патриотска песна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Jul 2020 10:54:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png патриотска песна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Даниел Крстески направи римејк на легендарната македонска забавна песна со патриотска содржина „Земјо мила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniel-krsteski-napravi-rimejk-na-legendarnata-makedonska-zabavna-pesna-so-patriotska-sodrzina-zejo-mila-video/ Fri, 24 Jul 2020 10:38:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=160398

„Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала...“ – ова се стиховите од песната „Земјо мила“, песна на која веруваме дека ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен. За тие кои не знаат, „Земјо мила“ е создадена во далечната 1977 година од композиторот Јане Коџабашија, а ја испеал Никола Давидовски – Коле. Ова вонвременско ремек-дело на Коџабашија се слушало и низ поголемите градови на поранешна Југославја, а повозрасните велат дека токму со неа бил пречекуван Маршалот Јосип Броз Тито кога доаѓал во посета на нашата земја. За жал денеска оваа песна ретко имаме прилика да ја слушнеме на нашите радиостаници, но благодарение на младиот и талентиран Даниел Крстески, се надеваме оваа нумера повторно ќе заживее и ќе го разбуди патриотизмот кај многумина. Крстески е можеби единствениот пејач кој се сети да направи препев на „Земјо мила“ и истата да ја спакува во еден помодерен аранажман со модерна интерпретација. „Сосема случајно ја слушнав песната на „Јутјуб“ и се потсетив дека кога бев дете беше многу вртена на телевизија и радиостаниците. Без многу двоумење ја земав гитарата и почнав да ја свирам. Така и ми дојде идејата да ја препеам. Веднаш му се јавив на професорот Јане Коџабашија од кого добив дозвола да ја преработам“ – вели младиот пејач Крстески. Даниел и екипата која работеше на овој проект се потурдија да направат и една видео-приказна која сведочи за страдањата на македонскиот народ наназад низ годините. „За мене искрено беше голем предизвик и одговорност да се одлучам да прерботам веќе своевремено доста позната песна која е сработена од професионалци. Не е лесно и едноставно да се испее дело на професорот Јане Коџабашија, особено да се направи препев по феноменалната интерпретација на Никола Давидовски, кој сигурно би го вброиле во најдобрите вокали што некогаш пееле кај нас“ – изјави Даниел. https://www.youtube.com/watch?v=Id3Ln5qpNwA]]>

Зоран Миладинов со моќна изведба и видео за македонската патриотска песна – „Кога падна на Пирина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoran-miladinov-so-mokjna-izvedba-i-video-na-makedonskata-patriotska-pesna-koga-padna-na-pirina-video/ Thu, 18 Jun 2020 13:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154480

Деновиве јавноста има можност да ужива во една од најмоќните изведби досега на патриотската песна „Кога падна на Пирина”, овој пат во фантастична изведба од страна на оперскиот пејач Давид Миладинов. Давид Миладинов важи за извонреден вокал кој што има дипломирано на Факултетот за Музичка Академија на отсек соло пеење, а во моментов е на Магистерски кај професорот Борис Трајанов. Тој досега има учествувано на голем број натпревари по оперско пеење во повеќе земји низ Европа, каде што добил неколку први, но и втори награди. Покрај оперското пеење, Миладинов на македонската сцена е присутен и со песни во забавен стил. Зад себе ги има песните “Едно лето”, “Тивки писма”, “Не верувам во грев”. Во 2018-та година Давид имаше можност да учествува на престижниот фестивал “Макфест” кој се одржува во неговиот роден град Штип. Тој настапи со една одлична композиција насловена “Тој сон нека потрае”, со која што имаше доста впечатлив настап и влезе во финалето на фестивалот. Откако беше промовирано видеото за „Кога падна на Пирина“, Давид за  македонските медиуми открива дека постојано му пристигнуваат пораки и коментари со пофалби за неговата изведба и за изработката на спотот. Голем број Македонци не останаа рамнодушни и заплакаа додека ја слушаа неговата изведба на оваа песна која важи за една од најемотивните македонски песни со патриотска содржина. “Огромна благодарност до маестро Зоран Џорлев за звукот на виолината да го долови чувството на отчукувањето на македонското срце и секако за искористената матрица” - напишал Миладинов. Aранжманот на песната е заедничко дело на  Александар Митевски и Зоран Џорлев, а видеото го изработила Ин продукција. Како сето тоа звучи и изгледа проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=53&v=e1z7DB8IqLo&feature=emb_logo]]>