пекол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 10 Jul 2023 12:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пекол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Одморот со куче може да ви стане пекол: Мора да сте внимателни, овие работи се многу опасни за вашето милениче https://arhiva.vistina.com.mk/odmorot-so-kuche-mozhe-da-vi-stane-pekol-mora-da-ste-vnimatelni-ovie-raboti-se-mnogu-opasni-za-vasheto-mileniche/ Mon, 10 Jul 2023 12:21:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309633

Песочна импакција Верувале или не, некои кучиња јадат песок на плажа. Но, повеќето домашни миленици случајно голтаат песок додека копаат или си играат со топка или играчка. Ако кучето изеде одредена количина песок, тоа може да предизвика блокада во цревата, попозната како песочна импакција. Знаци на оваа сериозна состојба, која бара итен ветеринарен третман, се повраќање, дехидрација и болки во стомакот. Не претпоставувајте дека вашето куче знае да плива. Тоа е вештина која мора да се научи. Некои раси се природно силни пливачи, но некои кучешки раси, едноставно, не се родени за оваа активност. Ако вашето куче не е навикнато да плива, морето не е место за почеток, затоа погрижете се да не навлегува во длабокото. Мртви риби Не дозволувајте кучето да изеде мртва риба од плажа. Одредени видови риби содржат опасни токсини кои можат сериозно да му наштетат на кучето. Веруваме дека дел од сопствениците на домашни миленици се запознаени со случајот со кучето од Северен Норфолк, кое почина откако изеде парчиња мртви риби на морскиот брег. Силни бранови Дури и ако вашето куче е добар пливач, постои ризик да биде однесено од голем бран. Внимавајте во ветровитите денови, бидејќи брановите се силни и не дозволувајте кучето да оди предалеку. Брановите и струите можат да го изморат, затоа не би било лошо да купите елек за спасување за кучиња. Труење со солена вода Ако забележите дека вашето куче се обидува да пие морска вода – запрете го! Солта, бактериите и паразитите во водата можат да му наштетат. За да го спречите кучето да пие солена вода, носете доволно чиста, свежа вода на плажата за често да му нудите на кучето. Исто така, можете да спречите иритација на кожата и шепите од сол со испирање со свежа вода. Повреди со јадици Ако се на плажа која е популарна кај риболовците, внимавајте на фрлените јадици. Овие метални жички може да предизвикаат сериозни повреди во устата на кучето, или кучето да ги проголта и да создаде уште поголем проблем. Дополнително, кучињата може да претрпат повреди на шепите доколку згазнат на фрлена јадица. Непознати предмети На плажата секогаш има искушенија во вид на фрлено ѓубре, играчки и школки. Внимателно следете го вашето куче и спречете го доколку сакате да не изеде нешто што му наликува на храна. Исто така, внимавајте да не се повредат со предмети со остри рабови, како скршени играчки на плажата. Медузи Кучињата се многу љубопитни животни и сакаат да истражуваат, па затоа можат да налетаат и на медузи. Овие морски суштества често демнат во плитка вода или се заглавуваат на брегот. Многу видови се безопасни, но има и такви кои можат да предизвикаат многу непријатни повреди. Напор на сонце Имајте на ум дека трчањето на песок бара многу повеќе напор отколку трчањето на трева. Преголемата физичка активност, особено на летното сонце, брзо може да доведе до топлотен удар, затоа бидете внимателни. Палмино масло Палминото масло често се појавува на плажите. Ако кучето го излиже, маслото може да му предизвика сериозно повраќање и дијареа и да доведе до негова дехидрација. Дали алгите се добри за кучињата? Алгите се вреднуваат како извор на витамини и минерали. Сепак, исушените алги кои се акумулираат на плажата можат да бидат опасни за кучињата. Ако кучето ги изеде, тие може да отечат во стомакот и да се заглават во цревата. Ако кучето проголта голема количина суви алги на плажа, веднаш контактирајте го неговиот ветеринар. Опасни температури Нека не ве лаже свежото ветре што дува на плажата, бидејќи тоа не ја намалува температурата на воздухот. Без разлика дали вашето куче е под чадор или сте на излет, обезбедете му засенчено место и многу свежа вода за да избегнете топлотен удар. Одење по врел песок Сонцето може да го загрее песокот до опасни температури. Ако вам ви е премногу топло за да одите боси по песокот, премногу е топло и за шепите на вашето куче. Ако планирате да ја посетите плажата со вашето куче, направете го тоа рано наутро или доцна попладне. Изгореници од сонце Исто како и луѓето, така и кучињата можат да изгорат од сонце. Расите со кратко/бело крзно и розови уши треба да бидат особено внимателни во топлите денови. Користете крема за сончање направена специјално за кучиња и избегнувајте нивно изложување на сончеви зраци во најтоплиот дел од денот. Извор: Курир.мк]]>

