пенал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Oct 2021 08:41:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пенал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Столе му врати „мило за драго“ на Депај, а го смени и Куман: Македонскиот репрезентативен голман „причина повеќе“ за отказот на тренерот на Барса (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stole-mu-vrati-milo-za-drago-na-depaj-a-go-smeni-i-kuman-makedonskiot-reprezentativen-golman-prichina-povekje-za-otkazot-na-trenerot-na-barsa-foto/ Thu, 28 Oct 2021 06:14:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224950

Холанѓанецот Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона. Ова го објави каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница ноќта меѓу 27 и 28 октомври. – Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја соопшти одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман ќе се збогува со тимот во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на тренерот за неговата работа и да му посака се најдобро во професионалната кариера, стои во соопштението за медиумите. Куман ја презеде тренерската функција во Барселона во август 2020 година. Под негово водство тимот одигра 67 натпревари на кои се извојувани 40 победи. Во тековната сезона, Барселона има само пет победи од 13 натпревари во сите натпреварувања. Причина повеќе за отказот на Холаѓанецот на кормилото на Барса беше синоќешниот пораз од Рајо Ваљекано од 1:0, натпревар во кој брилијантна партија на голот на домаќините имаше нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Тој бранеше одлично, на моменти дури и феноменално, откако одбрани неколку тешки топки, а клучниот момент дојде во 72. минута кога Столе му го фати пеналот на Мемфис Депај. Неколку минути пред крајот кога аут судијата погреши најпрвин покажувајќи офсајд, а потоа го спушти знаменцето и дозволи играта да продолжи откако целата одбрана на домаќините веќе застана, Кун Агуеро се најде очи в очи со нашиот голман, но од само пет мери не успеа да го совлада неверојатниот Димитриевски. Така Столе стана најзаслужниот за победата на Рајо, која ја прели чашата и придонесе за експесниот отказ длабоко во ноќта на Роналд Куман на клупата на Барселона. Во исто време тоа беше и еден вид на слатка одмазда на Димитриевски кон Мемфис Депај, кој го постигна првиот гол на мечот Холандија-Македонија на последното ЕУРО 2020, при поразот на нашата репрезентација од 3:0. Токму затоа на официјалниот Инстаграм профил на ФФМ, беше споделена фотографијата од еден дуел на Димитриевски и Депај од тој меч, покрај која осамна статус: „Мило за драго“! Фото: Инстаграм притскрин/ffmacedonia/гол.мк  

Повеќе на vistina.mk]]>

Холанѓанецот Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона. Ова го објави каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница ноќта меѓу 27 и 28 октомври. – Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја соопшти одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман ќе се збогува со тимот во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на тренерот за неговата работа и да му посака се најдобро во професионалната кариера, стои во соопштението за медиумите. Куман ја презеде тренерската функција во Барселона во август 2020 година. Под негово водство тимот одигра 67 натпревари на кои се извојувани 40 победи. Во тековната сезона, Барселона има само пет победи од 13 натпревари во сите натпреварувања. Причина повеќе за отказот на Холаѓанецот на кормилото на Барса беше синоќешниот пораз од Рајо Ваљекано од 1:0, натпревар во кој брилијантна партија на голот на домаќините имаше нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Тој бранеше одлично, на моменти дури и феноменално, откако одбрани неколку тешки топки, а клучниот момент дојде во 72. минута кога Столе му го фати пеналот на Мемфис Депај. Неколку минути пред крајот кога аут судијата погреши најпрвин покажувајќи офсајд, а потоа го спушти знаменцето и дозволи играта да продолжи откако целата одбрана на домаќините веќе застана, Кун Агуеро се најде очи в очи со нашиот голман, но од само пет мери не успеа да го совлада неверојатниот Димитриевски. Така Столе стана најзаслужниот за победата на Рајо, која ја прели чашата и придонесе за експесниот отказ длабоко во ноќта на Роналд Куман на клупата на Барселона. Во исто време тоа беше и еден вид на слатка одмазда на Димитриевски кон Мемфис Депај, кој го постигна првиот гол на мечот Холандија-Македонија на последното ЕУРО 2020, при поразот на нашата репрезентација од 3:0. Токму затоа на официјалниот Инстаграм профил на ФФМ, беше споделена фотографијата од еден дуел на Димитриевски и Депај од тој меч, покрај која осамна статус: „Мило за драго“! Фото: Инстаграм притскрин/ffmacedonia/гол.мк  ]]>
Навреда – причина за пцовката: Некои луѓе три дена му се заканувале на Несторовски, па најде начин како јавно да им порача дека не им се плаши! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/navreda-prichina-za-pcovkata-nekoi-lugje-tri-dena-mu-se-zakanuvale-na-nestorovski-pa-najde-nachin-kako-javno-da-im-poracha-deka-ne-im-se-plashi-foto/ Mon, 29 Mar 2021 10:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196414

