пееја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 11:56:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пееја – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ѕвездата ја врати ѕвездата на естрадната сцена: Ламбе Алабаковски и Врчак со заеднички настап ги израдуваа фановите (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/zvezdata-ja-vrati-zvezdata-na-estradnata-stsena-lambe-alabakovski-i-vrchak-so-zaednichki-nastap-gi-izraduvaa-fanovite-video/ Tue, 10 Oct 2023 11:55:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321889

Ламбе Алабаковски и Раде Врчаковски Врчак вчера после подолг период повторно застанаа еден до друг и заедно ја испејаа песната „Спасете ме другари“. Таа песна тие ја снимија заедно во далечната 2006 година, а сега после толку години со тон емоциии се споија повторно. „Моите молитви се остварија. Ти благодарам  Боже, вчера тоа ми се потврди! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на Македонската сцена и музика“ - напиша Ламбе под видеото кое Ламбе го објави на социјалната мрежи Инстаграм, по повод враќањето на Раде Врчаковски - Врчак на естрадната сцена, по неговото долгогодишно отсуство.
Тие двајца заедно пееја и ги забавуваа гостите на една свадба, а под видеото се редеа позитивни коментари каде многубројните обожаватели оставаа пораки дека би биле пресреќни Врчак повторно да се врати на музичката сцена. „Испишете уште една ера“, „Пораснавме со неговите предобри хитови во 2000-тите“,„Не можам да верувам“ , „Врчак те сакаме“, Врати се“ - беа дел од многубројните пораки. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ламбе Алабаковски  ]]>

Распеан балкон: Излезе Опи право на тераса, па одржа концерт прва класа (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/raspean-balkon-izleze-opi-pravo-na-terasa-pa-odrza-koncert-prva-klasa-video/ Fri, 13 Sep 2019 06:54:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106617

Не насловот не е никаква шега или обид за реклама на македонската поп дива, напротив... чиста реалност! Вистински раритет е да ја слушате Калиопи, како ви пее од комшискиот балкон и тоа гратис! За да биде задоволството поголемо, маалскиот мини концерт на отворено, збогатен со уште два фрвно вокали. Но за тоа - потоа! Калиопи последнава година полека, но сигурно го освојува регионот. Концерти низ цела Србија, со најава за големиот завршен концерт во „Комбанк арена“ во Белград на почетокот на ноември, за гранде финале. Во меѓувреме Опи, како што ја викаат обожавателите и блиските не мирува. Како „загревање“ за големото белградско финале, таа тргна музички да покори уште една бивша ЈУ република -  Босна и Херцеговина! Турнејата низ оваа земја од регионот доби интересна најава составена од насловите на некои од нејзините песни, а истата е закажжана за почетокот на октомври, па поп дивата забрзано се подготвува, за да се претстави во најдобро светло. Затоа Опи не губи време, па дури и домашниот амбиент го користи за проби! Нема подобра варијанта од тоа своите пријателки и придружни вокали - Маја Саздановака и Јулија Огненовска да ги викнеш на гости, па сите три да споите три во едно: ем успешна вокална проба, ем добра кафе дружба, ем соседите пресреќни што добиле гратис маалски концерт... од балконот! А сите оние што не и се комшии, нека погледнат како изгледа и звучи кога ќе излезе Опи право на тераса и одржи концерт прва класа!
]]>