пати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Sep 2022 07:47:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Има ли чаре за Игор Џамбазов, кој веќе два месеци е болен: Дијагнозата – тешка, лекот за болеста се’ уште не е измислен! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ima-li-chare-za-igor-dzambazov-koj-vekje-dva-meseci-e-bolen-dijagnozata-teshka-lekot-za-bolesta-se-ushte-ne-e-izmislen-foto/ Thu, 29 Sep 2022 07:46:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269182

Само што го објави видеотоспотот за сопствената „џез ривајвал“ верзија на култниот фолк евергрин „Жаклина“, Игор Џамбазов обзнани дека е болен. Резултатите од анализите и лабораториските испитувања - лоши... Дијагнозата - тешка, неизлечива... Зашто лек за таа болест се' уште нема... Не е измислен! А болеста чудна, „автоимуна“, која веројатно секој од нас го чепнала. Речиси и да нема човек кого во животот нема да го погоди.  Кого порано, во младоста, кого подоцна во зрели години...! Симптомите се тие истите, осаменост, апатија, копнеж по старите денови и доживеаните убавини... Нуспојавите различни, кај кого како... Некој одбива да јаде, некој се тови на нервна база, трети посегнуваат по алкохол, седативи, опијати... Некои пак се затвораат во себе, по дома, а тагата ја преточуваат во инспирација за некаква уметничка креација. Кој за што е надарен... Ако е?! Симптоми како симптоми ги има уште еден куп, а болеста иста, само кај секого различно се вика... Налик на лековите, имаат исто дејство, ама друго име. И кај Џамбазов е утврдено дека боледува од од истата, само што неговата дијагноза се вика Илинопатија... Среќа е во рана фаза, едвај два месеци, па се' што е навреме откриено, ако не може да биде сосема излечено, тогаш може да биде барем залечено, успорено или спречено да напредува. За да не биде дека ова се само шпекулации и чаршиски муабети, дијагнозата самиот Игор Џамбазов си ја објави на социјалните мрежи. После ова, јасно е само едно, а тоа се две работи што во моментов го преокупирааат Џамбазов: Песна, љубов и утеха... Игор Џамбазов пее за Жаклина, пати по Илина, а го теши мачката... Емилија! Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov      ]]>