушате нивната „Знаеш ли“? ]]>