Српската инфлуенсерка Марија Радовиќ раскажа каков пекол доживеала на еден роденден: „Ми ставија дрога во пијачката“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-influenserka-marija-radovik-raskazha-kakov-pekol-dozhiveal-na-eden-rodenden-mi-stavija-droga-vo-pijachkata-foto/ Thu, 26 Jan 2023 11:45:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285957

Српската инфлуенсерка Марија Радовиќ со своите следбеници на Јутјуб ја сподели приказната за, како што вели, некој наводно и истурил дрога во пијалокот на сплав, каде што таа гостувала на роденденска забава. -Минатата година отидов на роденден со другарка, роденден кој се одржа на сплав. Нашиот пријател кој славеше роденден зеде две маси на тој сплав и условот беше две шишиња алкохол да се нарача. Зеде текила и можеби виски. Во тој момент решавам да пијам текила. Сè беше во најдобар ред, а потоа во еден момент двајца мажи се приближија до нашата маса. Еден со помал раст, пополн, кој влегува во разговор со мене. Ми ги зеде очилата, му реков да ги врати. Му реков дека не ме интересира, а тој беше напорен. После 10, 15 минути дојде друг дечко и почна да ми кажува „јас сум ти маж, јас сум твое момче“, во еден момент ми стана непријатно со него, му реков да се тргне од мене или ќе викнам обезбедување и тој се тргна, започнува Марија. Како што изјавила понатаму, таа и друштвото почнале да наздравуваат, но тој алкохолен пијалок имал поинаков вкус и истакнала дека алкохолот седел на маса околу 20 минути. „После тоа наздравивме, а мене таа чашка текила ми седеше на масата можеби 20 минути, а потоа ја испив. Кога ја пиев текилата, вкусот и беше поинаков, крајно горчлив, по неколку секунди се чувствував многу чудно. Како нешто да почна да ми поминува низ телото. Мислев дека се опив од една текила. Кога продолжив да танцувам, почувствував како ми трнат прстите и рацете, не знаев што се случува со мене, но се почувствував исклучително лошо. Седнав до другарка ми, а таа мислеше дека сум премногу пијана. Кога отидов да му кажам на мојот пријател дека ми е лошо, не можев да кажам ниту еден збор. Тој излезе од сплавот да ми донесе вода и ми рече да не одам никаде. Навистина не се чувствував добро, успеав да се извлечам и почнав да повраќам, не можев да престанам и се' уште ми е мака кога ќе помислам на тоа. Нешто чудно се случуваше во моето тело“, рекла таа, а потоа додала: „Јасно е дека нешто ми беше ставено во пијалокот, не можев да паднам по две чашки текила. Тоа друго момче во еден момент и пријде на другарка ми, и ја праша за мене, а потоа се сврте кон понискиот пријател и му шепна нешто. За среќа, мојот пријател ме качи во такси и двајцата се упативме кон станот. И кога стигнав до станот, сè уште бев неверојатно омамена. Исто така, следниот ден се чувствував неверојатно лошо, можам да го опишам како најлошиот мамурлак на светот, имав впечаток дека се во мене скапува“, рекла Марија. Фото: Инстаграм принтскрин/maki_radovic]]>

Како несвесно си го претворате бракот во пекол? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-nesvesno-si-go-pretvorate-brakot-vo-pekol/ Tue, 17 Jan 2023 13:36:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284666

