патувања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Aug 2023 09:13:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png патувања – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Семејството само за едно ја прашува, а Стојне Николова на нешто сосема друго мисли, планира и посакува (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/semejstvoto-samo-za-edno-ja-prashuva-a-stojne-nikolova-na-neshto-sosema-drugo-misli-planira-i-posakuva-video/ Fri, 25 Aug 2023 09:13:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315349

Ситна, динамитна, атрактивна, експлозивна, полна со енергија и сексапил… Македонско фолк мињонче ко бонбонче. Така отприлика до скоро ја опишуваа македонската фолкерка Стојне Николова. Но, до скоро  срамежливата струмичанка со текот на времето и годините несомнено полека прераснува во една сосема поинаква убавица. Промените евидентни и во изгледот, однесувањето, облекувањето... Стајлингот на фолкерката сега многу пософистициран, изгледот исто така, а сексапилот и неодоливата привлечност мултиплицирани. Долгите нозе, витата става, извајаното га*е и симпатичниот лик, ја прават фатално примамлива и пожелна, што и ја зголемува и цената за на тезга и бројот на настапи. Едноставно Стојне е „Новата јас“ како што и гласи и насловот на нејзината нова песна, истоимената фолк балада на атрактивната струмичанка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

Една нова, поинаква Стојне која не случајно претендира да стане „неостварен сон“ за камионџии во претходната песна… Но, не само за нив, што седат зад воланот во возачките кабини, туку и за сите останати љубители на убавите пејачки и песни во фолк музиката. А новата Стојне,  млада, убава, згодна, атрактивна, сексапилна, пожелна… е девојка која е „вистинска прилика“ за секој  слободен ерген. Токму затоа Стојнето го облетуваат многу додворувачи, иако  се’ уште, не барем јавно,  не видовме дека младата фолкерка е во нечие срце, односно некој во нејзиното, поточно  во сериозна љубовна врска. Арно ама како славата напредува, популарноста оди во нагорна линија, а со неа и приходите, на убавото Стојне, како и на секое младо моме се повеќе му се живее. А серизоната врска не е баш секогаш „компатибилна“ со слободниот уметнички живот, па оттаму на Стојне Николова некако повеќе и „пасува“ да биде слободна. До душа, семејството изгледа не мисли баш така, па  ја прашува само за едно, а Стојнето планира, посакува и мисли на  нешто сосема друго. На што - дознајте од видеото што самата го споделила како одоговор на „здодевните“ прашања на фамилијата! Фото: Инстаграм/stojne_official
]]>

Ова се најризичните земји за патување во 2021 година https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-najrizichnite-zemji-za-patuvanje-vo-2021-godina/ Wed, 23 Dec 2020 13:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182311

Компанијата „International SOS“ која се занимава со здравствени и безбедносни услуги, ја објави годишната листа на најризични дестинации за патување за 2021 година. Листата се составува секоја година врз основа на безбедносните и здравствените ризици, а оваа година особено е разгледан и ризикот од инфекција со коронавирус. Мапата вели дека најопасните места за посета во 2021 година се Либија, Сирија, Ирак и Централноафриканската Република. Како земји со најголем безбедносен ризик се оценети африканските и земјите од Блискиот исток. Помеѓу нив најмногу се истакнуваат Авганистан, Либија, Ирак, Сирија, Мали, Јужен Судан и Сомалија. Од друга страна, на списокот на земји со најголем здравствен ризик се сметаат Либија, Јужен Судан, Сомалија, Венецуела, Сирија, Ирак, Авганистан и Јемен. Овие земји завршиле на неславната листа и поради политичкото и социјалното насилство како и поради проблемите во овозможување соодветна медицинска нега. Здравствените и безбедносните ризици се најниски во земјите од Западот, но „International SOS“ истакнува дека би можело да дојде до промени на листата поради пандемијата на коронавирусот, чиј понатамошен тек не може точно да се предвиди. Помеѓу земјите со најнизок безбедносен ризик се најдоа скандинавските држави како и Кина, додека Велика Британија е рангирана како „земја со умерен ризик“ кога станува збор за епидемијата на Ковид-19. Нов Зеланд, Танзанија и Никарагва се рангирани како земји со најмал ризик од инфекција со коронавирус. Листа на земји со екстремно висок безбедносен ризик: - Сирија - Ирак - Јемен - Сомалија - Јужен Судан - Либија - Централноафриканска Република - Мали - Авганистан - Доњецк и Луганск во Украина Земји со многу висок здравствен ризик: - Нигерија - Либија - Јемен - Ирак - Авганистан - Северна Кореа - Гвинеја - Венецуела - Буркина Фасо - Сиера Леоне - Гвинеја-Бисао - Либерија - Централноафриканска Република - Еритреја - Хаити извор: точка.мк]]>

Ви треба мини одмор? Овие дестинации се како создадени за есенски туризам https://arhiva.vistina.com.mk/vi-treba-mini-odmor-ovie-destinacii-se-kako-sozdadeni-za-esenski-turizam/ Wed, 30 Oct 2019 13:17:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115446

Летото и сезоната на годишните одмори одамна заврши, но доколку сте еден од оние среќници на кои им преостанале уште неколку слободни денови или сте го прескокнале летниот одмор – овие дестинации се создадени за авантура во текот на прекрасната есен. Наместо да ги гледате летните фотографии со носталгија, обидете се да си овозможите барем кратко патување на местата кои блескаат во есенскиот период, без преголем метеж и летна жега.

