патувате – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jan 2022 12:47:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png патувате – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во кои држави можете да патувате доколку не сте вакцинирани? https://arhiva.vistina.com.mk/vo-koi-drzavi-mozete-da-patuvate-dokolku-ne-ste-vakcinirani/ Wed, 26 Jan 2022 13:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236368

Додека многу држави во светот одлучија на странците да им овозможат влез само доколку се целосно вакцинирани, други држави одлучија да ги отворат своите граници за оние кои имаат само негативен ПЦР тест и не бараат да бидете целосно вакцинирани, ниту по влегувањето во земјата да заминете во карантин.

Хрватска

Туристите кои сакаат да влезат во Хрватска може да го направат тоа со негативен тест на антиген (не постар од 48 часа) и ПЦР тест (не постар од 72 часа) или со потврда за прележан коронавирус во последните осум месеци. Меѓутоа, освен ова, за влез во Хрватска ви е потребен и онлајн образец за престој, односно потребна ви е гаранција за резервација на сместување.

Словенија

Доколку не сте вакцинирани, во Словенија можете да влезете со негативен ПЦР тест (не постар од 48 часа) или брз антигенски тест (не постар од 24 часа), но моарте да доставите и пополнет образец за дигитален локатор на патници. Доколку имате доказ за тоа дека сте го прележале коронавирусот во последните шест месеци, влезот ќе ви биде дозволен без заминување во карантин.

Португалија

Во септември Португалија ги промени правилата за влез, па на странците им е дозволено да влезат со негативен ПЦР тест направен до 72 часа или антигенски тест најдолго 48 часа пред влез во државата. Во оваа земја, на некои јавни места можно е да ви побараат доказ за вакцинација.

Грција

Со обзир на тоа дека една петтина од грчката економија зависи од туризмот, очекувано е дека оваа земја не може да практикува строги правила за влез во земјата. Невакцинираните патници може да ја поминат границата со негативен ПЦР тест издаден до 72 часа или доказ за негативен брз тест на ковид од овластена лабораторија до 24 часа пред влез во земјата. Тест е задолжителен за сите патници над 5 години. Освен ова, пред патувањето задолжително е пополнување на образец за лоцирање на патниците, а при влез може да ви биде направен и тест за потврда дека не сте заразени.

Кипар

Невакцинираните патници може да влезат со негативен ПЦР или антигенски тест не постари од 72 и 24 часа, а по доаѓањето во земјата морате да направите уште еден ПЦР тест кој чини од 15 до 19 евра и ќе бидете во изолација додека не бидат готови резултатите, што не трае повеќе од три часа. Невакцинираните посетители на Северен Кипар мораат да одат 5 дена во карантин.

Турција

Турција прифаќа негативен ПЦР тест 72 часа пред доаѓањето или антигенски тест 48 часа пред влезот во државата. Доколку сте прележани во изминатите 180 дена, заминување во карантин не е потребен, ниту потврда за вакцинација. Ирска Од јануари годинава, невакцинираните патници може да влезат со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа и да пополнат образец за лоцирање.

Дубаи (ОАЕ)

Доколку сакате да го посетите Дубаи, не мора да бидете вакцинирани и може да влезете со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, а мора да се регистрирате и во нивната апликација Covid-19 DXB и да пополните здравствена декларација и образец за карантин од 10 дена кој е задолжителен.

Мексико

Од почетокот на пандемијата, Мексико е најопуштена држава за патување. Не треба да приложите ни негативен ПЦР тест, ниту е задолжителен карантин. Треба само да пополните образец за здравсвена декларација и да скенирате QR код кој се генрира по пристигнувањето во земјата.

Доминиканска Република

Оваа држава дозволува влез со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

Египет

Египет бара негативен тест не постар од 72 часа како алтернатива за вакцинација. извор: кајгана]]>

Во оваа земја во месец август може да летувате за само 170 евра и никој нема да ви бара ПЦР тест https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ovaa-zemja-vo-mesec-avgust-moze-da-letuvate-za-samo-170-evra-i-nikoj-nema-da-vi-bara-pcr-test/ Tue, 04 Aug 2020 12:45:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161743

Бидејќи како последица на пандемијата коронавирус на сила во земјите од ЕУ забранет е влезот на македонските државјани, се отвораат некои нови можности за летување. Една од нив, барем што се однесува до земјите кои што физички ни се поблиску е Албанија. Летување на југот од Албанија Недалеку од грчкиот остров Крф се наоѓа и едно од албанските летувалишта кои што поради пандемијата коронавирус е избор за многумина. Саранда припаѓа во областа Валона и се карактеризира со мноштво убави уредени плажи и многубројни природни убавини. Сместувачките капацитети се на задоволувачко ниво, а во местото постои и убаво уредено шеталиште, многу ресторани и кафулиња, но и многубројни продавници. Освен тоа, во околината на Саранда се наоѓаат и многубројни знаменитости, кои што секако дека треба да се посетат. Колку чини летување во Саранда? Поради моменталната ситуација со пандемијата коронавирус, ова албанско летувалиште е вистинска авантура. Таму најевтината варијанта во приватно сместување за 4-члено семејство на почетокот на месец август изнесува околу 170 евра. Додека пак најскапата опција во ова летувалиште изнесува 2.590 евра за 7 ноќи со доручек, за 4-члено семејство. Станува збор за резорт со 5 ѕвезди, кој што е 2 километри оддалечен од центарот на Саранда и кој што има сопствена плажа. извор: курир.мк]]>

Доколку сакате да отпатувате на овој рајски остров, тоа може да го направите бесплатно: Еве што e потребно за тоа https://arhiva.vistina.com.mk/dokolku-sakate-da-otpatuvate-na-ovoj-rajski-ostrov-toa-moze-da-go-napravite-besplatno-eve-shto-e-potrebno-za-toa/ Thu, 09 May 2019 13:20:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86996

Тахиканците и оваа година испратија повик до семејствата и паровите од целиот свет. Тахити е најголемиот остров во француска Полинезија, кој со својата убавина привлекува голем број туристи секоја година. Локалната туристичка заедница одлучила да сними кампања за оваа рајска дестинација на Тихиот океан, а своите “модели“ да ги пронајдат меѓу светската публика. Тахиканците и оваа година испратија повик до семејствата и паровите од целиот свет кои сакаат бесплатен пат до нивниот остров, но исто така кои се подготвени да учествуваат во нивното промотивно видео со име „Two stories/One Mana“ (Две приказни/една Мана).
Смислата на оваа реклама е паровите заедно да допатуваат на Тахити, но во текот на престојот таму, одвоено да уживаат во најголемите природни убавини и атракциите, како на пример: јавање, пливање, танцување и слично. Благодарение на Мана, која во тахиканската култура се дефинира како животна сила која ги опкружува и поврзува сите живи суштества, паровите сепак ќе бидат соединети во текот на ова искуство..
Повеќе за Тахити и за наградниот натпревар можете да прочитате на интернет страницата „Embrace by Mana“, а во видеото погледнете како претходните добитници Мајкл и Елизабет уживале на своето бесплатно патување на Тахити. Извор: точка.мк
 
]]>