Се чини дека кога ќе се појават проблеми во бракот, таа прекрасна идеја дека ќе живеете среќно до крајот на животот со вашата сакана личност засекогаш паѓа во вода. Секако, никој од нас не сака да се најде во таков брак, но малкумина знаат до какви проблеми доведуваат овие негативни чувства и затегнувањето на односите меѓу партнерите. Одредени облици на однесување, кои всушност се форма на емоционална злоупотреба, може да предизвикаат голема штета на бракот. Кога луѓето размислуваат за однесување кое може да го наруши бракот, повеќето имаат тенденција да се фокусираат на работи кои имаат висока цена, како што се неверство, финансиски проблеми, физичко малтретирање и слично. Но, иако овие работи несомнено ја уништуваат основата на бракот, постојат и други навидум занемарливи однесувања кои можат бракот да го претворат во пекол. Редовно игнорирање на партнерот Бракот е изграден врз основа на добра комуникација. Продуктивните разговори се неопходни за одржување на силна емоционална врска. Меѓутоа, ако една личност во бракот постојано ја игнорира другата или се однесува како да има поважни обврски од тоа да го слуша партнерот, во таква врска лесно може да се појави презир. Гледањето во екранот на телефонот додека вашиот партнер разговара со вас е класичен пример за ваквото однесување. Не обрнувате внимание на говорот на телото Говорот на телото кажува многу за поединецот. Веројатно не сте ни свесни дека го саботирате вашиот брак со тоа што често кревате раменици кога партнерот ќе ве праша нешто, прекрстувајќи ги рацете или превртувајќи ги очите. Кога заземате одбранбен став, можеби мислите дека е помалку штетно отколку кога отворено не се согласувате со нешто. Сепак, навистина не е така. На овој начин му кажувате на вашиот партнер дека не сте отворени за неговите предлози и забелешки.
Заборавате на интимноста Како што животот станува сè позафатен и позафатен, наоѓањето време за интимност навистина станува сè потешко и потешко. Иако никој не негира дека сте навистина уморни на крајот од денот, навистина е важно да одвоите барем малку време за вашиот партнер откако ќе ги легнете децата. Интимноста, без разлика дали е физичка, емоционална или интелектуална, е она што ја прави разликата во бракот. Во спротивно, ќе живеете механички и досадно од ден на ден, правејќи ги истите работи со години, додека едно утро не се разбудите покрај апсолутен странец. Заборавате да изразите благодарност Веројатно на почетокот на бракот не сте прескокнале да му се заблагодарите на партнерот и за најмалата работа. Тоа е нормално, бидејќи сте биле фокусирани само на вас двајцата. Со текот на времето, сите ние имаме тенденција да ги земаме постапките и напорите на саканата личност здраво за готово. Како резултат на тоа, изразите на благодарност стануваат сè поретки, додека во еден момент целосно не исчезнат. Иако можеби сте немале намера да му се заблагодарите на вашиот партнер за секојдневните напори, без благодарност вашиот брак ќе биде на многу нестабилна основа. Запаѓање во рутина Иако рутината не е секогаш зло, таа навистина може да биде фатална за бракот. Кога заглавувате во рутина и не се мачите да правите нешто што може да ви го промени секојдневието, го осудувате вашиот брак да страда во тишина. Истите денови кои се повторуваат бескрајно, без желба за промени, авантура или нешто што може да ја разниша монотонијата, може само да доведат до распаѓање на бракот. Извор: Кајгана.мк
]]>

Пејачот на „Меморија“ минува низ животна голгота: Апостол Поце Икономов – ѕвезда на сцената со глас како ангел од рајот, а во душата пекол и очај до бескрајот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachot-na-memorija-minuva-niz-zivotna-golgota-apostol-poce-ikonomov-dzvezda-na-scenata-so-glas-kako-angel-od-rajot-a-vo-dushata-pekol-i-ochaj-do-beskrajot-foto/ Wed, 24 Aug 2022 10:08:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263876

