патики – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 12:21:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png патики – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали знаете за што служат двете долни дупчиња на патиките? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-znaete-za-shto-sluzhat-dvete-dolni-dupchina-na-patikite/ Wed, 07 Jun 2023 12:35:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305328

Во минатото, „Converse All Star“ патиките првенствено се користеле за играње кошарка. Така, биле додадени двете долни дупчиња за да може патиката повеќе да се затегне околу ногата – така што нозете ќе бидат постабилни во нив, а можноста за повреда ќе биде помала. Ако сакате да го пробате ова, извлечете ја врвката од првите две дупки, повлечете еден дел низ тие две дупчиња на страна и вратете ја назад. Затегнете и ќе забележите дека страната на патиката е прицврстена на вашата нога. Погледнете го видеото како да го направите тоа: Патиките „Converse All Star“ биле претставени на јавноста во 1917 година. Од тогаш до денес, нивниот дизајн не е многу променет. Можеби ова е една од тајните зошто луѓето едноставно ги обожаваат. Има уште еден интересен детал од историјата. Кошаркарите на САД го носеле овој модел на патики на нивните први Олимписки игри во 1936 година во Берлин. Имено, пред таа година кошарката не била олимписки спорт, пренесува „24сата.хр“. За таа прилика ги дизајнирал Чак Тејлор, тогаш популарен кошаркар, а украсени биле со американското знаме. На Олимписките игри го освоиле златото, а популарноста на патиките „Converse All Star“ почнала да расте.]]>

Трикови за чистење: Со овие техники вашите бели патики секогаш ќе изгледаат како нови! https://arhiva.vistina.com.mk/trikovi-za-chistene-so-ovie-tehniki-vashite-beli-patiki-sekogash-ke-izgledaat-kako-novi/ Wed, 03 May 2023 09:27:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300401

Овој период од годината не може да помине без уникатните бели патики Ова се совети за чистење кои ќе ви помогнат секогаш да изгледаат како нови. Совет број еден: Многу е важно за кој модел на патики станува збор, па ако зборуваме за култните старки (Convers), тогаш сѐ што треба да направиме е да нанесеме малку сапун на четката за заби и кружни движења да триеме додека не исчезне нечистотијата. Совет број два: Растворете сода бикарбона во млака вода и тријте ја со кружни движења, а потоа оставете ја содата да отстои најмалку десет минути, а потоа исплакнете. Совет број три: Ако имате кожени патики, најдобро би било млекото за тело да го користите и со четка или крпа. Никогаш не користете грубо сунѓерче кога станува збор за овој тип на патики. Колку и да се валкани патиките, избегнувајте да ги перете во машина за перење. Експертите велат дека ова е најголемата грешка што ја прават луѓето, бидејќи ѓонот лесно може да се откачи. Совет број четири: Направете паста за чистење од сода бикарбона, вода и оцет. Истурете во еднакви количини, но внимавајте да има доволно сода за да се згусне пастата. Користете стара четка за заби и исчистете со неа доколку е потребно. Кога ќе завршите, задолжително исплакнете со топла вода и оставете да се исуши. Извор: Курир.мк]]>

Едноставни совети за лесно да ги исчистите белите патики https://arhiva.vistina.com.mk/ednostavni-soveti-za-lesno-da-gi-ischistite-belite-patiki/ Thu, 23 Mar 2023 13:42:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294803

