павле камилоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Nov 2023 12:55:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png павле камилоски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Павле Камилоски се’ би направил само една желба да му се оствари – „Да си моја ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski/ Thu, 09 Nov 2023 12:52:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326222

Павле Камилоски  деновиве ја промовираше во јавноста својата нова песна „Да си моја ти”, која е петта авторска во неговиот пејачки опус. Песната е во тој модерен поп стил со фанки примеси, чиј автори се познатиот музичар и гитарист Дамир Пух и пејачката Наташа Миха која е коавтор на музиката, а воедно ги напишала и стихови, а ги пее и придружните вокали. Песната иако жанровски поразлична од она што Павле преферирал да го пее досега е доволно енергична и емотивна, на што се надоврзува и нејзината визуелизација,  во која со својата елеганција, убавина и „неподнослива леснотија на движењата“, доминира атрактивната балерина од МОБ, неодоливата Никита. спотот е во режија на докажаниот маестро Александар Ристовски Принц за кој Павле кажува дека “во буквална смисла Принц го зборува мојот јазик и со леснотија го продуцира она кое што јас го чувствувам“. Спотот се снимаше во убавиот Галичник, од каде што се корените на Камилоски. Павле Камилоски е познат и по своите традиционални предновогодишни скопски концерти кои со неговото пеење ја разубавуваат уште повеќе свечената атмосфера која владее тие денови во македонска метропола секоја година, па така.ќе биде и годинава. Концертот е закажан за 15-ти декември во МНТ со почеток во 20 часот. „Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво“ - воодушевено ќе каже Павле за местото од каде ги влече корените на своето потекло. Како звучи новата песна на Павле Камилоски и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Павле Камилоски за прв пат го покажа новородениот син (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski-za-prv-pat-go-pokazha-novorodeniot-sin-foto/ Fri, 23 Jun 2023 06:30:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307434

На 19 ти јуни се роди синот на Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски и неговата избраничка, планинарката Ирина Дишовска,  а среќната вест медиумите веднаш ја пренесоа. Но парот не чекаше долго и тие веднаш се огласи на социјалната мрежа „Инстаграм“  каде целосно се опуштија и одлучија да му посветат фотографија и на новиот член на семејството. Неодамна храбрата мајка позираше од Гак преку прозорецот со љубениот. А сега конечно го покажаа и помалиот син - делумно откако таткото се фотографирал со малиот Јосиф. Имено, Камилоски  ја репостираше фотографијата од неговата сестра Сандра Камиловска од семејниот дом на која се гледа како ужива во дневната соба додека друштво му прави бебето кое го држи во неговите раце. Павле и Ирина според медиумите важат за еден од најшармантните македонски познати парови. Планинарката и познатиот тенор се венчаа во февруари годинава, а невестата тогаш веќе бешево блажена состојба. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Павле Камилоски  ]]>

Познатиот пејач стана татко за првпат: Возбудените мама и тато не можеа да додржат да не се видат, па се радуваа преку прозорецот на ГАК (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-pejach-stana-tatko-za-prvpat-vozbudenite-mama-i-tato-ne-mozhea-da-dodrzhat-da-ne-se-vidat-pa-se-raduvaa-preku-prozoretsot-na-gak-foto/ Mon, 19 Jun 2023 07:20:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306702

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски и неговата избраничка, планинарката Ирина Дишовска, станаа родители за првпат. На свет дојде здраво машко бебе тешко 3.450 и долго 52 см, а го доби името Јосиф. Ирина се породила во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а веднаш откако беше сместена во одделот кај родилките, среќната мајка излезе на прозор за непосредно да ја подели неизмерната среќа со саканиот и исто толку возбуден татко. Имаа можност за ова бидејќи прозорците на ГАК се на приземје, а моментот беше овековечен со фотографија која се најде на социјалните мрежи. Познатиот тенор и планинарката според медиумите важат за еден од најшармантните македонски двојки. Павле и Ирина се венчаа во февруари годинава, а невестата тогаш веќе беше со нараснато стомече. Честитки!]]>

Македонскиот пејач и убавата планинарка наскоро ќе станат родители: Бремената Ирина и со нараснат стомак е на врв (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-pejach-i-ubavata-planinarka-naskoro-ke-stanat-roditeli-bremenata-irina-i-so-narasnat-stomak-e-na-vrv-foto/ Thu, 18 May 2023 07:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302651

