пехчево – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Jul 2022 12:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пехчево – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пехчево со последни подготовки за „Фестивалот на дувачки оркестри“ https://arhiva.vistina.com.mk/pehchevo-so-posledni-podgotovki-za-festivalot-na-duvachki-orkestri/ Mon, 04 Jul 2022 12:57:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257008

Во тек се последните подготовки за овогодишниот „Фестивал на дувачки оркестри” кој по пауза од две години, на средината на месецов ќе се одржи на плоштадот во Пехчево. Општина Пехчево, која е организатор на настанот, денеска ја објави агендата за фестивалот кој ќе започне со традиционалниот Етно саем „Пехчевски Павловден”. “Саемот ќе биде отворен на 13 јули, а во рамки на тридневната програмата на фестивалот ќе следуваат настапи на културно-уметнички друштва и вокално-инструментални состави од повеќе градови на Источна Македонија. Вечерта е резервирана за трубачките оркестри од Пехчево, Берово и околните градови”, информираа од Општина Пехчево. Меѓу познатите состави кои ќе одржат свои концерти од 13 до 17 јули се познатите оркестри „Уска – Кан“ Берово и Brass Brothers. “Свои концерти ќе имаат и македонскиот состав ДНК и солистот Јоце Панов. Доцните вечерни часови ќе бидат резервирани за настап на познати диџеи, а во рамки на настанот ќе се одржи и Детскиот фестивал „Поточиња”, додадоа од Општината. Годинешното фестивалско одбележување на празникот на градот Павловден ќе заврши со спортски активности и трката на 10 километри од Берово до Пехчево.]]>

Ceкcи девојка од Пехчево има четири пати повеќе следбеници на Инстаграм, отколку што има жители градот во кој живее (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/cekci-devojka-od-pehchevo-ima-chetiri-pati-povekje-sledbenici-na-instagram-otkolku-shto-ima-zitelite-gradot-vo-koj-zivee-foto/ Sat, 17 Jul 2021 07:14:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140735

Сара Аврамова како што и е вистинското име и презиме или devojkata_od_pehcevo како што се претставува и е потпишана на својот Инстаграм профил е нова блогерка во Македонија. Девојката од Пехчево е вистински македонски феномен. Оваа секси убавица за брзо време успеала да собере четири пати повеќе следбеници на Инстаграм, отколку што има жители градот во кој живее! Нејзиниот Инстаграм профил го следат околу 11 илјади следбеници од Македонија, каде што расната Сара секојденвно споделува понекоја жешка фотографија за која добива број на лајкови, речиси  колку сите  жители во Пехчево. Или што би се рекло народски, секој еден пехчевец, секојдневно и го посетува профилот. „На последниот попис бројот изнесуваше околу 2500 жители а сега сме останати околу четворица“ - низ смеа раскажува Сара. Таа има и свој блог каде постојано споделува новости на нејзината Фејсбук страница Sara Avramova на која има 13.000 поддржувачи. „Наскоро нешто спектакуларно за 10.000 лајкови на Сара Аврамова“ - најави девојката од Пехчево. Во очекување на „спектаклот“ на Сара, уживајте во уште неколку фотографии од нејзината приватната фото-архива.
 ]]>

Некои пејачки паѓаат на машки шарм, харизма, финансиска моќ… Знаете ли на што падна фолкерката Сања – „Барбика“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekoi-pejachki-pagjaat-na-mashki-sharm-harizma-finansiska-mokj-znaete-li-na-shto-padna-folkerkata-sanja-barbika-foto/ Tue, 19 Jan 2021 07:48:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133364

