пелени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Dec 2023 08:58:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пелени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И се испушти среде емисија: Колешката откри детали за мајчинството на Марија Шерифовиќ кои таа сакаше да ги сокрие (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/i-se-ispushti-srede-emisija-koleshkata-otkri-detali-za-majchinstvoto-na-marija-sherifovik-koi-taa-sakashe-da-gi-sokrie-foto/ Mon, 18 Dec 2023 08:58:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331409

Пејачката Марија Шерифовиќ се реализираше во улогата на мајка, а тоа долго време го криеше од јавноста. Пејачката Јована Николиќ јавно посочи дека Марија влегла во процес да стане мајка. Во една емисија емитувана во април 2022 година, Јована ги изрази своите желби дека би сакала да слушне повеќе за тоа како Марија ќе менува пелени наместо да продава концерти. Оваа изјава ги изненади присутните, но Марија со насмевка ја коментираше изјавата на Јована, нарекувајќи ја безобразна. Сепак, таа истакна дека двете се многу добри пријателки и дека го земала предвид коментарот на Јована. - Она што би сакала да го слушнам во блиска иднина, можеби малку повеќе од концертна продажба, е менувањето пелени - изјави тогаш Јована за Курир.рс и ги изненади сите. - Се шегувам, голем поздрав до Јована, многу сме добри пријатели и сме поминале секакви работи во овој заеднички живот, толку убави, тоа го земав предвид - изјавила тогаш Марија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Иако ја чуваше тајната, Марија меѓу редови одговори: - Не можам да кажам дека не е интимно, тоа е, многу е интимно, особено во овој момент и во овој случај. Не сум се предомислила. Со нетрпение го чекам тој момент, кој веројатно се ближи - откри Марија во таа емисија. фото:Instagram printskrin/ jovananikolicmusic/ serifovic]]>

Многу тазе родители се среќаваат со овој проблем- важни совети за „осип од пелени“ кои мора да ги знаете https://arhiva.vistina.com.mk/mnogu-taze-roditeli-se-srekavaat-so-ovoj-problem-vazhni-soveti-za-osip-od-peleni-koi-mora-da-gi-znaete/ Thu, 09 Feb 2023 12:40:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288247

Многу родители се среќаваат со осип од пелената кај бебето. Педијатарот д-р Шрути Натвани за „Сан“ (The Sun) објаснува дека има многузабуни и заблуди околу тоа што сѐ го предизвикува тој „осип од пелени“? – Не секогаш Вашето дете седи предолго во влажна пелена… Првата изненадувачка причина за непријатности кај Вашето бебе е тоа што неодамна сте почнале да јадете цврста храна. Имено, кога ќе почнете да го навикнувате малечкото на цврста храна, ќе видите дека неговата столица е погуста и обично потемна по боја. Може да забележите и дека промената во исхраната понекогаш може да ја зголеми зачестеноста на столицата и п-Х вредноста, зголемувајќи ги така можностите за осип, објаснува докторката. Друга причина за осип е „претераната хигиена“. Имено, д-р Натвани вели дека иако чистотата е клучен дел од секојдневната рутина, бебињата со почувствителна кожа може да бидат склони кон иритација и ранички ако се претера со триењето. – Миењето и чистотата на бебето игра клучна улога во отстранувањето на урината и изметот, но некои бебиња може да имаат чувствителна кожа, а прекумерното или посилно бришење може да ја иритира бебешката кожа, што на крајот може да ја зголеми и опасноста од осип, додава педијатарот. За да се спречи тоа, таа препорачува меко марамче и млака вода за нежно бришење на бебето одзади. – Ако користите марамчиња, обидете се да користите од оние без алкохол и мирис, бидејќи тие, исто така, понекогаш ја иритираат кожата. И, секогаш оставете го местото каде што ја нанесувате пелената, темелно да се исуши пред да ставите нова пелена, појасни докторката. Конечно, таа предупредува и дека ако вашето дете има дијареа или течна столица, тоа може да предизвика и полош осип. – Осипот кај пелената може да се појави кога кожата на бебето е во долготраен допир со урина и измет, изјави д-р Натвани. Советот гласи – мора почесто да се менуваат пелените. Токму поради зголемената п-Х вредност на столицата и поголемиот волумен, се покачува и опасноста од осип. Извор: Курир.мк]]>

Македонскиот кандидат дојде во „Ѕвездите на Гранд“ за да пее, а жирито дома го испрати со пелени (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-kandidat-dojde-vo-dzvezdite-na-grand-za-da-pee-a-zirito-doma-go-isprati-so-peleni-video/ Mon, 25 Nov 2019 08:31:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120273

