павле камиловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Feb 2024 12:16:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png павле камиловски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Здравје внатре – здравје надвор“: Што јадеа познатите Македонци? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zdravje-vnatre-zdravje-nadvor-shto-jadea-poznatite-makedontsi-foto/ Mon, 26 Feb 2024 06:13:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340033

Се чини дека познатите дефинитивно се водат по тоа дека доколку не споделат на социјалните мрежи како да не било, но секогаш приказната има цел и причина. А за да ја дознае остатокот од светот на кратките сториња и овој пат отворено ги споделија моментите кои им се случиле. Имено, на социјалната мрежа Инстаграм познатите Македонци освен што го споделуваат она што го работат по професија или пак рекламираат некој одреден бренд, се почесто објавуваат и приватни моменти како на пример што јаделе, пиеле и слично. Една од нив викендов беше и македонската поп пејачка и харфистка Сара Мејс. Таа сподели дека стратувала со исхрана која е сочинета од продукти полни со витамини  бидејќи освен што ја зголемила килажата е решена да го исчисти и лицето. - 61 стартуваме денес, па ќе видиме како ќе оди. Целта ми е 57, зошто најздраво, лесно и лесно преносливо, (агилно) се чувствувам во таа тежина и мислам дека е моето вистинско место. Другата причина, е лицево што ми се исфрла малку повеќе во последно време. Па да пробам да се исчистам од внатре. Здравје внатре е здравје надвор нели  - напиша таа пред следбениците. Пејачот Павле Камилоски пак, посетил ресторан во кој си нарачал храна. Тој се одлучил за Сашими, а неговата сопруга, планинарката Ирина Дишовска снимила се и откри дека подоцна се покајал. Што поради стапчињата, што поради самата храна која можеби не му направила задоволство. Како и да е таа сподели „стори“ на кое напиша: -Кој го нарача, тој ќе си го јаде  - додека пејачот се обидуваше да се најаде без да му се случи незгода. Сепак, се потрудил да изеде до крај  без никакви последици. Македонската инфлуенсерка, Миа Костова, пак е позната како некој кој на свој начин ги топи килограмите. Таа едноставно уживала во трпезата, со чаша вино и проверена храна која и причинува задоволство и во домашна атмосфера. На некои не им се погоди, некои за да симнат килажа, а некои едноставно уживаа во трпезата, сепак  на овие приватни моменти познатите не можеа да им одолеат, а да не ги споделат со следбениците, па сите заедно да бидат среќни и насмеани. Фото: printskrin/instagram]]>

Магични моменти од зимскиот одмор: Познатите Македонци се препуштија во снежна авантура (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/magichni-momenti-od-zimskiot-odmor-poznatite-makedontsi-se-prepushtija-vo-snezhna-avantura-foto/ Fri, 19 Jan 2024 09:38:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335115

На  зимската идила навистина е тешко да и одолееме, а сега кога е време токму за зтакви авантури не треба да се пропушти тоа задоволство. Македонските познати личности на нивните профили редовно објавуваат магични моменти од скијачките патеки или едноставно од прошетка по планинските предели со цел да ги поттикнат сите оние кои сѐ уште не се одлучиле да ја почувствуваат природата одблизу. Така, пејачката Викторија Лоба веќе по втор пат замина на Копаоник, но сега се пофали и во чие друштво. Таа откако го сподели погледот во кој што ужива, на скијачката стаза позираше со сопругот кој исто така е вљубеник во скијањето. Сепак, освен со него на оваа авантура ги земала и нејзините миленичиња,  кученцата кои ги чува и потврди дека без нив никаде не оди. На планината Кожув со дебела зимска јакна и розов  шал, но и очила за заштита од белината, замина и актерката Емра Куртишова Стојанова која на публиката и стана позната по нејзината  улога на Исаура во серијата „Преспав“. Друштво и правеше нејзиниот сопруг и колега Петар Стојанов со кого го проширија семејството и ја добија ќеркичката Лена. Пејачот Павле Камилоски пак, ја посети снежната прекривка во Галичник каде што е редовно присутен. Тој со раширени раце позираше свртен кон планината, а веројатно го фотографирала неговата сопруга планинарката Ирина Дишовска со која минатата година се заколнаа на вечна љубов и добија син. Периодот е совршен за посета на некое убаво снежно планинско место, па оние кои досега не заминале, би било убаво да го направат тоа. Доколку се во можност, секако! Фото: printskrin/instagram  ]]>