Апостол Поце Икономов... пејачот на култната македонска поп-рок група „Меморија“, нема кој не го познава. Ѕвезда на сцената со раскошен вокал, Поце и денес пее како во најдобрите денови, суверено владее и со сцената и со публиката која секогаш му возвраќа со невиден фидбек на искрени емоции, страст, енергија… Вистински „спиритус мувенс“ на бендот, кој со невидена леснотија го влече и носи сиот товар на себе спојувајќи ја музиката на групата со очекувањата на публиката, при тоа толку моќно и сугестивно, а сепак едноставно и непосредно, со насмевка и единствена харизма која ретко кој ја има во себе и истата умее да ја сподели од сцената со оние кои дошле на концерт...! И навидум секој би помислил дека таа експлозија на енергија во симбиоза со божјата дарба за пеење и моќта за анимација на публиката произлегува од лесниот, безгрижен живот на рок ѕвездата, која ужива во убавините на животот, музиката како професија и славата и популарноста кои таа му ги овозможува. За жал, како и во познатата приказна за „тажниот циркуски кловн“,  зад насмеаното лице на Поце се крие тешката животна судбина на пејачот на „Меморија“ кој цели осум години минува низ пеколна животна голгота. „Се' започна пролетта во 2014 година кога бендот не свиреше, мируваше и беше во своевидна 'музичка хибернација', а јас притоа останав и без работа. Живеевме од платата на сопругата која тогаш за првпат се соочи со тешката и опака болест откако ќе и се слоши на работа... Дијагнозата - онаа најлошата... Тумор на мозокот кој е тешко операбилен“ - ја започнува својата приказна Поце кој е татко во тоа време на две малолетни ќерки кои се во возраст на „хормонална експанзија“. Покрај шокот од здравствената катастрофа, пејачот останува и во многу лоша финансиска ситуација, зашто треба да се подига семејството, школуваат децата, при тоа да се плаќаат сите трошоци за режија, да се живее и покрај тоа се', уште и да се отплаќа рата за кредитот за станот. И сето тоа со намален приход кој прераснува во некаква минимална социјална пензија од сопругата која престанува да биде способна да оди на работа, зашто здравствена ситуација со текот на времето станува се полоша и полоша, а таа останува неподвижна, врзана за постела. „Се обидував да најдам работа на разни начини, но... Сфатив дека кога си на сцената сите те воздигнуваат и возвишуваат, сакаат да бидат близу до тебе, во твое друштво и близина, а кога ќе се најдеш во ваква ситуација, едноставно... не те есапат“ - раскажува со грутка во грлото Поце присетувајќи се на тоа време и продолжува: „Не само што пејам, јас сум огромен познавач на музика, колекционер на илјадници плочи, музиката ја познавам многу добро... Можам да работам на било која позиција од типот на музички уредник, соработник, во некој медиум, радио, ТВ, некоја фонотека, библиотека... Впрочем моето семејство Икономови е дел од музичката историја на оваа земја“ - раскажува Поце. Во меѓувреме болеста на сопругата рапидно прогресира до таа мерка што ја врзува за постела, а со тоа и него покрај неа, како некој кој мора физички да биде 24/7 тука и да се грижи постојано за жената. Примањата се никакви, животот нему и на семејството му се сведува на едвај голо преживување, а ратите од кредитот се трупаат, па пејачот е приморан да го продаде станот, за да го врати долгот на банките, а она малку што ќе му остане да го заложи за нов кредит и стан. При тоа помош од никого, освен од родителите - пензионери кои опсежно помагаат семејството некако да преживее. Поце го познаваат многумина, многу од нив знаат и каква му е ситуацијата, но како што самиот вели, никому сам да му текне да праша дали може некако да му помогне? „Конекциите со лекарите воглавном ми помогна да ги обезбедам чичко ми, познатиот музичар Коце