Одржувањето на бели патики може да биде напорно, а резултатите по чистењето никогаш не можат да бидат исти како кога првпат сте ги виделе на полицата и сте решиле да ги купите. Сепак, постојат едноставни решенија со чија помош ќе можете да го одржите изгледот на вашите бели патики. Материјалите од кои се направени патиките ќе одредат како ќе ги чистите и колку долго ќе траат, но има некои универзални чекори. Најдете време, пет минути до еден час за чистење во зависност од видот на чевлите што ги имате и колку се валкани. За да им помогнете на чевлите да ја задржат својата форма, наполнете ги со некоја ткаенина или весник. На овој начин чевлите се полесни за ракување, а материјалите ја впиваат течноста. Ако имате четка за чевли, користете ја за да ја отстраните нечистотијата. Стара четка за заби, мека четка за нокти или дури и мека крпа исто така ќе ја завршат работата. Целта овде е да се отстрани целата прашина и нечистотија без груби движења. Кожни патики Кожните патики најлесно се чистат. Земете детергент за садови и сунѓер и направете пена во сад со вода. Користете ја меката страна на сунѓерчето за да ги исчистите патиките со лесни движења. Ако се навистина валкани, свртете го сунѓерчето на другата страна и внимателно исчистете ги. Платнени патики Платнените патики може да бидат тешки за чистење, но можат да издржат повеќе триење. Откако ќе измешате малку сјај за миење садови и вода, со кружни движења исчистете ги чевлите со четка за заби. Кога ќе завршите, избришете ги со влажна крпа за да ја отстраните преостанатата пена. Оставете ги патиките добро да се исушат. Плетени чевли Овие патики се ноќна мора за чистење. Ако триете премногу силно, може да ја оштетите ткаенината. Затоа, натопете чиста крпа во вода со сапуница и нежно исчистете ги патиките. За да ја одржите структурата на патиките, работете колку што е можно повеќе во насока на плетеното. Избришете ги сите остатоци од сапун. Извор: Курир.мк]]>

Анастасија Ражнатовиќ се пофали колку многу си одговараат со Немања, а еден детаљ покажа дека се совршен пар (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-razhnatovik-se-pofali-kolku-mnogu-si-odgovaraat-so-nemana-a-eden-detal-pokazha-deka-se-sovrshen-par-foto/ Thu, 16 Feb 2023 11:34:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289214

Откако пред нешто помалку од една година се дозна дека Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ, фудбалерот на Севиља и српски репрезентативец се во емотивна врска, тие се една од главните теми на порталите. Со оглед на тоа што не е лесно да се видат во јавност бидејќи поголемиот дел од времето го поминуваат во Шпанија каде што момчето на Таса има професионален ангажман, едно од сознанијата за нивното секојдневие се социјалните мрежи преку кои не ја искажуваат премногу често својата љубов. Тоа што решија да не ја изложуваат својата врска во јавноста беше една од причините за зачестените шпекулации на темата за нивното раскинување, меѓутоа, дека се’ е во совршен ред и дека во нивната врска, која е се посилна и постабилна, а како цветаат розите, ни покажаа со најновата објава на Инста „стори“. Секој момент меѓу тренинзите и натпреварите на Немања се трудат да го искористат на најдобар можен начин, а како големи љубители на модата, секако еден од облиците на релаксација за нив е посетата на трговските центри, каде често ги повторуваат и обновуваат гардеробите. Овој пат, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ им се пофалија на своите фанови дека имаат идентични патики и со тоа собраа многу реакции, а со овој потег и на сите им дадоа до знаење дека нивните модни вкусови се совпаѓаат, и дека навистина се совршен пар кој најверојатно ќе ја подигне нивната врска наскоро и на повисоко ниво. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Раперот се приклучи на протестот против модниот бренд обвинет за промовирање насилство врз деца, па ги шокираше сите со видеото на кое ги исече патиките кои чинат 900 евра (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/raperot-se-prikluchi-na-protestot-protiv-modniot-brend-obvinet-za-promoviranje-nasilstvo-vrz-deca-pa-gi-shokirashe-site-so-videoto-na-koe-gi-iseche-patikite-koi-chinat-900-evra-video/ Wed, 30 Nov 2022 10:47:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277949