Напаѓачот на „Удинезе“ и македонската фудбалска репрезентација, Илија Несторовски го постигна својот јубилеен 10-ти гол во репрезентативниот дрес на синиќешниот натпревар и победата против Лихтенштајн и тоа носејќи ја капитенската лента на себе, откако ја превзема кога Пандев ја напушти играта. Но, наместо да се израдува тој  во прв момент навидум ја разочара македонската јавност, откако опцу во крупен кадар пред камерата. Во прв момент не беше познато кому му беаупатени навредливите зборови, но познато е дека тој беше на удар на јавноста и на социјалните мрежи после слабата игра во последните неколку натпревари, особено на последниот натпревар против Романија во Букурешт, каде Несторо се изнапромашува. Откако потегот предизвика многу негативни коментари кон фудбалерот, тој се обрати во јавноста и со еден споделен пост на приказните од својот Инстаграм профил објасни кому му се обратил, односно кому му биле упатени непристојните зборови. „Навредата беше наменета за 3 личности кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“ - објави Несторовски на својот Инстаграм профил. Селекторот Игор Ангеловски не го коментираше ваквиот потег на Несторовски, објаснувајќи на прес-конференцијата после натпреварот дека не видел како изреагирал напаѓачот по реализираниот пенал. Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/nestoro30

Повеќе на vistina.mk]]>

Напаѓачот на „Удинезе“ и македонската фудбалска репрезентација, Илија Несторовски го постигна својот јубилеен 10-ти гол во репрезентативниот дрес на синиќешниот натпревар и победата против Лихтенштајн и тоа носејќи ја капитенската лента на себе, откако ја превзема кога Пандев ја напушти играта. Но, наместо да се израдува тој  во прв момент навидум ја разочара македонската јавност, откако опцу во крупен кадар пред камерата. Во прв момент не беше познато кому му беаупатени навредливите зборови, но познато е дека тој беше на удар на јавноста и на социјалните мрежи после слабата игра во последните неколку натпревари, особено на последниот натпревар против Романија во Букурешт, каде Несторо се изнапромашува. Откако потегот предизвика многу негативни коментари кон фудбалерот, тој се обрати во јавноста и со еден споделен пост на приказните од својот Инстаграм профил објасни кому му се обратил, односно кому му биле упатени непристојните зборови. „Навредата беше наменета за 3 личности кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се“ - објави Несторовски на својот Инстаграм профил. Селекторот Игор Ангеловски не го коментираше ваквиот потег на Несторовски, објаснувајќи на прес-конференцијата после натпреварот дека не видел како изреагирал напаѓачот по реализираниот пенал. Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/nestoro30]]>
Бербер Фуфо од Драчево го скрши телевизорот во обложувалница, откако му избегаа 11.000 евра кога Погба промаши пенал за Јунајтед (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/berber-fufo-od-drachevo-go-skrshi-televizorot-vo-oblozuvalnica-otkako-mu-izbegaa-11-000-evra-koga-pogba-promashi-penal-za-junajted-video/ Wed, 21 Aug 2019 12:41:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=103288

За многумина во Драчево берберот Фуфо е добро познат како човек кој „кисне“ по обложувалници. Тој  чекаше само еден гол на Манчестер Јунајтед на натпреварот против Вулверхемптон во 2. коло од Премиерлигата за да си добие 11.000 евра. Шанса му  се отвори во 68. минута кога „Црвените ѓаволи“ добија пенал… Но, истиот не успеа да го реализира францускиот репрезентативец Пол Погба. Тоа значеше огромна лутина кај бербер Фуфо, кој збесна како рис па со тупаница го искрши телевизорот во обложувалницата, каде со пријателите го очекуваше толку посакуваниот погодок Јунајтед. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=RyJHSZEFE4M Видео: Екипа.мк

Повеќе на vistina.mk]]>

За многумина во Драчево берберот Фуфо е добро познат како човек кој „кисне“ по обложувалници. Тој  чекаше само еден гол на Манчестер Јунајтед на натпреварот против Вулверхемптон во 2. коло од Премиерлигата за да си добие 11.000 евра. Шанса му  се отвори во 68. минута кога „Црвените ѓаволи“ добија пенал… Но, истиот не успеа да го реализира францускиот репрезентативец Пол Погба. Тоа значеше огромна лутина кај бербер Фуфо, кој збесна како рис па со тупаница го искрши телевизорот во обложувалницата, каде со пријателите го очекуваше толку посакуваниот погодок Јунајтед. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=RyJHSZEFE4M Видео: Екипа.мк]]>