Икономов, кој по професија е и лекар. Од 2014 до 2017, до големиот повратнички концерт во „Метрополис арена“ контактите со членовите на бендот додека не свиревме беа некако развлечени... Не дека не знаеа во каква ситуација се наоѓам, ама сепак... Колку можеле биле тука, но тоа беше далеку од доволно. Живеевме од примањата на болната сопруга и по некој денар од пензиите на моите“ - се присетува Поце и додава: „Тој концерт не беше само враќање на групата и финансиска инјекција за мене, туку и психолошка поткрепа која ме врати во живот. Момент да се почувствуваш дека си повторно жив, некому пак важен, одново потребен. Штета што не се случија уште 10 свирки, а требаше, за повторно да почувствувам дека одново имам тло под нозете“. И покрај „сериозниот лизгачки старт“, како што самиот вели,  што ќе му го приреди животот, пејачот никогаш не потклекнл со духот, не ја загубил вербата и надежта, никогаш не потпаднал под дејство на некакви пороци како бегство од стварноста. „Освен хроничната инсомнија, несоницата заради која спијам едвај само по неколку часа во ноќта, па затоа постојано чувствувам хроничен замор, не забегав во некакви лоши навики. Во меѓувреме животот стануваше се поскап, болеста на сопругата се посериозна, а јас иако познавам разни профили на луѓе, па дури и политичари или моќни сопственици на сериозни фирми, никој не праша како ми е, имам ли од што да живеам... Зарем треба јас некому да му споменам да помогне, како било да ме вработи за да однесам некој денар дома зашто имам тешко болна сопруга, кога веќе знаат каква ми е ситуацијата?“ - разочаран е Поце. „Јас кај 90 % од екстремно блиските луѓе покрај мене, било да се тоа, роднини, пријатели, соседи, колеги... во сите овие години, особено откако со „Меморија“ се вративме на сцена го чувствувам синдромот на Салиери... Така јас тоа го викам. Ем сакаат да бидат блиски до мене, ем би сакале да ме нема... Ем те обожуваат, ем сакаат да те уништат. Убаво им е кога сум Поце - ѕвездата да се дружиме, а никаде ги нема кога треба на оној обичниот Поце, роднината, другарот, колегата, соседот, пријателот... да му помогнат кога најмногу му треба“. Идејата за хуманитерен концерт на „Меморија“ од кои приходот би одел за него и неговото семејство Поце вели дека сега е задоцнета и беспредметна идеја. „Сега вели, на жена ми не и треба толку скапа операција, доцна е. Иако овие години имав некаква финансиска поддршка и поткрепа од бендот... Од кого повеќе, од кого помалку“. Токму затоа можеби на Поце Икономов сега најмногу му треба нешто друго, нешто што е стабилен и постојана финансиски приход. Постојана работа која ќе биде поткрепа за семејството и неговиот опстанок, како и борбата со тешката болест на сопругата.  Поце вели дека никогаш приватно не се поставил како ѕвезда кон некого и нема тоа ни да се случи, но и не е подготвен да биде понижувачки  третиран: „Доделете му нешто на сиромавиот. Не е тоа моето ниво на комуникација“  - категоричен е Икономов. Поце сепак не губи надеж дека се' уште има добри и разбрани луѓе кои умеат да излезат во пресрет и да помогнат.  Можеби пред сите на него треба да се сети и државата и нејзините институции, како Министерството за култура на пример, кои веќе имаат изградени механизми да ги дотираат или трајно финансираат заслужните музички и естрадни уметници во Македонија. „Јас би се изненадил да добијам таков статус... Не сум срамежлив човек, знам да стапнам на било кој тепих. Ако има простор за тоа, би го процесуирал таквото барање. Како што би прифатил било која достојна работа која не е омаловажувачка и понижувачка“ - ја завршува својата приказна пејачот на „Меморија“, Апостол Поце Икономов - ѕвезда на сцената со глас како ангел од рајот, а во душата горчина, пекол и очај до бескрајот!]]>