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски и неговата избраничка, планинарката Ирина Дишовска, наскоро ќе станат родители. Убавата Ирина е во поодмината бременост, а уште од почетокот кога дознаа дека семејството ќе стане поголемо, открија дека ќе добијат машко бебе, бидејќи медицината сега тоа го овозможува уште од рана фаза. Познатиот тенор и планинарката според медиумите важат за еден од најшармантните македонски двојки, а тие пак со гордост сакаат да обзнанат за убавите моменти во нивните животи. Ирина иако е во третиот и последен триместар од бременоста никако не се откажува од љубовта и активноста во природа. Иако со стомак до заби, Ирина е витална идна мама која нема проблем да се качи дури и на врв. Нејзините „стори“ од Инстаграм наидуваат на воодушевување кај следбениците кои не ретко знаат да и поласкаат. За потсетување, Павле и Ирина се венчаа во месец февруари, а за бременоста открија претходно кон крајот на месец декември. Инаку, Камилоски со проектот „Мала Италија“ освои безброј срца, при тоа доближувајќи ја медитеранската музика до публиката, а неговиот репертоар опфаќа голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл.]]>

Се ожении пејачот Павле Камилоски: Негова животна избраничка е планинарката Ирина Дишовска (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-ozhenii-pejachot-pavle-kamiloski-negova-zhivotna-izbranichka-e-planinarkata-irina-dishovska-foto/ Sat, 25 Feb 2023 11:07:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290596

Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска вчеравечер, петок, 25 февруари се заколнаа на вечна љубов пред себе, пред Бога и државата. Свадбената веселба ја започнале во домашна атмосфера со изворна музика. Потоа  обајцата застанале пред олтар во  прекрасната црковна церемонија и на крај го ставиле својот потпис во матичната книга на венчани, за конечно прославата да кулминира во еден познат скопски елитен ресторан. Сестрата на Павле, кулинарката Софка Камилоска, сподели низа фотографии и видеа од свадбата. Меѓу присутните гости имало и познати и јавни македонски личности и ТВ лица, како Миа Костова и Елена Најдоски. Ирина била прекрасна невеста, променета во тесна бела креација со пердуви, која го наговестувала нејзиното трудничко стомаче, а пред тоа носела уште една прекрасно креирана бела венчаница, додека Павле зрачел со елеганција во свечениот црн свадбен костум.  ]]>

Павле Камилоски во автентичен стил ја испеа својата нова песна – „Mia Bella“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski-vo-avtentichen-stil-ja-ispea-svojata-nova-pesna-mia-bella-video/ Sat, 14 May 2022 08:42:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250385

„Mia Bella“ е новата песна на македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски, чиишто видео спотови се препознатливи по неговиот боемски шарм и емотивна инспирација. Истата музичката екипа која за Павлеја создаде и претходната тема,  „Универзумот си работи за нас“, ја креираше и „Mia Bella“. Музиката, и аранжманот се дело на Александар Тарабунов, додека текстот е на Ксенија Николова, а режијата на шармантната видеоприказна ја носи Александар Ристовски - Принц. Пост-продукцијата ја изработува студиото на Тарабунов, а непосредноста во гласот на Павле го истакнува неговиот придружен вокал, Сара Пројковска.   Спотовите на Павле се одликуваат со романтична црта и доминантна префинетост, а тоа во неговата „Mia Bella“ пејачот го доловува во друштво на  убавицата Симона Петреска. Во продолжение проследете ја „Mia Bella“: ]]>

Павле Камилоски долго го чекаше тој час за да и запее – „Универзумот си работи за нас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski-dolgo-go-chekashe-toj-chas-za-da-i-zapee-univerzumot-si-raboti-za-nas-video/ Thu, 21 Oct 2021 12:45:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224048

Пејачот Павле Камилоски  ја промовирше својата нова песна „Универзумот си работи за нас“. Музиката, аранжманот и текстот ги потпишува неговиот колега и автор,  Александар Тарабунов, кој ја изработил и постпродукцијата. Песната е визуелизирана со црно-бело видео во режија на Александар Ристевски -Принц. Во видеото покрај пејачот главната женска ролја ја има и македонската манекенка и топ модел, долгоногата Бојана Нушкова, која повеќе од убедливо и мошне автентично си ја одиграла својата улога. Во продолжение проследете како звучи и изгледа кога „Универзумот си работи за нас“. ]]>

Боса нова е ритамот што возбудува во новиот спот на Павле Камилоски – „Љубовна рапсодија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bosa-nova-e-ritamot-shto-vozbuduva-vo-noviot-spot-na-pavle-kamiloski-video/ Fri, 04 Jun 2021 10:08:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205651