Раперот МЦ Стојан се придружи на масовниот тренд и протест против модната куќа Баленсијага, па ги шокираше сите со видео кога ги исече патиките на оваа дизајнерска куќа кои чинат 900 евра.Раперот збеснал кога видел и слушнал за скандалот на една модна куќа која објави нова колекција на детски ранци во форма на мечиња со сите садо-мазо реквизити.Ова го шокираше целиот моден свет кој го обвини брендот дека промовира насилство врз децата, а „Баленсијага“ веднаш ја повлече колекцијата и и се извини на јавноста. И додека Стојан си ги сечеше скапите патики, коментарите под неговото видео само стигнуваа: „Честито!“, „Можеше да ми ги испратиш“, „Ќе купиш нови, логично“, „Далеку си од Баленсијага“ , постојано се нижеа разни коментари.
@mcstojan_14 Zbog promovisanja uzasnih stvari vezanih za decu pridruzujem se i najostrije osudjujem 🫡 #balenciaga #canceled #fyp #foryou ♬ Disco - MC Stojan
За овој скандал се огласи и Јелена Карлеуша, која немаше лоши зборови против гестот на популарниот бренд, туку изјави дека само жени од Босна и Херцеговина ја нападнале затоа што поседува парчиња облека од шпанскиот бренд.- Жените од Босна беа особено погодени од Баленсијага.Само тие во дм ми пишуваат навреди затоа што имам работи од Баленсијага.Се чини дека Баленсијага навистина имаше влијание врз животот на жените во Босна штом оваа ситуација толку многу ги погоди.Не знаев дека овој бренд е толку важен и застапен во Босна.Не знам што ќе прави Босна сега без Баленсијага, но се молам што поскоро да се извлечат од овој тежок период - напиша Јелена која заедно со милиони други жени има парчиња облека од познатиот бренд кој направи пропуст.]]>

Теодора Џехверовиќ поровокативна во нејзин стил, а за она што го носеше на нозете ретко кој би се осмелил (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/teodora-dzehverovikj-porovokativna-vo-nejzin-stil-a-za-ona-shto-go-noseshe-na-nozete-retko-koj-bi-se-osmelil-foto/ Mon, 01 Aug 2022 07:56:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261055

Пејачката настапува цело лето, а вчера објави фотографија на која носи патики со најголема можна платформа која би ја одбрале само храбрите дами! Пејачката Теодора Џехверовиќ во текот на летото била на хрватското и црногорското приморје, а на Егзит успеала да стигне и до Нови Сад. На воодушевување на бројните фанови, таа на Инстаграм редовно објавуваше фотографии од плажата во Хрватска на која престојуваше најдолго. Теодора  настапуваше во Македонија, а вчерашната објава за помалку од еден ден доби близу 90.000 лајкови и околу 300 коментари. -  Ве сака ваша Џехвица - напишала кратко. Џехверовиќ позираше во ултрамини црно здолниште и топ кој е нешто помеѓу едноделен  црн костим за капење, боди и комбинезон. Бодињата што не се врзуваат е можеби најблиску до она што го облече пејачката, но акцентот беше на тоа што таа го облече на нозете. Црните патики на огромна платформа се најдобриот избор, а за вакво нешто би се одлучиле само најхрабрите дами. Теодора се уште ја има својата иста  фризура во вид на плетени пунџи, а иако е вечер, таа носи и очила за сонце. Нејзината коса сега е русокоса и иако неодамна имаше многу црвени прамени, забележливо е дека таа повторно се приклучи на русокосиот клан. Обожавателите беа воодушевени од оваа нејзина објава, а пофалби за нејзиниот изглед се слеваа насекаде. - „И ние те сакаме кукло!“, „Гориш!“,  „Ти си риба опасна по живот!“, „ Ова се чекаше!“,  „Рибетина“, „ Совршенство“, „ Најубавата“ - беа само некои реакции. А еден од коментарите беше овој: - Со патики 173 см, без патики 163 см - , а Теодора на тоа одговори со зборовите - „Буквално". Дали би се осмелиле да одите на овие многу високи платформи ? Фото:Принтскрин/Инстаграм/Теодора Џехверовиќ]]>

Сатја Грабулоски – дизајнер: „Требаше да му направам патики на Коби Брајант, но дента кога стигнав во Лос Анџелес тој загина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/satja-grabuloski-dizajner-trebashe-da-mu-napravam-patiki-na-kobi-brajant-no-denta-koga-stignav-vo-los-andzeles-toj-zagina-video/ Fri, 15 Jul 2022 06:14:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=258770

