патувам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 19 Nov 2019 12:32:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png патувам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Васил Гарванлиев, од Марионка до Евровизија… – „Патувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-od-marionka-do-evrovizija-patuvam-video/ Tue, 19 Nov 2019 12:32:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119417

Васил Гарванлиев и стана познат на македонската публика уште од мали нозе, кога како детенце ја пееше познатата детска песничка „Марионка“, која со текот на годините прерасна во вистински детски евергрин.

Во 2018-тата, Васил Гарванлиев со звуци и слики од Македонија го нанижа својот музички – „Ѓердан“ во парче музика и видео, за годинава ( 2019) да биде дел од вокалната екипа која ја придружуваше Тамара Тодевска, во остварувањето на најголемиот евровизиски успех до сега на еден претставник на Република Македонија на „Евросонг“.

Неговиот најнов проект насловен „Патувам“ го реализираше во соработка со македонскиот клавијатурист, композитор и продуцент Давор Јордановски кој е автор на музиката, а живее и твори во Торонто - Канада и текстописецот Тања Брковска. За видеозаписот повторно се погрижи екипата од неговите претходните проекти: Ѓорѓи Вацев - камера и постпродукција, креативниот  директор - Јелмаз Дервиши, и кореографот Иван Ангелковски. “Патувам, за мене претставува средба и сеќавање со љубопитното дете во сите нас кое со душа чека да му се отвори вратата за да погледне во еден поубав и посветол свет. Овој проект, е голем чекор напред на мојата патека што потврдува дека кога имаме искрена желба, љубов, и приказна со вистински тим секогаш ќе најдеме и вистински начин на изразување. Сите заедно и во сите бои, со спонтана енергија, мислам дека создадовме уште една поп приказна на која сум особено горд. И да, патувам каде јавето е исполнет сон “– вели Васил, канејќи ве да го проследите неговото аудиовизуелно патување низ времето. ]]>