„Мала Италија“ на Павле Камилоски подготвена за нова средба со скопската публика во Intermezzo music bar https://arhiva.vistina.com.mk/mala-italija-na-pavle-kamiloski-podgotvena-za-nova-sredba-so-skopskata-publika-vo-intermezzo-music-bar/ Tue, 08 Sep 2020 10:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166174

Она дека средите во нашиот град никогаш не звучеле подобро не е само празен муабет или обична најава, туку факт. Дека е така потврда имаме и оваа среда, што во првиот и единствен музички бар кај нас веќе традиционално е резервирана за домашните изведувачи, па така утревечер публиката ќе има можност да ужива во уникатното и неповторливо музичко патување со единствениот Павле Камилоски. - Убавите нешта одат во пар, рече Камилоски во пресрет на последниот настап во чии рамки пред скопската публика пееше за љубовта и виното. Овој пат во склоп на најавениот камерен концерт еден од најдобрите баритони во Македонија ни открива дека подготвува малку поинаков репертоар, подинамичен и побрз за да ги разбуди, како што вели, сите сетила во ова време - невреме. Концертот е закажан за утревечер, среда, 9 септември 2020 година, со почеток во 21 часот и освен што ќе биде своевидна посластица за сите сетила на сладокусците, ќе биде и најава за септемврските гостувања во чии рамки следуваат низа одлични музички изненадувања. Камилоски со проектот „Мала Италија“ освои безброј срца, при тоа доближувајќи ја медитеранската музика до публиката, а неговиот репертоар опфаќа голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот се пуштени во претпродажба по цена од 500 денари и се во ограничен број. „Нашите гости го заслужуваат најдоброто, а токму за почеток на еден од најубавите месеци во годината го одбравме неповторливиот Павле Камилоски“, велат од Intermezzo music bar, и додаваат дека и овој настан ќе биде организиран според протоколите на Владата и МЗ.]]>

Мала Италија продолжува да патува https://arhiva.vistina.com.mk/mala-italija-prodolzuva-da-patuva/ Mon, 10 Sep 2018 06:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47134

По минатогодишното уживање и големиот интерес, „Мала Италија патува“ ќе продолжи и годинава со уште еден концерт со кој ќе ве однесеме на прекрасно патување низ многубројни светски култури, најави Павле Камилоски, кој за 19 септември во МОБ закажа уште една средба со љубителите на медитеранската музика и култура. Оваа година, во придружба на Павле Камилоски, на големата сцена ќе настапат балетски уметници кои ќе ја дополнат атмосферата во МОБ. Во присуство на Павле ќе се појави и светски познатиот диригент, Христо Христов, а како специјален гостин ќе настапи реномирана македонска пејачка, што ќе биде изненадување за публиката. Зад овој, единствен од ваков вид проект, стои иницијаторот Павле Камилоски, кој по минатогодишниот успешен концерт и претходните два проекти кои го носеа насловот „Мала Италија“, ова културно воздигнување го претвори во традиционална манифестација. Покрај Павле Камилоски, исто така зад проектот како извршен продуцент стои Катерина Стевковска, а поддржувач ќе биде и Министерството за култура. Фотографија на Мала Италија патува. „Пред нас претстои долгоочекуваниот концерт, како продолжение на минатогодишниот, каде преку романтичноста и заводливоста на музиката ќе допреме до најубавите предели во Италија, Франција и Шпанија, од каде истата е инспирирана. Основната идеја за проектот лежи во поврзување и пренесување на наше тло на културите преку романтични ноти и безвременска музика. И оваа година концертот ќе биде целосно посветен на љубовта и преку шпанската, италијанската и француската култура, преку шансони и канцони, ќе овозможи уникатно патување низ овие предели и прекрасно доживување“, велат организаторите Павле Камилоски и Катерина Стевковска. По минатогодишниот целовечерен концерт, чија посетеност достигна до 4.000 посетители, мотивацијата за уште едно продолжение Павле Камилоски ја добива од желбата да создаде традиција на различни музички ноќи кои ќе ја збогатат музичката понуда и ќе го зголемат интересот за ваков вид музички случувања во Македонија. Влезниците се веќе во продажба преку сервисите „Карти“ и МК Тикетс.]]>