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски веќе седум години црта патики за големите светски ѕвезди.  Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Мајли Сајрус, Дуа Липа и Тиесто... или нашите Горан Пандев, Елиф Елмас,  се само дел од околу тристате ѕвезди кои имаат патики со негов потпис.
Тој и неговиот тим рачно ги изработуваат уникатните дизајни, а некогаш им требаат и преку 200 часа за еден чифт патики. Сепак, Сатја никогаш не си ја исполни желбата да дизајнира за Коби Брајант, иако било договорено и тој да добие пар патики. „Бев во САД и требаше да имам состанок со Л.А Лејкерс околу деталите на нашата соработка. Но, дента кога стигнав во Лос Анџелес се случи хеликоптерската несреќа во која загина Коби. Кога слетав, уште на аеродромот гледав фанови во негови дресови и на почетокот не знаев што се случува. Дури потоа ми кажаа дека Брајант загинал, а патиките за коишто имавме и готова скица, никогаш не ги направив“- раскажа Грабулоски за „Репортер“. Денеска соработува со најголемите ѕвезди и лесно стига до нив преку контактите и пријателствата што ги создал низ годините. Уште во средно школо почнал со маркер за платно да чкрта по своите патики. И денес првиот пар го чува во неговото студио. Така и почнал со оваа работа за ден денес да стане светска приказна. „Изгледа неверојатно дете од Скопје да стигне до некои имиња. Но, уште на почетокот си реков дека нема да се оптоварувам со имиња и сите ќе ги третирам исто. Ама, не е секогаш сеедно и раката знае да ми се затресе од возбуда. Тоа ми се случи кога ги цртав патиките на Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на светот“- рече Сатја и ни ги покажа патиките кои се веќе готови и кои наскоро треба да ги испрати кај славниот кошаркар. Јавноста го познава како дизајнер, но малкумина знаат дека дедо му Јордан Грабул го дизајнираше Македониумот во Крушево, а баба му го изработи ентериерот. И мајка му Лира е наградуван уметник, познат костимограф и уметнички педагог,  па искрен е кога вели дека семејното име понекогаш му создава притисок. Но горд е на фамилијата и се надева дека еден ден и тој ќе стигне до нивното ниво. „Не се сеќавам кога последен пат сум бил во Македониумот, најверојатно затоа што последниот пат кога бев таму, внатре имаше некоја училишна клупа на која се продаваа сувенири, што според мене е навреда за авторството. Пред неколку години во Њујорк се организираше изложба на југословенската архитектура, а меѓу дизајните што беа изложени, беше и Македониумот. Беше убаво да го видам вниманието што го добива работата на дедо ми и ми беше чест да бидам таму, ама и поттик да продолжам и јас напред“, вели Сатја.  
Низ разговорот ни откри и дека само 10% од она што го работат се објавува во јавноста, па еден ден сака да направи изложба што ќе ја прошета Европа. Тука се и муабетите за семејното наследство , но и колку често се расправа со мајка му за работата, оти од неодамна и таа е дел од неговото студио SWithaDot. Како се прават патиките, како ракометарката Андреа Лекиќ му дала ветер во грб во кариерата и со кои светски ѕвезди од соработник станал пријател...   Гледајте го интервјуто.
]]>

Откако Канје Вест ја заследи, Карлеуша му прати гол поздрав на раперот: Пејачката му возврати со разголена поза, само во патики со неговиот потпис (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-kanje-vest-ja-zasledi-karleusha-mu-prati-gol-pozdrav-na-raperot-pejachkata-mu-vozvrati-so-razgolena-poza-samo-vo-patiki-so-potpis-na-raperot-foto/ Fri, 11 Mar 2022 09:29:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242761