Популарниот турски астролог открива: За овие 3 знаци од хороскопот 2022 година ќе биде вистински пекол https://arhiva.vistina.com.mk/popularniot-turski-astrolog-otkriva-za-ovie-3-znaci-od-horoskopot-2022-godina-kje-bide-vistinski-pekol/ Thu, 07 Oct 2021 13:00:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222243

Наредната година ќе ја одбележат бројни пресврти и турбуленции. Некои во тоа ќе ја видат својата шанса за успех, додека пак други ќе се помачат да одговорат на сите предизвици. Три знаци од хороскопот спаѓаат во оваа втора група, нив ќе им биде најтешко, наведува турскиот астролог Мурат Којун.

Лав

За Лавовите наредната година ќе биде полна со изненадувања. Ќе мора да бидат внимателни во односите со луѓето кои ги сакаат, како и да се потрудат да го сочуваат бракот. Секој однос мора да еволуира, што ќе биде нивна задача во 2022 година. Сè што сакале поврзано со кариерата се менува, ќе постават нови цели. Не се исклучени ниту други понуди за работа, па дури и промена на професијата.

Девица

Девиците ќе имаат шанса конечно да ги расветлат сложените семејни односи и да свртат нов лист. Тоа не е нешто што го сакаат и поради тоа ќе патат, но гледано на долги патеки тоа ќе бие добро за нив. Следната година ќе биде година на големи промени на претставниците на овој знак кои ќе мора многу да се адаптираат, а тоа никако нема да им годи. Астрологот советува тие „да ја спуштат топката“ и да прифатат сè што 2022 година им носи. Во спротивно само ќе се влоши ситуацијата.

Шкорпија

Шкорпиите во 2022 година ќе бидат на тест кога станува збор за семејството. Ова не се однесува само на потесниот круг на фамилијата и партнерот, туку и на другите поблиски роднини. Можно е промени во бракот, сè зависи од тоа дали ќе бидат подготвени за компромиси или повторно ќе „удрат со главата во ѕид“. Во 2022 година тие ќе научат да ги подобрат комуникациите со другите низ бројни предизвици, но и проблеми на работа. Треба да водат сметка за своето здравје. извор: Кармин.точка.мк]]>

Бракот со нив е вистински пекол: 5 хороскопски знаци кои најчесто се разведуваат https://arhiva.vistina.com.mk/brakot-so-niv-e-vistinski-pekol-5-horoskopski-znaci-koi-najchesto-se-razveduvaat/ Thu, 30 Sep 2021 13:30:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221319

Доколку сте родени во еден од овие хороскопски знаци, добро размислете пред да одлучите да стапите во брак поради тоа што имате поголеми шанси за развод од останатите знаци во хороскопот. Близнаци Превртливите Близнаци еден ден сакаат едно, а друг ден нешто целосно поразлично, па со причина се наоѓаат на оваа листа поради тоа што со нив никогаш не се знае ништо сигурно. Тие сакаат да ги идеализираат нивните партнери, па лесно може да се разочараат во нив. Водолија Ја сакаат својата независност и најдобро се чувствуваат кога се сами - тие се најосамениот знак во зодијакот. Доколку не се чувствуваат удобно во врската или пак бракот, големи се шансите да стават крај на тоа поради тоа што слободата им е на прво место. Јарец За разлика од Близнаците и Водолиите, Јарците вообичаено не се тие кои бараат развод, туку најчесто тоа го прават нивните партнери. Имено, луѓето родени во овој хороскопски знак се трудат да ги импресионираат своите партнери додека не го добијат тоа што го сакаат. Стрелец Стрелците обожуваат да флертуваат и не можат да се воздржат од него дури и кога се во брак, што секако дека на нивните партнери тоа не им се допаѓа. Ретки се оние луѓе кои можат да издржат да бидат во брак со типични претставници на овој хороскопски знак. Шкорпија Баш како и Стрелците, Шкорпиите не ја пропуштаат шансата да флертуваат, а исто така тие се склони кон изневерување на своите партнери. Покрај тоа тие се љубоморни и посесивни во бракот или врската, а тоа ретко кој може да го трпи. извор: кармн.точка.ком.мк ]]>

Српскиот рапер „Ша“ не е ни свесен што му се подготвува, додека тој јавно се швалерисува во „Задруга 4“: Влезе како женет, ќе излезе „гол“… и без жена и без имот! https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-raper-sha-ne-e-ni-svesen-shto-mu-se-podgotvuva-dodeka-toj-javno-se-shvalerisuva-vo-zadruga-4-vleze-kako-zenet-kje-izleze-gol-i-bez-zena-i-bez-imot/ Wed, 03 Mar 2021 11:23:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192303

