пелистер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Apr 2022 07:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пелистер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 13-ти април, среда во градска кафеана „Пелистер“ во 12 часот: „Меморија“ со ПРЕСС конференција за големиот концерт на отворено https://arhiva.vistina.com.mk/na-13-ti-april-sreda-vo-gradska-kafeana-pelister-vo-12-chasot-memorija-so-press-konferencija-za-golemiot-koncert-na-otvoreno/ Tue, 12 Apr 2022 06:30:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245985

Пет години по големиот повратнички концерт во сега веќе непостоечката „Метрополис арена“, култната македонска поп-рок група „Меморија“ најавува нов концертен спектакл. Овој пат под отворено небо, на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, каде на 11-ти јуни 2022 год. ќе се одржи најголемата рок ен рол концертна журка во живо годинава. Замислена како своевидна „концертна матурска рок ен рол забава на генерациите“... И на оние некогашните, кои паметат многу посреќни времиња и овие сегашниве кои ги живеат најубавите години од својата младост, но и оние чии тинејџерски години допрва доаѓаат, концертот на „Меморија“ ќе биде многу повеќе од само обичен „Open air“ рок концерт. Сплотена енергија на неколку генерации како знак на заедништво и верба во вистинските вредности. И музички и човечки! Покрај нивните најголеми хитови како „Нена“, „Одам засекогаш“, „Оган под ѕвездите“, „Нашите слики“, „Зошто Боже“, „Дирлада“, „Снежо-Снежана“... кои одново ќе ги слушнеме од големата концертна сцена, на неа  како специјални гости ќе се појават уште неколку култни македонски бендови и музичари... Некои кои се’ уште постојат и градат кариера, некои кои односво специјално ќе се соберат за оваа прилика. Така покрај членовите на „Меморија“ за  скопската и македонската публика воопшто, заедно со нив ќе свират и пејат уште и Ружица и Ивица од „Ареа“, Венко и Сеад од „Конкорд“, публиката ќе има можност да го види и слушне во живо, музичкиот видео омаж за Аки Рахимовски, со можност за уште неколку специјални изненадувања што засега се чуваат во тајна. По овој повод членовите на „Меморија“, утре, среда, 13 април 2022 година во градската кафеана „Пелистер“ на Плоштад „Македонија“ -Скопје, со почеток во 12 часот напладне ќе ја одржат својата прва  прес конференција. На неа пред претставниците на медиумите ќе бидат соопштени сите детали и поединости за најавениот концерт, кој ќе биде проследен со специјални светлосни и визуелни ефекти.]]>

Во сабота, 16-ти октомври точно напладне: Промоција на книгата „Дремка за двајца“ од Братислав Димитров во „Пелистер“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-sabota-16-ti-oktomvri-tochno-napladne-promocija-na-knigata-dremka-za-dvajca-od-bratislav-dimitrov-vo-pelister/ Fri, 15 Oct 2021 12:42:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223200

На 16-ти октомври, сабота во градската кафеана „Пелистер“ во Скопје со почеток во 12.00 часот или точно напладне,ќе се одржи промоцијата на новата книга на познатиот македонски драматург, пистаел, автор, колумнист... Братислав Димитров - Бато. Книгата носи наслов „Дремка за двајца“ и како што и самиот автор вели, е избор од стари, но и многу нови колумни и раскази кои имаат за цел да ја насмеат до солзи читателската публика и разбудат многу позитивни чувства и емоции во овие тешки времиња. Книгата не содржи дневна политика и изобилува со многу хумор и страст, каков што е впрочем и сензибилитетот на личноста и на самиот автор. Промоцијата на книгата „Дремка за двајца“ на Братислав Димитров ќе се одржи на отворено, според важечките протоколи за организирање настани, кои во целост ќе бидат запазени и испочитувани.    ]]>

Промовирана книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски – Џери https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-knigata-kaleido-skopski-shemi-od-ljubomir-grbevski-dzeri/ Sun, 08 Nov 2020 13:46:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175207

