патриот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Nov 2021 11:24:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png патриот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мирко Шијан гордо се пофали со синчето: Малечкиот е уште отсега патриот, „Србенда“ од мали нозе! https://arhiva.vistina.com.mk/mirko-shijan-gordo-se-pofali-so-sincheto-malechkiot-e-ushte-otsega-patriot-srbenda-od-mali-noze/ Wed, 10 Nov 2021 11:24:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226717

Синот на српската пејачка Гоца Божиновска, Мирко Шијан е горд татко, а тоа го докажува преку честите фотографии кои ги објавува од синот на својот Инстаграм профил. Овој пат Шијан беше воодушевен од тоа што го направи неговиот син Зоран, па веднаш се пофали со следбениците за да видат за што станува збор. Имено тримесечното бебе покажа три прста, асоцијација со која Србите алудираат на Србија заедно со Косово и Република Српска. Шијан на фотографијата сподели и песна „Пеј Србијо“ од Баја Мали Книнџа, а го додаде и српското знаме. Да потсетиме, Мирко Шијан и Бојана Родиќ го добија синот на 9 август годинава! Фото: Инстаграм принтскрин/ miresijan]]>

Цеца заврши во музеј: Слика на пејачката стана дел од уметничка перформанс изложба (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-zavrshi-vo-muzej-slika-na-pejachkata-stana-del-od-umetnichka-performans-izlozba/ Wed, 23 Dec 2020 08:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182165

Светлана Цеца Ражнатовиќ заврши во Музејот на современа уметност. Пејачката е дел од изложбата „Рефлексии на нашето време: Аквизиции на Музејот на современа уметност 1993-2019“. Еден сегмент од таа изложба, посветен на бомбардирањето на нашата земја, се состои од фотографии и видеа од најшокантните и најемотивните моменти од тој период. Тука го најде своето место фотографијата на Цеца, како единствена личност од српската естрада која е дел од изложбата, и како еден вид потсетник и симбол на српскиот пркос кон тогашниот непријател. На тој архивски отпечатен екран од белградска телевизија, која исто така ги емитуваше тие концерти, може да се види насмеаната пејачка со микрофон во раката, додека во долниот лев агол се забележува опасност од воздушен напад од агресорот, а од десната страна грбот на град Белград. Во другите музејски инсталации, покрај Цеца, која е единствената јавна личност која е претставена во изложбата, можат да се видат потресни слики од исплашени, но горди и достоинствени граѓани, кои држат крст, креваат три прста, се радуваат, но исто така како се уништуваат и куќи, известувања дека нема ТВ сигнал и други шокантни сцени како симболи на тоа страшно време. Цеца никогаш не криела дека е патриот, а прогласената воздушна опасност не ја спречило да му пее на својот народ. „Да, и не ми е гајле! Јас сум меѓу мојот народ, ги поддржувам моите Срби и горда сум што сум Србинка. Не е важно кој ни се заканува, важно е кои светилишта ги браниме. И ние го браниме Косово, срцето на Србија и српската земја. И ако е потребно, сите ќе пропаднеме, нема да му се покоруваме на непријателот“ - ќе одговори тогаш пејачката на новинарско прашање од телевизијата БК, дали знаеше дека пее под најавената тревога за воздушна опасност. Инаку, во тоа време, многу пејачи го развеселуваа народот во најлошите моменти. Плоштадите и мостовите беа полни со естрадни sвезди кои не ги спречуваа воздушни сирени, а често и бомбите и проектили, да им пеат на своите сограѓани и да ги храбрат  со нивните хитови и транспаренти против агресорот, како и значки и налепници со симболичниот знак: „Мета“ кои на себе ги носеа и и тие и насобраните луѓе.]]>

Елена Велевска покажа две нешта одеднаш: Како се сака Македонија, ама и како изгледа една секси Македонка (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-velevska-pokaza-dve-neshta-odednash-kako-se-saka-makedonija-ama-i-kako-izgleda-edna-seksi-makedonka-foto-video/ Tue, 03 Jul 2018 07:35:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35733