Раперот Ненад Алексиќ - Ша не е ни свесен какви проблеми го очекуваат кога ќе излезе од реалното шоу „Задруга 4“, а сето тоа поради авантурата што ја има со Тара Симов. Ненад Алексиќ - Ша влезе во оваа сезона на реалното шоу „Задруга“ како среќно оженет човек. Сепак, тој наскоро падна на кокетирањето на заводливата Тара Симов, а последните недели нивната врска станува се' поблиска. Веќе некое време се шпекулира дека сопругата на раперот Ивана нема намера да ги толерира неговите испади во јавноста на телевизија и дека таа веќе поднела барање за развод. Неодамна беше фотографирана без бурма, но за Ненад и нивниот брак јавно се' уште не проговорила. Сепак,  пријател на двојката открива дека Ненад наводно си го растурил бракот со Ивана по оваа врска со Тара и дефинитивно следува развод. „Ивана се спакува пред 20 дена и поднесе барање за развод. Таа не сака да влезе во реалното шоу ниту за 100.000 евра за 3 месеци. Вели дека ионака дефинитивно ќе му земе половина од хонорарот, автомобилот, станот и двата локали“ - вели пријателот на двојката. Кога Алексиќ ќе го напушти реалното шоу,  ќе се шокира штом ќе го дознае сето ова! Се' на се' помеѓу брачната двојка следи раскол, а раперот надвор го чека пекол! Раперот во „Задруга 4“ влезе како женет човек, а ќе излезе „гол“... и без жена и без имот!]]>

Беше најубавата Хрватка, но, лошиот брак и катастрофалните пластични операции ја уништија: Нина Мориќ веќе никој не ја препознава! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-najubavata-hrvatka-no-loshiot-brak-i-katastrofalnite-plastichni-operacii-ja-unishtija-nina-morikj-vekje-nikoj-ne-ja-prepoznava-foto/ Thu, 30 May 2019 11:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90502

Нина Морик во 1995 година беше прогласена за мис на Хрватска, а само една година подоцна го освои третото место во конкуренција за лице на Елит модел лук, а потоа овој модел навистина почна наголемо да плени со специфичната убавина и завидна доза сексапил.
Таа ја освои цела Европа уште како 20-годишна, станувајќи еден од најуспешните модели на својата ера, а светска слава стекна во видеото на Рики Мартин "Livin La Vida Loca", која е изобилуваше на сексплозивни сцени во кои Нина беше во прв план.
Атрактивната бринета потоа се пресели во Италија, а со растот на популарноста,  дојдоа голем број понуди, вклучувајќи ги и телевизиските ангажмани. Нина одлучи да вплови во водителските води, но паралелно со тоа се зголеми и нејзината желба да остане вечно млада и да биде попривлечна.
Потоа влезе во маѓепсаниот пеколен круг на естетската хирургија, од кој не излезе и до денес. Кога во мај оваа година се појави во италијанската верзија на "Големиот брат", јавноста беше шокирана од нејзиниот изглед, а Италијанците ја нарекоа "мртвата невеста", споредувајќи ја со ликот од цртаниот филм.
Манекенката имаше бурен љубовен живот, а зад себе има два брака. Првиот со италијанскиот бизнисмен Фабрис Корона траеше 13 години, а со него исто така го има и синот Карлос, кој по разводот му припадна на  таткото. Нина долги години водеше борба за старателство над синот, што исклучително ја вознемируваше, дотолку повеќе што во еден момент се обидела да се самоубие со голтање голема количина таблети.
Кратко време по раскинувањето на брак со Корона, се омажила за претприемачот Масимилиано Доси, но оваа врска се заврши по само два месеци.
Нејзината агонија продолжува, а минатата година таа им ја отвори душата на медиумите, велејќи дека нејзиниот син може да го гледа само во контролирани услови, и покрај тоа што неговиот татко е моментално во затвор и за детето се грижи баба му. Исто така, 16-годишниот Карлос минатата година поминал повеќе од осум месеци во невропсихијатрија, а очекувано - тој не е премногу приврзан кон неговата мајка.]]>

