патриотизам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Dec 2021 10:17:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png патриотизам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наместо вистински „Патриотизам“, дежурните кочничари на развојот упорно ни нудат евтин „Моронизам“! https://arhiva.vistina.com.mk/namesto-vistinski-patriotizam-dezurnite-kochnichari-na-razvojot-uporno-ni-nudat-evtin-moronizam/ Wed, 29 Dec 2021 10:17:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232956

Д-р Живко Груевски Патриотизам сигурно не е кога и во 21-от век, неколку фрустрирани и лажно загрижени ликови запенавено урликаат дека се спремни дури и да “умрат“ за своите сожители и за својата земја... Вистински искрен Патриотизам чувствуваат и манифестираат само оние кои се спремни да „ЖИВЕАТ“ за доброто на своите сограѓани и за државата, но и да ЖИВЕАТ во својата држава!!! Оние првите квази-патриоти, некако перверзно уживаат само да констатираат негативности, целосно да ја елиминираат другата страна на вистината и да бидат радикално „анти-против“ критикувајќи буквално сѐ и сешто. За нив сите политичари (од власта и од опозицијата) и судиите од релевантните судови, се превртливи и корумпирани играјќи ,,пинг-понг"(?) под притисок на клетите странски и домашни инвеститори (???) Единствена цел на нивната пропаганда со популистичка реторика е да оцрнуваат, да плукаат, да стигматизираат и да создаваат апокалиптична психоза на страв од општа катастрофа. Тука посебно се гласни оние неколкумина добро платени „политичари-активисти" од профитната дружина која се нарекува „Здрава котлина“. Тие како во транс ги повторуваат небулозите од типот на „рудник на злото и смртта, труење со цијанид и токсични хемикалии, еко-геноцид…“ Странскиот инвеститор со неподнослива леснотија и дилетантизам го прикажуваат како некаква сатанистичка или терористичка организација. Со безочни манипулации и непримерен говор на омраза им се закануваат и јавно со најпогрдни зборови ги жигосуваат мноштвото нивни сограѓани, невладини и граѓански здруженија, културно-уметнички и спортски друштва, кои размислуваат слободно за својата иднина и делуваат различно од нив. Зборувам за стотици добри и вредни семејства и локални организации од Струмичкиот и под Огражденскиот регион, кои во изминативе месеци се директни корисници на грантови, донации и спонзорства кои Еуромакс и Групацијата Трафигура благородно ги овозможија како дел од кампањата за општествена одговорност со рамковен буџет до 1 милион евра - „Со Акција и Дела за Подобар Живот Сега и Веднаш!“ Драги пријатели, искрените Патриоти се исполнети со позитивна енергија и со лична акција и дела даваат максимум од своите интелектуални и професионални капацитети. Вистинските Патриоти не дозволуваат во нивните срца и мисли да се вгнезди и да надвладее негативизмот и песимизмот. Тие не прифаќаат „живот во темнина“ и секогаш се подготвени активно да се соочат и да се справат со сите предизвици, внесувајќи ентузијазам и посветеност за да ги трансформираат проблемите во решенија и можности. Големите луѓе зборуваат за визии, стратегии, акција и дела... просечните луѓе анализираат и коментираат актуелни настани и случувања, а малите луѓе, ееех тие „малите“ се занимаваат, оговараат и расправаат само за делата на другите луѓе! Ми требаше време за да разберам дека една ваква група „мали“ луѓе , всушност ништо не знаат суштински за нашиот Проект „Иловица-Штука“ и не се ниту свесни колку тоа не знаат, а што е уште пострашно очигледно не ни сакаат да дознаат... но, и покрај сѐ, тимот на Еуромакс и понатаму безрезервно и транспарентно ќе ја споделува со сите нив нашата позитивна енергија, секогаш со подадена рака подготвени за конструктивна комуникација и соработка. Говорот полн со омраза, лаги и манипулации води само кон пролонгирани страдања и колективно назадување, а говорот со толеранција, безусловна љубов и разбирање - води кон прогрес и општо добро. Ние одамна сфативме дека една омраза неможе да се неутрализира со друга омраза туку само со позитивност, затоа што комбинираната омраза има застрашувачки капацитет да уништи се околу себе. Актуелнава глобална пандемија со разорни здравствени, економски, енергетски и инфлаторни последици, на сите ни удри „шлаканица“ за освестување покажувајќи ни дека не смееме да си дозволиме таков „луксуз“ и пасивно да чекаме олујното невреме да помине, туку активно да се потрудиме и научиме да „играме“ и на поројниот дожд и силниот ветер. Реалноста на животот повремено наликува на машина за перење облека која те превртува, полива со вода, те гмечи и удира - но, на крај од „програмата“ излегуваш почист, поцврст и поискусен за да можеш успешно да се справуваш со старите и нови предизвици. Во ваквите кризни времиња, пасивноста, игнорантноста и деструктивноста со својата „мртва тежина“ нè притискаат и се всушност најголема неправда кон сите нас. Додека ние и понатаму упорно пимпламе со односот кон нашата колективна иднина, развиениот свет незапирливо оди напред и постојано се менува. Тоа наметнува неопходност од развиени способности на адаптабилност за да ги препознаеме и прифатиме „промените“ како МОЖНОСТИ... да успееме да управуваме со промените и преку нив да реализираме прогрес и поквалитетни услови за достоинствено живеење. ... И додека ги пишувам овие редови, на радио оди "It’s the most wonderful time of the year" (Andy Williams) или пак на нашиот македонски јазик „Ова е најубавиот период од годината“, познат наслов на една од најпопуларните наменски евергрин песни за Божиќните и Новогодишните празници. И да, во голем дел од светот ова е навистина  најпразничниот, највеселиот и најблескавиот период од календарската година. Преовладува позитивна енергија, благородна мисла и пријатни моменти на искрена и среќна дружба со фамилијата, со пријателите, со колегите... време за широки насмевки, прегратки и споделување безусловна љубов со сите добри луѓе околу нас. Сите со возбуда гледаме во иднината која е прострена пред нас како бескрајно долг пат вечно прекриен со свежо паднат чист бел снег. Драги мои, да продолжиме понатаму по патот на иднината, внимателно, мудро, но храбро и одважно знаејќи дека секој наш чекор ќе остави видливи траги во снегот...]]>

