Пеце Атанасовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Jul 2021 13:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Пеце Атанасовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-festivalot-na-narodni-instrumenti-i-pesni-pece-atanasovski/ Fri, 02 Jul 2021 13:05:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209520

Во Прилеп и во Долнени денска и утре ќе е одржува, по 47-ми пат, Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а втората фестивалска вечер е утре од 19 часот на Рудина кај Долнени. Околу 320 учесници од сите краишта на земјава овие два дена ќе ги разлеваат кавалот, гајдата, зурлата, изворната песна, ќе одекне тапанот укажувајќи на негувањето и чувањето на богатиот изворен мелос. Како што објаснува секретарот на Фестивалот, етномузикологот Горан Василески, оваа национална манифестација успешно ги остварува целите, зашто како придружен дел се и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни и Симпозиумот насловен „Фолклорот во минатото и денес“.
„Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ еден е од ретките кој не го загуби континуитетот и во пандемија. Жилаво опстојува, еве, речиси половина век. Имаме околу 320 учесници, а интересот за учество, кога се пријавуваа пролетоска, беше околу 600, но мораше да се направи селекцијата. Лани поради пандемијата и уште потешките состојби, имавме редуциран број изведувачи, околу 130, а сите се желни да се чуе изворната песна, да покажат, од сите краишта, што имаат во наследство од предците, низ вековите. А токму тоа е целта на Фестивалот: да го негува, да го зачува и да да го пренесува на помладите генерации богатиот изворен фолклор“ - вели Василевски.
На Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, кој и годинава се одржуваше „он-лајн“ (од 28 јуни до 1 јули), учествуваа 12 млади од Кочанско и Прилепско. Тие својата умешност во изведување изворен мелос ќе ја покажат на втората фестивалска вечер, на Рудина, Долнени. Утре од 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес“ на кој еминентни етномузиколози ќе ги претстават трудовите од повеќе области на фолклористиката. Издаден е и вториот Зборник трудови од фолклористиката. Фестивалот ќе ги награди најдобрите изведувачи. Најголеми се наградите: Гран при за најдобри изведувачи во целина и за најдобриот гајдаџија Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени.]]>

Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински” во септември, а „Пеце Атанасовски” на крајот од август https://arhiva.vistina.com.mk/teatarskiot-festival-vojdan-chernodrinski-vo-septemvri-a-pece-atanasovski-na-krajot-od-avgust/ Mon, 08 Jun 2020 11:18:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152892

Востановената практика, МТФ „Војдан Чернодрински“ да почне првиот петок во јуни, годинава нема да се задржи. Се пролонгира одржувањето на фестивалот. В петок на 5 јуни нема да се крене завесата за старт на театарскиот фестивал. Корона кризата го направи своето. Љубителите на театарот нема да уживаат во еднонеделно театарско доживување на фестивалските претстави во редовниот термин. Уметничкиот директор Катарина Хаџивасилева Коцевска се надева дека фестивалот ќе се одржи во септември. Ќе одржиме онлај состанок со членовите на фестивалот и ќе донесеме одлука што понатаму. Дај Боже кризата да помине и во септември да го одржиме 55-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. А имав толку многу замисли за јубилејното издание. Реализацијата зависи не само од кризата, туку и од одлуките што ќе ги донесеме. Годинава воспоставивме соработка со европската мрежа за современа драма Еуродрама и треба да ги доделиме наградите за избрани драми, вели Коцевска за порталот „Маркукуле“. Инаку, во досегашната историја на фестивалот, само еднаш се случило да не се одржи од оправдани причини пред 40 години. Во планираниот термин, почетокот на јули нема да се одржи ни фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Според најавите, годинашното издание се подготвува за крајот на август, а секретарот Златко Лашкоски вели дека сепак ќе има семинар, промоција на зборник, но дека ќе има редукција на изведувачи само да се продолжи и одржи традицијата. Што ќе биде поконкренто и како, ќе се знае наскоро, откако членовите на фестивалот ќе добијат насоки од Министерството за култура што ќе бидат навреме откриени на јавноста. извор: република]]>