пастрмајлијада штип 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 17 Sep 2018 13:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пастрмајлијада штип 2018 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Северина главна ѕвезда на „Штипска пастрмајлијада 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/severina-glavna-dzvezda-na-shtipska-pastrmajlijada-2018/ Mon, 17 Sep 2018 13:11:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48408

На 21-ви, 22-ри и 23-ти септември во Штип ќе се одржи традиционалната манифестација ,,Штипска пастрмајлијада 2018”. Најавено е учеството на повеќе музичари од земјава и регионот, помеѓу кои Влатко Стефановски, Ван Гог, Амадеус бенд, Кристина Арнаудова, Дани Димитровска, Зоран Илиев, Јоце Панов, Либеро Бенд и други. Како главна музичка ѕвезда, на 22-ри пред публиката во Штип ќе настапи хрватската пејачка Северина, чиј хонорар се чува во тајност. Она што е познато е дека општината оваа година има издвоено 2.500.000 денари за оваа манифестација.
Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов вели дека речиси се е подготвена за 12-то издание за манифестацијата, која и годинава ќе се одржи на добро познатата локација,  кај кружниот тек кај Градскиот стадион. На оваа локација ќе бидат поставени околу триесетина штандови од страна на угостителите, но и тезги каде што локални уметници ќе може да ги презентираат своите изработки. Утврдена е и цената на познатиот штипски гурамнски бренд. Панајотов вели дека цената е 120 денари и е иста како минатата година. „На терен ќе има контроли, кои ќе утврдат дали угостителите отстапуваат од утврдените стандарди за подготовка на штипската пастрамајлија“, вели Панајотов.  ]]>