Сиот раскош на Италија

Римјаните го користат изразот “римски октомври” за да опишат колку е прекрасна престолнината на Италија во текот на есента. Како и секој главен град, така и Рим оживува по летната меланхолија. Градот станува разигран, туристите се во помал број, а времето е идеално за седење во некоја градина и уживање во прекрасната храна и вино. Овој период е воедно добар и за обиколка на Кастели Романи, но и за романтичниот брег на Амалфи. Ќе ве воодушеват и Поситано, Соренто и Капри...

Истанбулско биенале

Културни случувања? Фантастично време? Истанбул е идеалното решение. Моментално во Истанбул е во тек Истанбулското биенале кое нуди бројни уметнички изложби и случувања низ градот, а истото трае до 10-ти ноември. Без оглед дали за првпат ќе го посетите овој град или повторно ѝ се враќате на оваа убавица, не треба да ги заборавите посетите на палатата Топкапи, Аја Софија и Големиот базар.

Романтичната Франција

Романтика, романтика, уметност... Одговорот е Париз! Треба да имате на ум дека оваа година се одржува еден од најголемите културни настани, по повод одбележување на 500 години ренесанса. По тој повод, Лувр е домаќин на огромни изложби на делата на Леонардо Да Винчи. Освен музејските поставки, бројни настани поврзани со оваа изложба ќе се одржат и во долината на Лоар, каде уметникот ги поминал своите последни години од животот. Кога сте веќе во Франција, есента е најдобро време за посета на Прованса. Можеби не е сезона на цветање на лавандата, но затоа е во тек сезоната на берба на грозје, маслинки и тартуфи.

Дали некој ја спомена Андалузија?

Кога е во прашање сезоната на берба на грозје, прекрасното време и колоритните пејсажи, ни Шпанија не заостанува зад Италија и Франција. Климата во Мадрид во текот на есента е блага и сончева сè до почетокот на октомври, кога речиси преку ноќ се претвора во празнична, зимска идила. Ако барате малку поинаква Шпанија, сосредоточете се на магичната Андалузија. Малага е позната по врелите лета и прекрасните плажи, но умерените температури во текот на есента се идеални за одмор.

Или едноставно – Амстердам

Токму како и сезоната на лалиња, есенската сезона е подеднакво убава во Холандија. Амстердам го добива својот полн сјај, а освен тоа Националниот музеј оваа година одбележува 350 години од смртта на Рембрант, со низа изложби. Нешто постуденото време од гореспоменатите дестинации е идеално за романтични моменти во некои од бројните градски кафулиња со пиво или чаша холандски џин. извор: точка.мк]]>

Драгана Мирковиќ: „Не се срамам од својот луксуз“ https://arhiva.vistina.com.mk/dragana-mirkovikj-ne-se-sramam-od-svojot-luksuz/ Wed, 25 Sep 2019 11:25:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108947

Драгана Мирковиќ важи за една од најпознатите пејачки во регионот, а често патува на релација Виена – Белград, а во српската престолнина доаѓа често за да ги посети родителите, но и поради работни обврски. Во интервју за „Ало“, Драгана проговори за својата кариера, за својот сопруг Тони Бјелиќ, што и замеруваат нејзините деца, луксузните патувања, но и како изгледа дружењето со светските ѕвезди. Мирковиќ ужива во својата луксузна вила во Виена, поседува дворец, чесот патува на луксузни дестинации, а на својот „Инстаграм“ фотографиите и се како разгледници. На прашањето дали нејзините фанови ја критикуваат што се фали со својот луксуз, пејачката вели: „Не. Досега тоа ми се нема случено. Луѓето често ми се приближуваат и чувствувам дека се позитивни со мене. Мислат дека сум отворена личност и дека својот живот без глупости го покажувам на сите. Се што имам го добив на чесен начин и затоа не се кријам. Моите фанови често бараат да покажам каде патувам и со кого се дружам“ вели Мирковиќ. Децата на Драгана не се експонираат во јавност, па така пејачката многу ретко зборува за нив и нивниот живот, но сега откри како е да се живее со тинејџери. „Постојат некои граници кои ги поставиме јас и Тони, а тие никогаш не ги прекршија. Животот со нив е песна и морам да признам дека не ги почувствува тие тинејџерски бубачки“ вели пејачката. Драгана исто така вели дека досега никогаш не и случило нејзиниот сопруг да ја побара да ја праша кога ќе се врати од настап и ќе си оди дома. „Мој Тони? Ма не...Никогаш не ме прашал, ниту ќе го направи тоа. Исто така кога тој е на работни состаноци не го барам кога ќе дојде“ вели Драгана. Пејачката истакна дека доколку нејзините деца побарале да ја напушти кариерата, таа ќе го направи тоа без размислувања. „Веднаш, без проблем ќе оставам се. Семејството ми е приоритет и тие ми се најважни“, вели сопственичката на ДМ САТ.]]>