За пејачките од естрадата кружат разни гласини. Особено за фолкерките и нивниот љубове и интимен живот, па додека ги гледаат при нивните настапи по кафеаните, рестораните, локалите... подзагреаните гости погодуват, се нагодуваат, па дури и облози паѓаат кој ќе погоди „на што паѓа“ пејачката... Или подобро речено, на колку? Македонските фолкерки не се имуни на ваквите ситуации, иако рака на срце, јавно многу малку се знае за нивниот приватен живот, а уште помалку која на што паѓа? Веројатно како и сите други жени, згодните и сексапилни естрадни убавици паѓаат на машкиот шарм, привлечност, харизма, култура, џентлменски однос, финансиска моќ... или што би рекле, не се имуни и на полниот џеб! Арно ама, сексапилната струмичанка Сања „Барби“ Цинцева дефинитивно падна на нешто друго! Имено, атрактивната фолкерка најпрвин замина на планина, во Банско... Да дише чист воздух, да се релаксира и да ужива во белите спортови... Барби се опреми, па се качи на скии и тргна да се пушта во спуст по падината. И не стигна ни до половина, а веќе се најде испружена на белата покривка... Барби падна на снегот, па бргу сфати дека скиањето и не е така забавно, ако не го владеш  така добро како пеењето. Затоа пејачка реши да смени и локација и тактика, ама не и навика... Па Банско и Бугарија, бргу ги замени со Пехчево и Македонија... Можеби пехчевско Негрево нема ски терени како Банско, ама затоа има исто толку снег, чист воздух и убава природа за прошетки по снежните планински патеки.  Барби тргна да пешачи се' додека не се умори, па овој пат по своја волја реши да си „чучне“ на снегот! А, Бога ми и да си легне... во добро друштво, се разбира. Облечена во поинаков аутфит од оној за скијање, во хеланки, чизми и крзнена бунда, овде не и се закануваше опасност да падне и да се повреди... Освен, ако случајно не налетаат ловџиите, па така променета во крзнената бунда да ја помешаат со некоја волчица или лисица... Што е исто така невозможно зашто ловната сезона на крупен дивеч  заврши! Така што од паѓање, останува можноста Барби само да падне во нечии прегратки... А за такво нешто, престојот на планина не е неопходен услов! Фото: Инстаграм принтскрин]]>

Лозано и Ален Исламовиќ главни ѕвезди на „Фестивалот на трубите“ во Пехчево https://arhiva.vistina.com.mk/lozano-i-alen-islamovikj-glavni-dzvezdi-na-festivalot-na-trubite-vo-pehchevo/ Mon, 24 Jun 2019 10:25:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=94169

Македонската ѕвезда Влатко Лозаноски и поп-рок пејачотАлен Исламовиќ со својот бенд „Кад би био бијело дугме“ ќе бидат главни ѕвезди на деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри што од 12 до 13 јули ќе се одржи во Пехчево, во организација на локалните власти.
„После повеќе од девет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов да има концерт во Пехчево и токму на најреномираниот фестивал во Малешевијата и регионот. Момчето, кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, на 12 јули, на отворањето на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019 ќе се претстави пред пехчевската публика. ’Сонце не ме грее’, ’Ова лето ќе се памти’, ’Јако јако’, ’Километри’, ’Надеж’, ’Мандарина’ и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано, ќе прозвучат во живо на плоштадот во Пехчево на деветтото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2019“, стои во најавата за концертот на Лозано.
„Традицијата на трубите во Малешевијата, понудена како атракција на натсвирување на македонските виртуози на труба, претставува туристичка понуда за гостите во Малешевијата, но и економски бенефит за локалната економија. Исламовиќ, пак, на 13 јули ќе одржи голем концерт на плоштадот Св. Петар и Павле во Пехчево. Публиката ќе има ретка привилегија заедно со него да ги отпее сите негови старо-нови хитови во еден здив“, посочија од општината Пехчево. На фестивалот ќе настапат и бендовите „Брас брадрс“, „Уска Кан“, „Џафер бенд“ и „Сенад бенд“. Општината објави и повик до сите млади таленти од Пехчево кои сакаат да учествуваат на манифестацијата, да се пријават најдоцна до 1 јули.