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“  настапуваше и 35 годишниот прилепчанец Гоце Бошковски. Гоце во првиот круг на новата сезона се претстави со песните „Предај се срце“ од Индекси и  „Зашто правиш слона од мене“ од Дино Дворник. По неговите интерпретации Гоце доби вкупно  4 гласа односно од Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Јелена Карлеуша и гост ментор Шериф Коњевиќ. „Гоце, ова беше само поддршка. Малку ја потцени песната на Индекси, не беше добра ни мелодијата“ прокоментира Ана и го повлече својот глас, односно одби да му биде ментор. Вики Миљковиќ го потврди својот глас односно прифати да биде ментор на Гоце. „Ова не е мој фазон, но јас сакам предизвици“, изјави Вики, додека пак Јелена Карлеуша и Шериф исто така го повлекоа својот глас. Ова не е првпат, Гоце да се појавува во регионалното музичко шоу, тој беше исто така и претходната година кога ментор му беше Ѓорѓе Давид. Бидејќи изгледа дека Ѓорѓе ги следи случувањата во приватниот живот на неговите кандидати од претходната сезона, овој пат одлучи да го израдува Македонецот со еден подарок. Ѓорѓе по интерпретацијата излезе на сцената и на својот „ученик“ му даде пелени за својата ќерка. „Јас морам да направам едно прекинување, па вие продолжете. Бидејќи човекот има ќерка од неколку месеци, еве ти малку помош и два пари пелени“ изјави Ѓорѓе и ги даде пелените на Бошковски, a Марија се пошегува дека и Гоце може да ги стави пелените. Како Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Ташке ќе го подготват македонскиот кандидат останува да почекаме до јануари кога започнува и вториот круг. Инаку, ќерката на Гоце, неодамна наполни 11 месеци, а гордиот татко на својот „Фејсбук“ објави фотографија од неговата наследничка. Настапот на Гоце може да го погледнете во видеото подолу на 09:04. ]]>

Стефан Живојиновиќ: „Нема да дозволам родителите да ми купуваат пелени за бебето“ https://arhiva.vistina.com.mk/stefan-zivojinovikj-nema-da-dozvolam-roditelite-da-mi-kupuvaat-peleni-za-bebeto/ Tue, 19 Nov 2019 11:21:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119360

Поголемиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан Живојиновиќ тргна по стапките на неговата мајка. Иако Живојиновиќ веќе не живее со неговите родители, тој смета дека не е доволно самостоен за да формира семејство односно да се ожени и да има деца. Стефан потекнува од богато семејство, но тој вели дека не сака да биде зависен од неговите родители. „Така е. Прво што треба да направиш е да бидеш стабилен и да имаш финансиска сигурност. Не можам да поднесам родителите да ми даваат пари за пелени за бебето. Затоа не размислувам за тоа, гледам да работам. Колку толку сум независен, но не е тоа – тоа“ вели Живојиновиќ за „Сцена“. Младиот пејач неодамна раскина со девојката, а сега вели дека нема потенцијална партнерка и не брза да ја најде. „Кога ќе биде, ќе биде јавно. Засега нема ни потенцијални, уживам и мислам дека се уште не е време за мажачка“ вели синот на фолк дивата. За потсетување, младиот пејач неодамна ја издаде песната „У другом животу“ и истакна дека е посветена на неговата поранешна девојка од Бугарија.]]>

Како да го одвикнете детето од пелени за една недела? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-odviknete-deteto-od-peleni-za-edna-nedela/ Tue, 03 Sep 2019 13:15:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104963