Македонската фолк дива Елена Велевска има ново аудиовизуелно изненадување за своите следбеници, но и за сите Македонци.
Имено, во пресрет на сите историски премрежја што и се случуваат на нашата татковина Република Македонија, која минува низ еден бурен и важен историски период од своето опстојување,  пејачката сними своја верзија на познатата македонска новосоздадена фолк песна со патриотска содржина: „Македонијо, мајко страдалнице“, своевремено отпеана од легендарната Петранка Костадинова.
Во нејзина чест, но и во знак на револт од сето она што ни се случува со името на татковината, Елена Велевска ја препеа оваа преубава македонска песна чиј автор на музиката и стиховите е Бранко Ѓорѓиевски, а за која новиот аранжман го направи Гоце Пејак Костоски.
За истата Елена сними прекрасно видео чија режија ја потпишува Даниел Јовески, а спотот е  снимен на различни локации во Охрид и во него се прикажани убавините, но и историските факти, споменици и паметници за вековното постоење и опстоење на  Македонскиот народ и нашата мајка страдалница Македонија.
Песната ќе се најде на третото продолжение од нејзиниот албум со македонски изворни и традиционални народни песни „Ѓердан за душата 3“. 
Елена Велевска со овој потег покажа дека е голе патриот кој си ја сака татковината, горда Македонка која го дава својот придонес за својата земја, со она што најдобро го знае - песната...
Но, во паузата од снимањето на видеото, Велевска не пропушти релаксирајќи се и одморајќи, уште еднаш да ги истакне своето извајано тело, бујните атрибути и сиот свој сексапил.
Или поточно, Елена Велевска покажа две нешта одеднаш: Како се сака Македонија, ама и како изгледа една позната и популарна, секси Македонка! https://www.youtube.com/watch?v=SvJ5PBAjeek  
]]>

Патриотско срце: Познатата Македонка во репрезентативен дрес и развиорен шал, среде Словенија навиваше за Македонија! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/patriotsko-srce-poznatata-makedonka-vo-reprezentativen-dres-i-razvioren-shal-srede-slovenija-navivashe-za-makedonija-foto/ Mon, 15 Jan 2018 08:50:37 +0000 http://vistina.mk/?p=9631

Ракометниот натпревар помеѓу Македонија и Словенија на ЕП во Хрватска привлече огромно внимение кај целата јавност, особено кај нас Македонците. Разборливо, ние од дома како и нашите кои беа на трибините, сите заедно навивавме за Македонија. И веројатно со своето навивање, барем оние што беа таму, а ние со добрите вибрации од овде им помогнавме на Раул -„Ел команданте“ и нашите момчиња да дојдат до толку посакуваната победа. Нашите ракометари и овој пат оставија „срце на терен“, ама оставивме и ние - навивачите... И срце и нерви и грло. И на трибини и крај телевизор!
Ние дома, ама и таа... Иако далеку од дома, од родната Македонија. Некогашната ТВ водителка на најпопуларниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Марија Маца Петровска повеќе не е во Македонија. Таа речиси две години живее кај својот избраник, во Цеље, Словенија. Ама Маца очигледно никогаша не заборавила ниту која е, што е и од каде доаѓа!
Македонија - Словенија на ракометниот терен, а таа среде Словенија во македонски дрес, со високо кренато шалче на кое пишува: „Една нација - една страст - Македонија“, остави и срце, и грло и душа крај големиот телевизор навивајќи за своите и својата татковина! Избраникот може да биде Словенец, новата држава во која можеби и довека ќе живее може да е Словенија, ама срцето и душата се едни во неа, во нашата горда Македонка, Марија Петровска!
И бившите колеги од „Бекстејџ“ и уредникот не пропуштија да не ја пофалат, да ја поддржат, да не ја посочат за вистински пример, како се сака својата татковина!
„За когоооо? За Македонија! И големо БРАВО за нашата, една и единствена Марија!]]>