Македонскиот изведувач и уметник Павле Камилоски ја објави својата најнова песна и спот „Љубовна рапсодија“. Неговиот префинет стил и боемски шарм се одлика на спотот кој несомнено ќе ви украде воздишка и ќе ви ги разбуди сите сетила. Ритамот што возбудува го аранжираше Сашко Николовски, а текстот кој умее да комуницира со публиката го напиша Сара Пројковска, која воедно ја слушаме и како придружен вокал. Целата елеганција во оваа филмска видеоприказна ја носи Александар Ристовски – Принц, како режисер и видео продуцент, а постпродукцијата е на Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“. Мелодијата за „Љубовна рапсодија“ ја изведува извонреден тим од музичари на саксофон, флејта, труба, гитара, клавијатури, тромбон, контрабас, тапани и перкусии кои создаваат хармоничен музички баланс во боса нова стил, стилот по кој е препознатлив Камилоски. Павле лани во декември на неговиот предновогодишен концерт го промовираше својот прв авторски сингл „Такт по такт“. Интернационално наградуван и со досегашни 9 самостојни концерти, тој се истакнува како изведувач на безвременските Џез песни кои се дел од неговиот музички печат. https://www.youtube.com/watch?v=ZUQekpthhyU]]>

На својот предновогодишен концерт, Павле Камилоски ја изненади публиката со неговата прва самостојна песна и спот (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/na-svojot-prednovogodishen-koncert-pavle-kamiloski-ja-iznenadi-publikata-so-negovata-prva-samostojna-pesna-i-spot-video/ Thu, 17 Dec 2020 11:41:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181428

Камилоски на предновогодишниот концерт кој се одржа вчера во Музејот на Македонската Борба, се предаде на емотивниот занес и  длабоко ја трогна публиката со безвременските класици на Френк Синатра, Дин Мартин, Нет Кинг Кол, Том Џонс… Во интимната сала која беше преплавена од емоции, го заврши концертот со видео запис од неговиот прв авторски сингл кој се проектираше на видео бим. https://www.youtube.com/watch?v=VQPQiaMngY8 „Такт по такт“ е сингл во Боса нова стил, стил по кој е препознатлив извонредниот Камилоски. Шармантниот спој од проза и поезија ги пишуваат Робин Зимбаков и Алек Русјаков, а соничниот баланс кој ја истакнува интимноста и непосредноста во гласот на Камилоски, го компонира и аранжира Роберт Билбилов. Суптилен трепетлив ефект прави и гласот на Александар Тарабунов, драг пријател на Павле, кој се јавува како придружен вокал. Видео записот за „Такт по такт“ е филмски претставена ода на љубовта. Замислата за видеото на Камилоски ја режира Принц и успева да креира визуелен приказ на романтичниот и доминантен перформанс на пејачот.
„Таа емоција и авангарда ја носи со себе познатата манекенка Маја Сашек, без која немаше да го добиеме овој резултат. Маја додаде една уникатна вредност на видеото и многу сум и благодарен на соработката за спотот“ вели Камилоски.
Интернационално наградуван и со досегашни 9 самостојни концерти, Камилоски се истакнува како изведувач на безвременските џез песни кои се дел од неговиот музички печат.]]>

Љубов и вино зачинети со гласот Павле Камилоски во Intermezzo music bar https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-petok-ljubov-i-vino-zachineti-so-glasot-pavle-kamiloski-vo-intermezzo-music-bar/ Tue, 11 Feb 2020 13:31:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133688

Се вели убавите нешта одат во пар – а љубовта и виното се оној совршениот. Неверојатна комбинација. А кога сето е зачинето со гласот на уникатниот Павле Камилоски тогаш имате празник за сите сетила. Затоа не пропуштајте да бидете дел од настапот на уникатниот Павле Камилоски – одлична музика, квалитетно вино и многу љубов – токму тоа ве очекува в петок. Intermezzo music bar се погрижи во центарот на градот да ја пренесе атмосферата од светските метрополи, и тоа преку камерниот концерт на еден од најдобрите баритони во Македонија. Концертот е со почеток во 21 часот и освен што ќе значи спој на одлична музика и убави вина, воедно и ќе го означи стартот на концертната сезона во чии рамки во претстојниот период следуваат многу музички изненадувања. „Нашите гости го заслужуваат најдоброто од музиката, а токму за денот во кој се слават виното и љубовта за незаборавната атмосфера ќе се погрижи неповторливиот Павле Камилоски“, велат од Intermezzo music bar. Камилоски со проектите „Мала Италија“ и „Come fly with me“ освои безброј срца, доближувајќи ја медитеранската музика до слушателите на, пред сè, уникатен начин. Неговиот репертоар опфаќа и голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот на Камилоски се пуштени во претпродажба во ограничен број. Павле Камилоски, петок 21 часот, Intermezzo music bar. Денот на вљубените дефинитивно никогаш не звучел подобро!]]>