пелтечење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Jun 2018 11:41:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пелтечење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој е најчестиот проблем кај децата и како да им помогнете? https://arhiva.vistina.com.mk/koj-e-najchestiot-problem-kaj-decata-i-kako-da-im-pomognete/ Wed, 20 Jun 2018 11:41:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=33040

Пелтечењето е проблем со кој се соочува 1% од населението. Тој се карактеризира со повторување на звуци, истегнување на слогови или други проблеми со говорот. Поимот пелтечење опфаќа различни проблеми со говорот како:
  • Повторување на звуци (м...м...м...мама) или слогови (ма...ма...ма...мама).
  • Истегнување на звуци (ммммммммама).
  • Проблеми со изговарањето на одреден звук или збор.
  • Избегнување на изговарањето на одредени зборови или нивно изговарање до половина.
  • Целосно одбегнување на зборувањето.
Пелтечењето најчесто се појавува во детството, во периодот помеѓу 3-та и 7-та година. Во 40-80% од случаите, пелтечењето исчезнува во периодот на адолесценција. Кај возрасните пелтечењето најчесто е резултат од несреќа или психолошки проблем. До ден денес сè уште не се јасни точните причини за појавата на пелтечење. Истражувањата покажуваат дека мажите се посклони кон пелтечење за 3 пати повеќе од жените и дека шансите да се здобиете со овој проблем се зголемуваат за 20%, ако ваш близок роднина има проблеми со говорот. Некои експерти веруваат дека некои луѓе имаат генетски предиспозиции кон пелтечењето, но не знаат што го предизвикува тоа. Според други, пелтечењето е резултат на комбинација од фактори. Пелтечењето кај децата може да биде фрустрирачко како за детето, така и за луѓето од неговата околина. Многу често децата со ваков проблем се исмејувани и ја губат самодовербата.
Вие можете да му помогнете на вашето дете да престане да пелтечи или да не се развие пелтечење. Следете ги следните совети:
  1. Посветете му повеќе внимание, разговарајте во опуштена атмосфера каде што детето нема да има потреба да надвикува други луѓе;
  2. Дајте му време за да се искаже и не го прекинувајте;
  3. Седнете на подот за да сте на еднакво ниво со него и гледајте го право во очите дури и кога пелтечи;
  4. Забавете го вашиот говор и почекајте неколку секунди пред да одговорите, за детето да знае дека може да го направи истото;
  5. Употребувајте кратки и прости реченици;
  6. Однесувајте се кон детето на начин, на кој тоа нема да чувствува дека има проблем.
]]>