пеколни температури – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 19 May 2022 12:32:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пеколни температури – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Метеоролозите предвидуваат изгор лето: На Балканот не очекуваат пеколни температури https://arhiva.vistina.com.mk/meteorolozite-predviduvaat-izgor-leto-na-balkanot-ne-ochekuvaat-pekolni-temperaturi/ Thu, 19 May 2022 12:32:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251327

Најпознатиот светски метеоролошки сервис AccuWeather објави летна прогноза за цела Европа. Според извештајот, Португалија, Шпанија и Италија ќе се соочат со жежок период со многу покачувања и падови на температурата во текот на целата сезона. Секој топлотен бран во областа ќе трае една или две недели и ќе се карактеризира со рекордни температури, но тие треба да бидат прекинати со бавни бури што ќе доведат до пад на температурите и врнежи. Јужниот дел на Европа го очекува рекордна жештина, со невреме. Слично како и минатото лето, градовите ширум Балканот годинава може да очекуваат повеќе денови со температури над 32 целзиусови степени. Топлите периоди ќе бидат придружени со суши, иако годинава се очекува да бидат поблаги од 2021 година. Во втората половина на летото би требало да има повеќе грмежи отколку во првата. Сепак, тие веројатно нема да бидат доволно распространети за да стават крај на проблемите што ќе ги донесе периодот на суша. AccuWeather наведува дека грмотевиците би можеле да бидат меч со две острици, во смисла дека до одреден степен ќе го ублажат периодот на суша, но дека ќе донесат сериозни временски катастрофи, вклучително и бури што може да ги оштетат посевите на пченица и пченка.]]>

Следуваат пеколни температури: Овие препораки мора да ги почитувате за да се заштите https://arhiva.vistina.com.mk/sleduvaat-pekolni-temperaturi-ovie-preporaki-mora-da-gi-pochituvate-za-da-se-zashtite/ Tue, 03 Aug 2021 11:48:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213628

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека во текот на следните два дена (од 4-5.08.2021 година – среда до четврток), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза. Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се: -Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години. -Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. -Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници. -Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Министерството за здравство потсетува дека населението во целиот летен период потребно е да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето: -Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. -Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор. -Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. -Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. -При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. -На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката. Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури. извор: Курир.мк]]>