Секоја голема промена кај децата може да биде проблематична, а кога станува збор за одвикнувањето од пелени, влијае и фактот што децата емотивно се врзуваат за нив. Тоа уште повеќе ја отежнува работата. Блогерката и авторка Кристин Копа тврди дека можеме да го одвикнеме детето од пелени за една недела, и тоа без стрес. Таа успеала во тоа, и тоа за 5 дена, без ничија помош. Еве ги нејзините совети… Првите денови… За почеток, ставајте го детето на нокшир веднаш по будењето наутро и по враќањето дома од градинка, а истото правете го и неколку часа во текот на денот, на секои 15 минути. Оставете го детето да игра, јаде, да гледа цртани филмови, сѐ што и вообичаено прави, само на секои 15 минути ставајте го на нокшир. Кога ќе заврши, ставете му пелена и продолжете со обврските. Третиот ден веќе сосема ослободете се од пелените и повторно редовно ставајте го детето на нокшир, но без да се навраќате на пелените. Доколку излегувате, потрудете се со себе да го понесете и нокширот и да одите на места каде што има тоалети. Секако, не заборавајте и на многу резервни гаќички и облека. Многу е важно кога ќе ја тргнете пелената, повеќе да не ја враќате во текот на денот. Соблечете го детето Кога сте дома, оставете го детето да шета голо, ако е топло, или пак нека носи само памучна маичка. Ако детето не носи пелени или гаќички нема ни да има каде да изврши нужда, па самото ќе побара. Затоа пак, мора да внимавате нокширот секогаш да биде во близина на детето. Ако детето успешно заврши работа, покажете му го нокширот и кажете му „бљак“, па заедно истурете го во веце шолјата и пуштете вода. Наградете го детето и бидете креативни Наградите се од голема важност кога зборуваме за одвикнување од пелени. Одлучете се за некои ситници кои вашето дете многу го радуваат. Тоа може да бидат шарени налепници, „тетоважи“ на рацете или бонбончиња. Одведете го детето во продавница и купете му некоја играчка како награда за цел ден вршење нужда во нокшир, без незгоди. Навивајте Во моментот кога вашето дете ќе седне на нокшир, вие треба да станете неговиот најголем навивач. Навивајте, плескајте, танцувајте во победнички стил, смејте се гласно и гушкајте го вашето дете. Дозволете му и да ги повика баба му и дедо му за да им се пофали за својот голем успех. Потсетете ги нив дека и тие треба да му дадат некој мал подарок како награда. Разговарајте со воспитувачките во градинка Иако воспитувачките во градинка се одговорни за многу деца и не можат да го пазат само вашето, вие сепак треба да им го обрнете вниманието на ова прашање додека се обидувате да го тренирате дома. Тие треба да ги следат знаците кои покажуваат дека на детето му се оди во веце, а добра идеја е да спремите мали награди и да им ги дадете на воспитувачките за да можат тие да му ги дадат на вашето дете кога ќе заврши добра работа на нокшир.
Покажете му на детето како се прави тоа Визуелното учење кај децата има многу голем ефект и затоа не се воздржувајте да му покажете на вашето дете како се користи веце шолјата. Ограничете ги чаевите, сокчињата и млекото пред спиење Во текот на одвикнувањето од пелени, немојте да му давате на детето да пие нешто најмалку еден час пред спиење, а тоа значи дека вечерата можеби ќе треба да му ја дадете подоцна, за да не бара уште нешто пред спиење. Имајте на ум дека ноќното одвикнување од пелени не треба да оди во пакет со дневното бидејќи тоа би било премногу за детето одеднаш. Но, затоа е важно детето сабајле да се буди со сува пелена. Читајте му приказни на оваа тема Постојат разни сликовници на оваа тема кои можат да ви помогнат во процесот на одвикнување од пелени. Вие читајте му, а тоа нека ги гледа сликите. Глумете со гласот и обидете се да му го претставите овој процес на одвикнување на најзабавен можен начин. Кога да почнете со одвикнување од пелени? Многу стручњаци велат дека децата помали од 18 месеци не се психички спремни да се откажат од носењето пелени, а кај момчињата тоа важи дури и за некој месец подоцна. Повеќето родители почнуваат со одвикнувањето помеѓу втората и третата година, но не постои генерално правило кога точно треба да се почне. Постои можност вашето дете да сака да ги остави пелените само ако добро му објасните што се бара од него, но најважно е да не го присилувате да користи нокшир доколку сѐ уште не се чувствува спремно. Некои родители ги седнуваат децата на нокшир уште пред да наполнат една година, но тоа според експертите е сосема погрешно. Децата помлади од две години не можат да контролираат кога да мочкаат и какаат затоа што мускулот кој ги контролира бешиката и ректумот се развива помеѓу 18 месеци и 2 години. Затоа, најправилно е да почекате детето да покаже знаци дека е спремно. Ако се обидете прерано, шансите за незгоди се многу поголеми, а процесот на одвикнување ќе трае многу подолго. извор:кафепауза.мкпелени]]>

Кога е време за одвикнување од пелени и подготовка на детето за нокширче? https://arhiva.vistina.com.mk/odviknuvanje-od-peleni-i-podgotovka-na-deteto-za-nokshirche/ Tue, 22 Jan 2019 13:31:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68484

