пбразование – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Apr 2018 11:13:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пбразование – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 УТМС коорганизатор и домаќин на „Образовно рандеву 2018” https://arhiva.vistina.com.mk/utms-koorganizator-i-domakjin-na-obrazovno-randevu-2018/ Mon, 23 Apr 2018 10:06:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22738

На 20-ти и 21-ви Април 2018 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа манифестацијата „Образовното рандеву 2018”, проект на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија-МАССУМ. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје беше коорганизатор и домаќин на „Образовното рандеву 2018”. Како високо-образовна институција, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, покрај едукативната и научно-истражувачката дејност, перманентно делува во сегментот на општествено одговорно работење. За таа цел универзитетот има воспоставено долгогодишна соработка со средните училишта во Р. Македонија и им овозможува на учениците, наставниците и директорите да добијат експертска поддршка преку обуки и предавања од професори на универзитетот, но и од еминентни светски експерти.
Во интерес на достигнување на заедничката образовна визија и реализирање на мисијата за поддршка и насочување на креативноста и инвентивноста на средношколците со цел подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за влез во светот на конкуренцијата преку лидерство, практична работа и учење до градење на успешна кариера, универзитетот  максимално инвестира во промовирање на талентираните и креативните кои ги профилира во идни афирматори на промени за подобар свет.
Манифестацијата свечено ја отвори проректорот за настава на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски. Во своето обраќање проректорот истакна дека овој настан е значаен за образованието во Р. Македонија и затоа универзитетот го поддржува како коорганизатор и домаќин на натпреварите на најталентираните креативци од средните стручни училишта. Свое обраќање имаше и претседателот на Управниот одбор на МАССУМ, г-дин Благојче Ѓорчевски, кој истакна дека „Образовното рандеву 2018” е настан кој на средношколците им дава можност да ги препознаат вредностите на компетитивноста како значаен фактор за избор на идното образование и градење на успешна кариера.
На „Образовното рандеву 2018” учествуваа 43 средни стручни училишта од Р. Македонија кои се натпреваруваа во 18 категории. Покрај натпреварувачкиот тематски дел, средношколците имаа можност да ги претстават своите образовни профили пред академската и деловната заедница, од кои добија информации и препораки за донесување на одлуки за нивното понатамошно образование и кариерен развој.
Вториот ден од настанот, по завршување на официјалните натпревари во 18 категории на победниците им беа додели награди. На учениците кои освоија прво место Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје им додели ваучери за студии.
]]>