Секогаш има до себе: Без ова кралицата Елизабета не патува никаде! https://arhiva.vistina.com.mk/sekogash-ima-do-sebe-bez-ova-kralicata-elizabeta-ne-patuva-nikade/ Mon, 04 Jun 2018 08:39:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=30443

Поранешниот готвач на кралското семејство откри детали од кралскиот живот. Тој готвеше  15 години за кралицата Елизабета и вели дека таа не може без парче чоколадна торта. Кралицата е голем фан на чоколадните торти, а кога и да патува со авион, автомобил или воз покрај неа секогаш има парче чоколадна торта. Готвачот откри дека кралицата не сака да јаде компир, тестенини и лук. А за неа тортата е многу важна, па често на патувањата знае да земе и готвач кој ќе и приреди уживање во исхраната.
фото:Шутерсток]]>

Најубавите пролетни дестинации https://arhiva.vistina.com.mk/najubavite-proletni-destinacii/ Fri, 27 Apr 2018 13:15:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=23861

Пролет е годишно време кога природата повторно се раѓа, а луѓето се подготвуваат за лето. Магијата на пролетта менува многу места и во состојба е да ги препороди дури и најстудените и најбеживотните пејзажи. Ви претставуваме девет дестинации на планетата кои во овој период од годината се посебно убави. 1. Тоскана
Тоскана се смета за родното место на италијанската Ренесанса и е преполна со културна содржина. Во светот е позната и по извонредната храна, пејзажите и луѓето. Дом е на Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео и Ботичели и има многу врвни музеи. 2. Национален парк Rocky Mountain
Овој национален парк во Америка има 150 езера и повеќе од 60 врвови повисоки од 3.700 метри. Големата надморска височина значи дека пролетта пристигнува малку подоцна отколку во остатокот од Америка, па најдобро е да го посетите во средината на мај. И тогаш ќе ви биде потребна топла облека, но ќе уживате во фантастичните пејзажи и неверојатните диви цвеќиња. 3. Париз
Како може статија за преубави места во пролет да не го содржи Париз во листата? Француската престолнина позната и како "градот на љубовта" има бескрајни паркови, дрвореди и градини кои ве мамат. Температурите знаат да бидат прилично ниски во април, па понесете си јакна. Доколку се најдете во пролет во Париз, посетете го Jardin du Luxembourg, парк од 250 илјади квадратни метри во кој се наоѓа величествената Палата Луксембург. 4. Финска
Ако размислувате за патување во Финска, вреди да се знае дека треба да го избегнувате нејзиниот северен дел – Лапонија, каде сонцео не изгрева цела зима, а цело лето не заоѓа. Југот на Финска е многу потопол, а природата е преубава. Финска има 187.888 езера, а со шума е прекриено 86% од земјата. Морате топло да се облечете, бидејќи дури и на југот во мај температурата не преминува повеќе од 10 степени. 5. Амстердам
Амстердам е едно од местат каде слободно можете да носите џемпер во текот на пролетната посета. Во споредба со летото, цените се многу пониски. Времето во мај е преубаво, а воздухот исклучително чист поради густото градско зеленило и многубројните цвеќиња. 6. Менорка
Менорка е мало островче во Медитеранското море на источниот брег од Шпанија. Го споредуваат со многу познатата Мајорка и е одалечено околу 200 километри од Барселона. Исто така, преубаво е во пролет. Просечната температура од 21 степен Целзиус значи дека можете да понесете и костуми за капење, бидејќи лесно може да се случи времето да биде погодно за капење. 7. Викторини водопади, Замбија/Зимбабве
Викторините водопади во Африка се сметаат за најголемите во светот и вброени се во Седумте природни светски чуда. Се наоѓаат на границата помеѓу Зимбабве и Замбија и претставуваат пад на реката Замбези. Одлично место се за пролетно патување. Дождовната сезона завршува во април, а во наредните шест недели, како што расте нивото на водата, водопадите едноставно "подивуваат". Грмежите од водата е нешто што секој треба да го слушне, но водопадите можете да ги видите и од хелихоптер по цена од 120 долари. 8. Пиринеи
Планинскиот венец Пиринеи се наоѓа на границата помеѓу Франција и Шпанија и представува вистинско чудо на природата. Има мирни планински езера и неверојатни пејзажи. На пролет Пиринеите се преполни со живот бидејќи ги населуваат мечки, птици грабливки и стотина различни видови цвеќиња. До Пиринеите можете да стигнете преку Франција и преку Шпанија или да го одбрете алтрнативниот пат од малата држава Андора. 9. Јужен остров, Нов Зеланд
Јужниот Остров на Нов Зеланд се наоѓа на јужната хемисфера, што значи дека пролетта трае во септември и ноември. Иако островот за 33% е поголем од остатокот од Нов Зеланд, населен е само од 24% од населението. Јужниот остров нуди можности за планинарење, кампување, едрење и пливање, а пролетта е идеално време за тоа.]]>