Книгата „(Кaлеидо) Скопски шеми“ од Љубомир Грбевски во издание на „Авант прес“ беше промовирана во петокот (6.11.2020) во ресторанот „Пелистер“. При промоцијата беа запазени сите мерки за заштита и протоколи за заштита од Ковид-19, пропишани од Владата. Промотори на книгатабеа Ѕвездан Георгиевски и Александар Прокопиев, а за музичката придружба се погрижи македонскиот кантавтор Јаков Дренковски, додека, пак, актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска  читаше дел од стиховите од новата книга на Љубомир Грбевски. Книгата – Џери за тинејџери: (Кaлеидо) Скопски шеми (улични легенди и урбани песни удобни како чевли тесни) – е петта книга на Љубомир Грбевски, со која тој се навраќа на својата првобитна форма, пишување песни кои се наменети за тинејџерската публика. „Воопшто не е лесно во себе да се пронајде логиката на детското и тинејџерското размислување, она што повеќето од нас, се чини, трајно го имаат загубено. Но, авторот не само што успешно се справува со овој предизвик, туку оди и подалеку. Тој не го поставува во преден план сопственото тинејџерско искуство, како што тоа обично го прават авторите во оваа област, туку се идентификува со сегашните тинејџери“ – вели Ѕвездан Георгиевски во својата рецензија. Љубомир Грбевски е познат како новинар и музички критичар, пред сè е познат по написи и рецензии за македонската и светската рок и џез-музика. Покрај новинарската активност, пишува и белетристика, рок-поезија, како и песни и драмски текстови за урбана тинејџерска популација. Збирката „Стихови празни и рими безобразни“ – антипесни тинејџери, е негова дебитантска книга која доживеа две изданија (1991 и 1992), книгата (Хоро)скопски шеми во печат се појавува 2009. Во 2016 година излегува неговата книга Бајки тралалајки за „урбани клинци и напредни мајки“, а во 2019 книгата „Лет со умот, кон папокот на универзумот“. Неговата пиеса „Сликата на Доријан Змеј“ е влезена во Антологија на драмски текстови за деца и млади во 2013, а, пак, бајката „Мал крал“ е влезена во Антологијата на македонски авторски бајки. Неговата пиеса „Како шутот доби на дар, работно место да стане цар“ е снимена како радиодрама во 2018 година. Во светот на македонската рок-музика е познат како автор на либретото на првата македонска рок-опера „Житието на сликарот“ (1981) и како автор на полчасовната рок-поема „Седумте пеења на пророкот“ (2012). Се јавува и како текстописец на над седумдесетина текстови за рок-композиции. На манифестацијата „12 величествени“ во 1992 прогласен е за текстописец на годината.]]>

Татијана Стефановска од Пелистер порачува – „Си одам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/13386/ Tue, 20 Feb 2018 11:35:13 +0000 http://vistina.mk/?p=13386

Татијана Стефановска конечно ги израдува своите обожователи со видеоспотот за новата песна, баладата „Си одам“, која се најде на последниот  албум „Дарој свадбарски“ на пејачката, носач на звук кој излезе во уште во фебруари мината година и веднаш ги освои симпатиите на публиката.
„Доволно долго ја чував и сега дојде времето да се сними спот за неа. Не ја форсирав, не ја промовирав, затоа што сакав да излезе комплет со видео запис. Сега се одучивме тоа да го правиме, после долги подготовки, затоа што знаеме колку треба да се има организација за да се добие комплетно видео од 3-4 минути. Овој пат на мој терен, во Битола“ - изјави неодамна Татијана.
“Си одам“ е авторско дело на композиторот Дејан Момироски кој ги напиша музиката и аранжманот, а стиховите се дело на текстописецот Борче Нечовски.
Видеото го изработи продукцијата ИН ТВ, а спотот е сниман на повеќе локации низ Битола и е во храмонија со сезоната, па во него ќе уживате во прекрасните снежни кадри снимени во Националниот парк Пелистер, но и во одличниот изглед на пејачката, која  и покрај многубројните обврски, најави и две пократки турнеи надвор од нашата земја.
Како сето тоа звучи и изгледа, проследете во видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=oWGV78N339E
 
]]>