Малечките растат брзо и доаѓа време кога пелените треба да се исфрлат од употреба, a дечињата да научат како самостојно да користат нокшир. Најголемото прашање кое ги мачи родителите е „Кога да започнам со одвикнување од пелените?“. Иако не може да се даде дефинитивен одговор зашто секое дете се развива различно и во различни услови, повеќето деца покажуваат знаци на подготвеност за користење на нокшир на возраст од 18 до 24 месеци. Преминувањето од пелени кон нокшир е процес кој најчесто се одвива подолг временски период и знае да биде макотрпен, често обесхрабрувачки, но клучот е во трпението и смиреноста. Еве неколку корисни совети за вашето дете полесно да се прилагоди на големата промена:
  1. Обрнете внимание дали детето е физички и емотивно подготвено.Збогувањето со пелените треба да го направите во партнерство со вашето дете. Најважно е да започнете со „тренирање“ кога ќе увидите дека вашето малечко е подготвено. Некои од знаците кои ќе ви укажат дека детето е подготвено за нокшир се:
    • Ви покажува кога мора да изврши нужда со зборови, звуци, гримаси на лицето или со држењето на телото (чучнување, поставување на раката во гениталната регија);
    • Не поднесува пелените да му се мокри или валкани;
    • Покажува интерес за нокширот и тоалетната школка;
    • Може да следи основни инструкции;
    • Сака да започне да носи гаќички;
    • Пелените му остануваат суви околу два часа во текот на денот;
    • Може само да ги турне панталоните и да седнува и станува само од нокширот.
  2. Запознајте го со нокширот и неговата намена. Доколку имате можност, одберете нокшир кој ќе му се допадне на вашето дете, на пример со неговиот омилен лик од цртаните филмови. Охрабрете го детето да седи на нокширот, со или без пелени. Некои родители тврдат дека ефективна тактика е понекогаш да се ставаат валканите пелни во нокширот, за детето подобро да ја сфати неговата намена.
  3. Практикувајте рутинско седење на нокшир. Побарајте од вашето дете да седнува на нокширот во одредени периоди од денот – веднаш по будењето наутро, пред излегување од дома, по оброк, пред капење, пред спиење. Така ќе му создадете навика. Добра идеја е да му дадете играчка за да се занимава додека седи на нокширот за побрзо да му помине времето.
  4. Секогаш кога ќе забележите дека детето има потреба да оди во тоалет, земете го и притрчајте до нокширот. На тој начин детето ќе започне да ги препознава знаците кои треба да му укажат дека треба да прекине со сите други активности и да замине во тоалетот.
  5. Избирајте облека која е лесна за соблекување. Не му отежнувајте на вашето дете, облекувајќи го во алишта со патенти, петлици или колани. Додека се учи да користи нокшир, избирајте панталони со ластик за да му биде едноставно соблекувањето.
  6. Пофалете го за секое успешно користење на нокширот, но никогаш не го казнувајте за грешките. Со ентузијазам и одушевување пофалете го вашето малечко секогаш кога ќе изврши нужда во нокширот. Можете да му речете „Браво, сега си големо момче/девојче“. Од друга страна, никогаш не треба да го казнувате за „грешките“. Останете смирени и не избувнувајте пред вашето дете, затоа што може да го уплашите и збуните. Во таква ситуација речете му „Добро, сега заборави. Следниот пат ќе седнеш на нокширот навреме“.
  7. Не заборавајте на хигиената. Штом вашето дете започне да користи нокшир, време е да го подучите и како да се брише правилно со тоалетна хартија, но најважно е да му создадете навика за миење на рацете.
  8. На почетокот сè уште ќе ви требаат пелени во текот на ноќта. Многу е полесно да го научите детето да останува суво и чисто во текот на денот, отколку за време на спиењето. Па, на почетокот препорачливо е да користите пелени во текот на ноќта. Поставете го нокширот блиску до креветчето на вашето дете и советувајте го да станува кога ќе има потреба да изврши нужда. Кажете му дека може да ве повика вас за да му ги соблечете пелените и да му помогнете во процесот.
  9. Имајте реални очекувања. Некои деца преминуваат од пелени кон нокшир за неколку недели, на други им се потребни и по 7-8 месеци. Не очекувајте брз напредок и бидете подготвени за „инциденти“. Останете позитивни и трпеливо минувајте низ процесот, секогаш напоменувајќи му на детето колку сте горди на неговите мали, но значајни постигнувања.
]]>