павле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Jul 2023 07:25:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png павле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миланка Рашиќ им беше домаќинка во Скопје на Павле и Ружа, родителите на Даниел Кајмакоски: Остана нејасно кој честеше ручек, водителка за добредојде, или гостите за новото внуче?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milanka-rashik-im-beshe-domakinka-vo-skopje-na-pavle-i-ruzha-roditelite-na-daniel-kajmakoski-ostana-nejasno-koj-chesteshe-ruchek-voditelka-za-dobredojde-ili-gostite-za-novoto-vnuche-foto/ Tue, 25 Jul 2023 07:25:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311390

Последниот ден од месец април, стана еден од најзначајните во животот на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата новопечена сопруга Марина,  поради раѓањето на нивното првенче, синчето Стефан. По првичната семејна радост и грижата околу малечкиот првите денови, пејачот полека им се враќа на своите работни обврски, односно на вечерните ангажмани, најмногу во елитниот ноќен кабаре клуб „Ла Фајет“ во Белград.   Во меѓувреме неговите родители кои се уште живеат на релација Австрија - Македонија, летото го користат како и секоја година за посета на родната земја. Павле и Ружа Кајмакоски што заради патриотиските чувства и носталгијата кон татковината, што заради пејачките ангажмани на таткото на Даниел, кој запотсетување исто така е  естраден уметник, односно фолк пејач. „Во есенскиот период секогаш имаме доста работа, заклучно со зимскиот. Летото пак, го поминуваме во Македонија, бидејќи тука се случува се’: Како за одмори така и за свадби, крштевки...“ - ќе изјави во една прилика Павле кајмакоски,чие лице можеби „не ви звучи така познато“ како лицето на син му Даниел, ама затоа неговите песни звучат многу патриотски! Како и секое лето така и ова родителите на Даниел повторно се вратија во родната грутка, но најдоа и време да ја прошетаат Македонија, а со тоа неизбежно да дојдат и во нејзината престолнина - Скопје. А тука, ги пречека никој друг, туку нивната домаќинка, добропознатата долгогодишна ТВ водителка и новинар, Миланка Рашиќ. Можеби некој и ќе се зачуди од каде пак сега ваквата спојка и што имаат тие со неа, но оние кои добро ги познаваат приликите на естрадата знаат дека Миланка долго време го работи ПР менаџментот на Даниел Кајмакоски, со кого е исклучително и приватно блиска. Па покрај пејачот таа близина се пренесува и на семејството, со што водителката станала еден вид и семејна пријателка со фамилијата. Токму затоа на родителите на Кајмакоски во Скопје добредојде прва им посака русокосата Миланка. Разбирливо, неколку фотографии за вечни спомени во центарот на престолнината беа неизбежни. Секако, „семејниот ручек“, ако така може да се нарече, исто така неизоставен во еден угледен скопски ресторан. Едно видување, сто муабети и илјада спомени, меѓудругото овековечени и со заедничка фотографија од летната средба на водителката и семејството на Х-фактор ѕвездата. Повеќе од очигледно средбата била топла и средечна, емотивна и блиска, исополнета со муабети, прикаски, планови, евоцирање спомени и едно ветување... За повторно, скоро видување. Единствено едно остана нејасно: Кој честеше ручек? Водителката за добредојде на гостите или родителите на Даниел Кајмакоски за новороденото внуче Стефан? Впрочем, не и ни важно, важно е да е за арно! Фото: Инстаграм/daniel_kajmakoski/ Фејсбук/Milanka Rasic]]>

Павле Кајмакоски поактивен од Даниел: Можеби ова лице не ви звучи така познато како лицето на син му, ама затоа неговите песни звучат многу патриотски! https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kajmakoski-poaktiven-od-daniel-mozebi-ova-lice-ne-vi-zvuchi-taka-poznato-kako-liceto-na-sin-mu-ama-zatoa-negovite-pesni-zvuchat-mnogu-patriotski/ Sat, 02 Nov 2019 10:50:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116074

Добро е познато дека  „крушата под круша паѓа“, па Даниел Кајмакоски затоа и не е случајно во музиката и шоубизнисот, зашто целиот талент го наследил од татко му Павле, кој и понатаму активно се занимава со пеење, но негово поле е фолк музиката. Aко се земе во предвид дека обајцата правеа пауза од речиси две години -  Павле од фестивалите, Даниел комплетно од музиката, сега обајцата и се враќаат на сцената. По еуфоријата и големата прашина која се крена поради несреќната гестикулација, Даниел Кајмакоски  продолжува со успешните настапи во „Твото лице звучи познато“, во шоуто кое македонската публика го гледа секоја недела на телевизија Сител. „Двоглавиот орел и лакираните нокти“ се веќе заборавени, а настапите во шоутo допрва ќе се паметат. Затоа пак татко му Павле нема такви проблеми со „туѓите патриотски чувства“, напротив - толку многу ги негува своите, македонски, што неговите песни зрачат со љубов и посветеност на родната земја, нејзината славна историја и родното Мислешево, иако тој е македонски иселеник и долги години со семејството живее во Виена, Австрија. https://www.youtube.com/watch?v=gyVU1Sm3vSs И додека Даниел освен што се појавува на ТВ, оддамна не снимил ништо ново, татко му Павле го има насекаде. И на ТВ и на радио и на фестивалите и на настапите...  И секако во  музичкото студио, каде ги сними новите песни. Така, покрај бројните ангажмани, Павле одвои време и за снимање на нов материјал, па во текот на изминативе денови промовираше две нови песни, “Покрај тебе да остариме” и “Александар цар Македонски”.  Можеби неговото лице не ви звучи така познато како лицето на син му, ама затоа неговите песни звучат многу патриотски! Освен тоа, Павле Кајмакоски највува и нов фестивалски настап. Тој вели дека подготвува песна со која што би сакал да настапи на годинешното издание на “Гоце Фест”. „Веќе две години бев отсутен од фестивалите, но овојпат планирам да настапам на “Гоце Фест” повторно оваа година се разбира ако дозволат да земам учество. Се надевам дека ќе биде успешно“ - истакна Кајмакоски, во интервјуто за охридско-австралиската ИН ТВ.   А кога сме кај настапите, Павле го договари и својот божиќно-новогодишен настап и тоа во Германија! „Во есенскиот период секогаш имаме доста работа, заклучно со зимскиот. Летото пак, го поминуваме во Македонија, бидејќи тука се случува се': Како за одмори така и за свадби, крштевки. Инаку, во преговори сум за Германија. Не знам точно кога ќе биди тоа, но во преговори сум за Германија да бидам или за Дочекот на Новата Година или потоа за православниот Божиќ, не сум сигурен кога точно, ама едно од тие две ќе биде“ - додава Кајмакоски, сениор!   И можеби неговото лице навистина не звучи така познато како лицето на син му, ама затоа неговот џеб очигледно е многу подлабок од оној на Даниел! https://www.youtube.com/watch?v=uSsgOe47J-c  ]]>