пелистерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Sep 2018 10:58:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пелистерка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 По три години пауза, добредојде за Тамара со „Довидување таго“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-tri-godini-pauza-dobredojde-za-tamara-so-doviduvanje-tago-video/ Wed, 05 Sep 2018 10:58:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46389

По три години музичка пауза и денови посветени на мајчинството, Тамара Тодевска денес точно на пладне на Стоп ТВ, го промовираше својот нов сингл насловен „Довидување таго“. И зад оваа песна се потпишува тимот кој што веќе години наназад, животот на Тамара го раскажува низ песна. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текст Игор Џамбазов, видео запис Чедо Поповски.
„Џамбаз ме познава како дишам. Билбилов исто така. И оваа песна како и многу претходни е буквално приказна од мојот живот. Раѓањето на Хана ме промени комплетно. Ми донесе една сосема нова енергија и во домот и во секојдневието. Игор знае како тоа да го раскаже со зборови затоа што ја гледа позитивната промена во мене. Среќна сум и исполнета а таква е и песната. Многу ми е драга затоа што ја отсликува позитивата која што ја живеам последниве години а најавува и нова. Видеото со Чедо го снимивме на една прекрасна плажа во Грција во петтиот месец од мојата втора бременост“ – вели Тамара.
Деновиве Тамара освен што на кратко се врати во студио, ги посветува на семејството, сопругот Александар и ќерката Хана. Нестрплива до породувањето, слично како и за својата прва бременост вели дека нема да заборави на работата, напротив со музика и нови песни ќе го донесе на свет и своето второ дете. За реализацијата на ова музичко парче, Тамара ја обнови соработката со своите стари пријатели и поддржувачи Пелистерка. „Обновената соработка со Пелистерка е уште еден убав момент во целата оваа приказна. Ме радува фактот што оваа успешна македонска компанија застанува зад македонската музика која што периодов не ги живее своите најсветли моменти. “ – изјави Тамара Тодевска, чие видео за новата песна ексклузивно ви го преставуваме во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=Twoz6IBJ0tI&feature=youtu.be]]>