Јелена Карлеуша на Инстаграм ја „заследил“ познатиот рапер Канје Вест,  поранешниот сопруг на  најпознатата светска старлета Ким Кардашијан. Карлеуша која се најде во друштво на Дуа Липа, Бела Хадид, Ријана... кои му се на листата на пријатели на раперот,  веднаш го прифатила пријателството со Канје, па останува да видиме дали меѓу нив двајца ќе следува и некоја преписка  за евентуала можна соработка. Но, она со што белградската „мала од скандала ги запали социјалните мрежи“, е експресната објава на својот Инстаграм профил, каде русокосата сподели фотографија на која позира (речиси) како „од мајка родена“, носејќи патики од еден познат светски спортски бренд, токму со потпис од Канје Вест. Секако кај Карлеуша ништо не е случајно, па ниту голотијата во бели патики со неговиот потпис како фотопоздрав од неа, во име на новото пријателство со светски познатиот рапер. Се претпоставува дека Вест веќе неколку години наназад знае која е Карлеуша, со оглед на тоа што американските медиуми пишуваа за нејзиниот стајлинг, односно дека поранешната сопруга на раперот наводно ги копира нејзините модни изгледи. Своевремено и Ким Кардашијан се огласи и на својот блог и ја пофали српската пејачка: „Ова недела женска симпатија е српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша! Првпат слушнав за неа кога луѓето споредија некои од нашите изгледи – некои рекоа дека сум ја копирала. Се разбира, морав веднаш да ја видам. Навистина е прекрасна! Некои од нејзините стајлинзи навистина личат на моите – го сакам нејзиниот смел стилски израз! И две сме тотално глам! Ми изгледа дека е моќна жена која напорно работи и тоа ми се допаѓа! Ја почитувам“ – напиша Ким постирајќи фотографии од Јелена. Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar/ twitter-kanyewest]]>

Модели на патики за оваа есен: Совршен избор за најпопуларните панталони на сезоната https://arhiva.vistina.com.mk/modeli-na-patiki-za-ovaa-esen-sovrshen-izbor-za-najpopularnite-pantaloni-na-sezonata/ Wed, 29 Sep 2021 12:45:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221095

Последните неколку модни сезони јасно покажаа дека е време барем некој период да се збогуваме со тесните фармерки. Дефинитивен тренд се панталоните со широки ногавици, а такви модели претставија бројни модни брендови во своите најнови колекции.
Сепак, панталоните со поширок крој бараат и промена на обувки, а овие 3 модели на патики совршено ќе одговараат со нив!

Платнени патики

Класичните модели на патики, како вечните старки, многу често „ѕиркаат“ под ногавиците на широките панталони. Се прашувате зошто? Бидејќи патиките од платно датираат од 90-тите години, од времето кога исто така владееја моделите на панталони со широки ногавици, па така овие два модели совршено се надополнуваат. Комбинацијата ќе биде многу тренди ако се одлучите за високи модели на патики, како и за оние модели со подебел ѓон. Имено, токму таквите патики се одлични ако вашите панталони се малку подолги.

Бели ретро патики

Класичните бели патики се секогаш добар избор, дури и под широки панталони. Особено е ефектна комбинацијата на светли патики и панталони во светла нијанса, како валкано бела. Крајниот резултат ќе биде неверојатно шик. Покрај белите, „испрани“ панталони, со ваквиот модел на патики одлично ќе прилегаат и панталони во светлосина боја.

Спортски патики

Ниту еден модел на патики оваа есен не е толку популарен кај Инстаграм инфлуенсерките како спортските, „гломазни“ патики, а љубителите на модата најчесто посегнуваат по сивите модели или пак оние со сиви детали. Изгледаат одлично со панталони со широки ногавици бидејќи на целата комбинација ѝ даваат истовремено модерен и спортски изглед. Покрај тоа, ако изберете кожни широки панталони во светли бои, ваквата комбинација ќе добие елегантен призвук. извор: кармин.точка.мк

Последното дупче на патиките, низ кое не ги протнувате врвките, сепак има своја улога (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poslednoto-dupche-na-patikite-niz-koe-ne-gi-protnuvate-vrvkite-sepak-ima-svoja-uloga-video/ Fri, 27 Aug 2021 07:43:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216988

Ако отсекогаш сте се прашувале за што служи дупчето на патиките низ кое речиси никогаш не ги протнуваме врвките, го имаме одговорот. Ако мислевте дека нема никаква функција освен за убавина, сте се излажале. Тие имаат улога. Кога ќе ги провлечете врвките низ нив и ќе ги врзете, го намалувате ризикот од повреда на зглобот при трчање или одење. Ова ја имобилизира ногата и ја намалува веројатноста за појава на плускавци. Погледнете како да ги наместите во видеото: ]]>