пентхаус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Jun 2022 10:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пентхаус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се продава луксузниот стан во кој живееја Џони Деп и Амбер Херд (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-prodava-luksuzniot-stan-vo-koj-ziveeja-dzoni-dep-i-amber-herd-foto/ Mon, 13 Jun 2022 10:47:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253991

Поранешниот луксузен стан на поранешната актерска двојка во центарот на Лос Анџелес моментално се продава за милион и 765 илјади долари. Овој луксузен стан има 165 квадратни метри. Има една спална соба, две бањи и отворена дневна соба. Во рамките на зградата, станарите можат да го користат и базенот на покривот, спа центар, зен градината и фитнес студиото. Инаку, Џони Деп претходно поседувал пет пентхаус апартмани на врвот на зградата. Сепак, по разводот од Амбер во 2016 година, актерот ги продаде за вкупно 12,78 милиони долари. Да потсетиме, Џони Деп ја тужеше Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата, бидејќи во една колумна објавена од „Вашингтон пост“ во 2018 година напишала дека трпела семејно насилство. Иако актерката не го спомна познатиот актер, оваа колумна привлече големо внимание, а Деп поради последиците ја поднесе споменатата тужба. Судењето траеше шест недели, а конечната одлука беше во корист на Деп. Фото:Принтскрин/Профимедиа/Јутјуб]]>

Тeшка разделба на големата актерка: И луксузен пентхаус може да прирасне за срце https://arhiva.vistina.com.mk/teshkata-razdelba-na-golemata-akterka-i-luksuzen-penthaus-moze-da-prirasne-za-srce/ Wed, 11 Aug 2021 07:16:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=214557

Тоа беше оазата на Мерил Стрип во Њујорк во која уживаше со години, особено во раскошната градина каде брзо се ослободуваше од стресот, но на крајот одлучи да ја продаде за да инвестира во нов имот во Калифорнија. Една од најдобрите светски актерки, 72-годишната Мерил Стрип, веќе четиринаесет години се будеше со поглед на реката Хадсон и Емпаер Стејт Билдинг. Домот во Њујорк што го делеше со нејзиниот сопруг, скулпторот Дон Гамер, таа одлучи да го продаде поради преселба во Калифорнија. Го продала луксузниот пентхаус со четири спални соби во богатиот кварт Трибека за 15,8 милиони долари на непознат сопственик, а разделбата од имотот, призна, не била лесна за поднесување. „Во летните денови се занимавав со градинарство под ѕвездите, а во зима седев покрај огнот во каминот додека снегот се натрупуваше на терасата. Ова беше одличен дом за нас и се надевам дека друго семејство сега ќе може да ужива исто како и ние“, рече актерката за веќе поранешниот стан, во кој доминира паркет од бразилски орев, мебел во неутрална боја и тераса широка три метри на три страни од пентхаусот. Станот со површина од 372 квадратни метри се наоѓа во зграда во која живееше и актерката Гвинет Палтроу до 2017 година, а зградата вклучува приватен лифт што води директно до фоајето, фитнес центар, 24-часовен вратар, соба за велосипеди, градина и гаража. ]]>

Ќе биде „весело“: Лепа Брена и Боба Живојиновиќ купија цел кат во истиот комплекс во кој и Новак Ѓоковиќ има свој пентхаус, па е неминовно да се среќаваат, а семејствата не зборуваат со години! https://arhiva.vistina.com.mk/kje-bide-veselo-lepa-brena-i-boba-zivojinovikj-kupija-cel-kat-vo-istiot-kompleks-vo-koj-i-novak-gjokovikj-ima-svoj-penthaus-pa-e-neminovno-da-se-srekjavaat-a-semejstvata-ne-zboruvaat-so-godini/ Tue, 13 Oct 2020 10:36:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171156

Лепа Брена реши да инвестира пари во недвижнини, и тоа не било каде. Случајно или не, кратко по продажбата на преостанатиот удел во „Гранд продукција“, најголемата фолк ѕвезда на бившите ју-простори реши да купи цел спрат во новата кула во луксузната населба „Вест 65“ во Нов Белград. Не е исклучено семејството Живојиновиќ конечно да ја продадат вилата на Бежанијска коса, за која Брена неодамна рече дека им станала преголема затоа што во неа живеат само Боба и синот Виктор, па тука ќе ја побараат својата нова оаза на мирот. Комплексот се смета за еден од најбезбедните во Белград затоа што е опремен со физичко обезбедување, видео надзор и други удобности, кои секако вклучуваат гаражи со приватен лифт кој води кон станот. Српските портали сега пишуваат дека не е познато колку ќе владее мир таму, бидејќи Новак Ѓоковиќ го има својот пентхаус во истиот станбен блок, купен пред две години, а чие семејство со години не разговара со Живојиновиќ. Општо познато е дека семејството Живојиновиќ не е во добри односи со Ѓоковиќ, но ќе биде неизбежно тие да се сретнат во одреден момент во оваа нова луксузна населба, па ваквите состаноци ќе бидат интересни за другите станари. Веќе подолг период е позната приказната дека кога Новак бил уште дете, неговиот татко Срѓан побарал од Боба финансиска помош во врска со тенисот и понатамошно тренирање на неговиот син, што од некоја причина не го добил од поранешниот тенисер, Боба Живојновиќ. Фото: Инстаграм принтскрин/brena.i.boba/djokernole]]>

Рај кој се продава за 27 милиони долари: Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Џенифер Лопез https://arhiva.vistina.com.mk/raj-koj-se-prodava-za-27-milioni-dolari-dzirnete-vo-luksuzniot-penthaus-na-dzenifer-lopez/ Thu, 16 Nov 2017 10:45:19 +0000 http://vistina.mk/?p=3828

Доколку се прашувате како изгледа домот на една од најпознатите жени на светот, одговорот дознајте го во продолжение.
На пазарот на недвижнини, неодамна се појави оглас кој ги заинтригира многумина. Имено, пејачката и актерка Џенифер Лопез го продава својот раскошен пентхаус на Менхетен, а нејзините обожаватели добија единствена прилика да дознаат како изгледаат просториите во кои таа го поминува своето слободно време. Станот се наоѓа во зграда која датира од 1924 година, а истиот е со поглед кон Медисон Сквер Парк. Во текот на 2013 година е завршен процесот на реставрација, а Лопез се одлучила за купување на овој пентхаус со големина преку 600 квадратни метри и додатни 300 метри надворешен простор. Зградата има своја приватна теретана и осигурување, до станот води лифт, а сè заедно делува навистина импозантно. Пентхаусот на Лопез изгледа прозрачно, со доминација на белата боја во сите простории, а впечатливите бои се наоѓаат во малите детали. Во продолжение, погледнете дали понудената цена од 27 милиони долари е навистина оправдана.
извор:точка.мк
]]>