Уапсен манијакот опседнат со ќерката на Цеца: Анастасија Ражнатовиќ неколку месеци минувала низ пекол https://arhiva.vistina.com.mk/uapsen-manijakot-opsednat-so-kjerkata-na-ceca-anastasija-raznatovikj-nekolku-meseci-minuvala-niz-pekol/ Sat, 09 Mar 2019 11:46:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76746

Анастасија Ражнатовиќ неколку месеци се соочуваше со вистински пекол поради непозната личност која ја следела и  малтретирала ќеркатата на  Светлана Цеца Ражњатовиќ на различни начини. Предметот бил пријавен во полиција, по што манијакот е  конечно уапсен.
„Анастасија вознемирувањето го пријави штом сфати дека се работи за човек кој е опседнат со неа, нејзините движења и се што работи. Не само што не и било пријатно сето време да трпи различни форми на малтретирање, туку и целото семејство било вознемирено“ - вели еден извор запознаен со приказната, но додаде дека сега ќерката на фолк пејачката конечно може да здивне и да се врати во нормален живот. Полицијата го презеде случајот и го лоцираше прогонителот, кој беше уапсен и изведен пред суд.
По сослушувањето на обвинителот и лекарските прегледи беше утврдено дека се работи за лице со дијагноза. Дури и за време на апсењето, било јасно дека човекот кој  си поигрувал со Анастасија е ментално нестабилна личност, која не е целосно свесна за своите постапки. Опседнат со нејзината личност,  со работата, ликот и делото на младата Ражњатовиќ, таа му станала опсесија, а како не се лекувал, тоа се повеќе се огледувало во неговото однесување.
Тој по апсењето бил подложен на детални испитувања од експерти и упатен на лекување во психијатриска клиника, каде што тој ќе мине извесно време во иднина, и каде ќе добие лекарска помош. Меѓутоа, во такви случаи, третманот е долг и никој не може да гарантира дека тие лица нема да се однесуваат на ист начин откако ќе излезат од психијатриската болница.]]>

Мајката на настраданата водителка на ТВ Пинк како да го претчувствувала пеколот: Ќе се наежите од нејзината потресна порака објавена ден пред страшната сообраќајка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/majkata-na-nastradanata-voditelka-na-tv-pink-kako-da-go-pretchuvstvuvala-pekolot-kje-se-naezite-od-nejzinata-potresna-poraka-objavena-den-pred-strashnata-soobrakjajka-foto/ Sat, 09 Feb 2019 08:44:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71925

Водителката на утринскат програма на ТВ Пинк,  Деа Ѓурѓевиќ, како што е веќе познато, завчера,  четврток, 7 февруари, доживеа тешка сообраќајна несреќа на Дедиње во раните утрински часови,  во која претрпе сериозно оштетување на раката, која автобус на ГСП и ја откина, откако налета на неа и ја удри. Следеше повеќечасовна операција која Деа многу храбро ја поднеla. Тим од лекари на ВМА  предводен од микрохирургот проф. д-р. Mарко Бумбаширевиќ сепак успеа да и ја врати, пришие и спаси раката.
Нена, мајката на водителката ден пред страшната сообраќајна несреќа, како да го претчувствувала пеколот што следи. Таа објавила загрижувачка порака за социјалната мрежа  Фејсбук. Дека женскиот инстинкт речиси никогаш не лаже, особено не мајчинскиот - ова е најдобар доказ. Имено, по безброј ведри објави на мама Нена, оваа изгледала како да претпоставува што ќе се случи.
„Стравот за своето дете е поголем од страв за сопствениот живот... И не е важно колку години има твоето дете“ - пишува на објавената фотографија на г-ѓа Нена, мајката на водителката Деа Ѓурѓевиќ.
Водителката  никогаш не криела дека нејзината мајка и е најголема поддршка и животна потпора. Заедно двета  се појавуваат во јавноста, одат на концерти,  на настани, објавуваат заеднички фотографии, а и често летуваат заедно.
Токму затоа Нена ја минала цела ноќ крај својата Деа, иако надвор од шок од собата, бидејќи посетите се' уште се забранети. Со неа ноќта во ВМА ја поминал и Младен Мијатовиќ, колегата од ТВ Пинк и момче на настраданата водителка Деа Ѓурѓевиќ.]]>