И македонската „Гранд ѕвезда“ го пушти патриотизмот на најјако: Вистински гест, на вистинско место, ама… со „погрешен“ човек! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-makedonskata-grand-dzvezda-go-pushti-patriotizmiot-na-najjako-vistinski-gest-na-vistinsko-mesto-ama-so-pogreshen-chovek-foto/ Mon, 16 Nov 2020 09:41:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176185

На историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација не можеме да му се изнарадуваме... сите! Нема кој не е среќен, воодушевен, фасциниран од сефте пласманот  на момчињата од фудбалската А селекција на претстојното ЕУРО 2021. И старо и младо и машко и женско и не само Македоци, туку и сите други националности, зашто репрезентацијата е впрочем надобриот показател како единството од различни националности кои го носат дресот со државниот грб збрани на едно место, може да не одведе до успех за каков што генерации пред тоа само сонуваа. Затоа и се радуваме сите... И обичните луѓе, граѓани,и познатите и славни, јавни личности, меѓу кои и естрадните... Музичките ѕвезди можеби најмногу знаат што значи да постигнеш успех, да ти аплаудираат на отворена сцена, да добиваш стоечки овации, да те сакаат и обожуваат, да ти се воодушевува целата нација... Затоа и многумина од нив побрзаа да го споделат меѓу првите успехот на нашите фудбалери и радоста што ни ја приредија. А, како поинаку и најдобро, ако не преку социјалните мрежи?! Меѓу сите ѕвезди и тој, младата македонска „Ѕвезда на Гранд“, пејачот и музичар Стефан Величковски кој далеку дотурка во најпознатото регионално натпреварување на музички таленти, па чувството и вкусот на успехот не му е стран. Но исто така не му е непознат и напорот, одрекувањата, жртвите и количеството на вложен труд кој се потребни да се стигне високо по „трнливиот пат“ на успехот. Затоа Стефан му се израдува на успехот на нашите фудбалери споделувајќи на својот Фејсбук профил неколку објави. „Здраво Европо, здраво Букурешт“ - напиша најпрво алудирајќи на пласманот на ЕУРО 2021 и еден од градовите каде ќе игра нашата фудбалска репрезентација на првенството, како и: „Што убаво лето не чека, мммм...“ - зашто ЕУРО 2021 ќе се игра на почетокот на идното лето, во  јуни 2021-вата. И конечно она што многумина исто така го споделија на своите профили на социјалните мрежи, заедничка фотографија со некоја од македонските фудбалски ѕвезди. „Големиот Пандев“ - напишал Стефан  во описот на фотографијата, откако патриотизмот го пуштил на најјако и направил вистински гест, на вистинското место, арно ама... со „погрешен“ човек! Зашто младата „Гранд ѕвезда“ напишала Гранде Пандев, а на фотографијата е сликан со исто така големиот Кире Лазаров! Од преголема возбуда и брзање или од пусто незнаење, само Стефан знае?! Како што сите ние знаеме дека Кире никако не е „погрешен човек“ и е исто толку голем колку и Пандев, туку пејачот само го ставил во „погрешна конотација“ со настанот! Ако му е некаква утеха на Стефан, тој не бил единствениот... А за мајтапот што му го приредија пријателите на пејачот... и да не говориме. Еве само, колку за пример: Се разбира, со сиот респект и почит од наша страна кон обете политички личности... И оној споменатиот по презиме и оној, неодамна починатиот, десно на фотографијата. А Стефан Величковски? Сепак, ќе да е многу поголем познавач на музиката, отколку на спортот! Овде е секако сликан со Вики Миљковиќ!      ]]>